Friday, November 11, 2005

UNBEATABLE
По некој ден пауза, синоќа или поточно сабајле, пак глеав баскет у живо. Ич не зажалив што останав буден до 7 и 15, затоа што Феникс и Детроит одиграа одлична средба у која имаше малку одбрана, но многу напад. Ова е втор пут да ги гледам двете екипи и искрено, нема многу промени во нивната игра од дуелите со Далас, т.е. Бостон. Феникс и даље игра крајно офанзивно, но на крај, кога се крши резултатот освен Неш нема играч кој ќе има муда да забие, додека Пистонси и даље играат една од најдобрите (ако не и најдобрата кошарка у НБА), а кога се решава победникот ги има Чонси и РИП да стават точка. Така беше и сабајлево. Идеме со белешките: - 4:46 е, а уште немаат абер од почнуење. -Најавата на Феникс е меѓу подобрите кои сум ги видел сезонава. У позадина свири Firestarter од Продиџи, прав избор. 1.четвртина: - 4:50, почнаа. Првите пет на Санси се Неш, Мерион, Томас, Дио и Бел, додека Пистонси почнуваат стандардно со РИП, Чосни, Бен, Шид и Принс. Гледајќи им ги стартерите, па и клупите, тешко дека вечерва Санси ќе стават крај на серијата на Детроит. - Интересно е што ни едните ни другите у први пет немаат 7-footer, а главен меч-ап според ТНТ е Принс-Мерион, двата најружни шута у лига. - Феникс игра исто како лани и после една минута води 4-0. - Остај напад, него Санси играат и одбрана. Тројка на Бел за 9-2, Санс. Флип бара краток тајмаут. - Дио не прави само у Европа чекори, знаел момакот да го прави тоа и у НБА. - РИП, Шид и Принс смалуваат на 9-8, Санс. - Тајмаутот на Флип дефинитивно беше паметен потег, со двата поена на Бен Пистонси го имаат првото водство, 10-9. - МВП и Чонси си разменија поени за 14-14 на средина на 1.период. - Санси засега покрај Волас енд Волас немаат шанси у скок, но знаете ли кој е прв скокач у НБА со просек од дури 13.8? Мерион. Втор е Бен со 13. - Шерил Милер уствари ти е Реџи со коса...и цицки. - Кога сме кај скокот, офанзивен на РИП за 18-14, Детроит. - Тајната зошто Неш е толку добар у нападот веројатно лежи во тоа што типот не игра ни грам одбрана. Чосни го убива засега. - Прва опција на Санси у задњите два напади е Барбоса, што се покажува како добра идеја на Д’Антони. 20-20. - Тројка на Леандрињо.- Билапс му враќа со 2+1, најмногу поради "јаката" одбрана на Неш. 26-23, Детроит. - После нивниот тајм, Санси вадат петорка – Барбоса, Хаус, Марли, Бурк и Џонс. Ако дадат кош – сечам глава. - Сечам. Хаус положува на полуконтра за 28-25. - Шид погодува за конечни 30-25, Детроит. Доказ за играта на Неш у одбрана – 13 поени за десет мин. на Билапс. 2.четвртина: - Сезоната кога станаа шампиони, клупата на Пистонси у просек даваше по 26.6 поени, лани тој просек падна на 20, а сезонава се на 25.6. Тера на мислење. - Не се дешава ништо интересно, се игра многу поспоро. Детроит води 32-28 по 3 мин. игра. - Џејмс Џонс погодува тројка и Флип одма бара тајм. - Џонс продуже со 4 поени по ред. МИП, МИП. - Додека е Неш на клупа, се одмара и Билапс. - Веќе неколку напади секој напад на Детроит оди преку Мекдајс, кој има серија од 6 поени по ред. 40-37, Пистонс. - Тројка на Чонси. - Со Неш у игра на сите им е полесно, посебно на Мерион. Иначе покрај првиот скокач во Шон, Феникс го има и првиот асистент у лига во Стиви (12.5) - За време на тајм-аутот Мерион признава дека сезонава без Амаре прави повеќе блокови од било кога во кариерата. - Делфино два пати по ред ја гази тројката. 46-43, Детроит. - Еден од помошниците на Флип е Рон Харпер. - Две положувања на Дио за 49-46, Санс. - Техничка за Бен за многу мрчење кај судиите, Неш го погодуе едното слободно.- Ред е на Шид за 4 поени по ред. 50 оба. - Курт Томас до сега не погоди ни еден од неговите познати шутеви од дистанца, а кај не погодуе у напад, прави и глупа лична над Билапс на осум секунди до крај. 52-52, така и завршува 1,полувреме. 3.четвртина: - Неш, РИП, Мерион. 56-54, Санс. - Чонси и даље го уништува Неш еден на еден. 58-56, Санс. - Дивац има наследник у флоперите меѓу високите мрцини во Курт кој како погоден со шатган паѓа по еден дуел со Билапс, на кој му свирнаа фаул у напад. - Неш погодува плус дополнително слободно за највисоко водство на Феникс од 64-56. - Сеа ми текна. Кај е Џим Џексон? - Глупост на судиите кои му свират техничка на Шид за непотребно бесење на обрач после куцање, коа Волас тоа го направи само затоа што мислеше дека има човек позади него. После прегледување на снимката, судиите ја сменија одлуката.- Пак глупост, судиите дуваат непостоечки фаул у напад на Дајс, нешто што се повторуе и у следниот напад на Детроит. Феникс не ја користи наклонетоста на судиите и води само 74-65. - Тејшон и Леандро играат сами у задњиве 5-6 напади. 82-74, Санс. Крај на 3,четвртина. 4.четвртина: - По Френсис пред некој ден, глеам и дека Бен се префрлил на Најк. - Баш Бен куца од одбојка, потег кој го повторија од едно шест агли. Можеби е до патиките? - Две слободни на Аројо за 84-80, Санс. - 2+1 на Дио. - 2+1 на Џонс. 90-83, Санс. - Еди Хаус е тотално бескорисен. - Два пати по ред Дио прави дефанзивни три секунди. РИП погодува едно од две слободни, 90-87, Феникс. - Изненадувачки, но Барбоса си игра кур-ташак со одбраната на Детроит. 2+1 за 93-87, Санс. - Два шута ала-Реџи на РИП за 95-91. - Тројка – Неш. - Тројка – Шид. - Двете други средби на Феникс дома сезонава беа решени или во задњите секунди или во продужеток. Ми мириса дека и сега ќе биде така. - Тројка на РИП и две слободни на Бен за само 100-99, Санс. - Покрај Неш, и Брајан Грент ќе даде кош. - Дежа-ву трица на Шид.104-102, Санс. - Феникс има дури седум двоцифрени у напад, прв стрелец им е Барбоса со 21 поени, кој го нема у игра кога се крши резултатот. - Пистонси одат на сигурно преку РИП за нерешено, 104-104. - Трејдмарк одбрана на Детроит, Неш губи топка. - РИП пак погодува од дистанца. 106-104, Пистонс. - Одбраната пак завршува работа, Томас губи топка. - Чонси со тројка преку Неш на 16 секунди до крајот го става шлагот на тортата. 109-104, Детроит. - ДАнтони бара тајм кој тешко дека ќе смени нешто. - Санси пак губат топка, Бен куца за конечни 111-104, Детроит. Билапс завршува со 27п. и 11ас., РИП у задњите седум и пол минути постигна 11 поени. Најдобар старт на сезона на Пистонси во последниве 17 години. Досега ги видов сите фаворити на Истокот и морам да признаам дека Детроит, барем у моментов изгледа најсериозно за враќање во Финалето. Нормално, не мора да значи дека така и ќе биде зашто има уште многу да се игра, а сите знаеме како еден потег или една повреда можат да уништат цела сезона (прашајте ги само Пејсерси за лани), Мајами се уште ги нема уиграно новите играчи, а проблем е и повредата на Шек, додека Индијана се уште се навикнува на тоа да го има Рон пак у екипа. Како и да е, Пистонси делуваат најмоќно на Истокот и сигурно нема лесно да се откажат од конференциската титула. Тие се единствениот непоразен тим со скор 5-0, а големи заслуги за тоа има Флип Сандерс, кој на играчите им ја даде толку посакуваната слобода во нападот. Чисто онака, Пистонси се единствени без пораз, а Никси на Лери Браун, (заедно со моите Хоукси) се единствени без победа. Па ти види сеа.

11 Comments:

Blogger beto # 6 said...

Џо Думарс прав си бешо коа го отпуштија типот што за dream job ја сфаќа работата со куп Шупаци со големо .Денес читам Марбери ќе го трампале.Па ако не се глупи ќе го трампаат.Дебили ебате тимот(сори Боромор)
Детроит изгледаат толку моќни и психички и физички што и ДримТим не ги тепа.Одбрана - напад тоа е баскетот.Неможе да станеш играч а да незнаеш да играш одбрана.Комплетен играч според мене , мој узор , како треба да научам да играм за еден ден евентуално да станам играч(иште:)е РИП.Типот е луд.Колку се здркаа Вашингтон со него , а првиот напредок у кариерата го правеше кога му беше бек-ап на Џордан таму.Сеа што тим ќе имаа со него Ваш....Страва.Али јебига,животот е суров(така ,ми кажа денес професорка една коа ми стави кец)
Трампа - Хамилтон - Стакхаус.:.знаев уште тогаш дека ќе се заебат овие.Тогаш бев 5то оделение право да ви кажам , али пак доволно се разбирав за да кажам кој е играч а кој не.Иначе нба глеам од финалињата Чикаго-Сиетл и Чикаго-Јута.Ви текнуе ли порано коа даваа нба на а1 у сабота у 8 вечер.Хаха стално глеав.
Сеа тимови кои можат да им се спротистават гледам во Сан Антонио и Клиперс!?(незнам зашо али ми делуваат силно како Феникс лани)
Али каков газда имаат Клип. ќе си го заебат тимот најмногу за 1на година.Уан јиар вондер ќе бидат.
Respect.

11/11/2005 06:54:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Ej kazete mi koga e 8.00 p.m u amerika da stanam da gleam Lakers - Filadelfija please blog authors help

11/11/2005 07:04:00 pm  
Blogger Ико said...

Абе...кажете вие што сте ги гледале Лејкерс...ќе ги бидне ли сезонава? Прогноза?

11/11/2005 07:15:00 pm  
Blogger Karakash said...

Бето, 8:00 рм ти е два саат по по наше. Увек кога се игра на Исток на времето на одигрување додај шест саати, ако се игра у Лос Анџелес или било каде на западниот брег, додај плус девет саати. Лесно, нели.
Селекторе, два пути ги глеав твоите Лејкерси и да ти кажам право, ќе ги биде, бољи се него што прогнозираа. Имаш у некои од претходните постови, читај.

11/11/2005 08:50:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

da i fala.od sea ke znam.Luge utre site javuvajte se u Sport 4.Ja denes ke gleam Phili vs Lakers moze da napravam eden recap za utre????KARAKASH , SHEPARD????
Jao sajtov stanue REVOLUCIJA hahah

11/12/2005 12:00:00 am  
Blogger Владо Апостолов said...

Селекторе, ги гледав двапати Лејкерс и двапати го "гледав" само Коби. Сеа, знам дека имаат потенцијал и магионичар на клупа, ама стварно мислам дека ќе им треба чудо за нешто више од втора рунда плеј-оф. Нема везе.

Иначе ја ги гледав само последните пет минути од Феникс-Детроит. Се успав, не додржав.

И шо да кажам Хамилтон и Чонси ги решија. Посебно тројката на Чонси.

P.S.

Cisse#9 пријателче, имаш само околу 11 фудбалери у Ливерпул што се бољи од Сисе. Знам дека изгледа ко ѕвер, ама тотално ме разочара(сум го гледал и во Оксер, тогаш беше "животиња"). Него не го бива! Мислам дека апсолутно му фали талент.

11/12/2005 09:53:00 am  
Blogger Karakash said...

Бето, можеш да направиш рикеп, али само ако можеш.
Слушај го чичко Комуналец, има право за типот што си го ставил на слика. Јас нејќам овде многу да расправаме за фудбал, али и јас го памтам типчето уште кога играше за Оксер. Не го бива, нешто му фали, дали талент или даска, не знам:)

11/12/2005 02:32:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Абе и Доминик не бил најбоље у нба , па за него си навивал.Иато и ја...шо да правам коа ми се свиќа Сисе тетоважите , карактерот , агресивноста...брат за рикепот (го успав второ полувреме на мајка му извињавај)Вечер на спорт тв има ЊуЏерси-Хјустон за жал нема да глеам , треба да спијам па утре да ги средиме Работнички.Поздрав и извинење , сепак сметај на мене за некој друг рекап , ќе ти најавам однапред.

11/12/2005 06:35:00 pm  
Blogger Karakash said...

Бето, ок све, ама немој никад, мислам стварно никад да ги спомнуеш Доминик и Сисе у иста реченица.
Ник не бил најбоље, цццццц...:)

11/12/2005 07:02:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

:)okej nique :)

11/12/2005 07:10:00 pm  
Blogger Shepard said...

ја порекнувам све што искакав за детроит до сега..

(може трена еден пост со извинување и плукање по недоволно исплукланите?)

11/13/2005 12:41:00 am  

Post a Comment

<< Home