Saturday, November 05, 2005

R.I.P. Celtics
Кога синоќа видов дека наместо остатокот од вас (не сите), ќе ги гледам Бостон-Детроит, па Голден Стејт-Јута, ми падна криво што нема да можам да ги фатам Кавси и Спарси. Но, начинот на кој заврши средбата во Бостон ја направи најдобра од десетте одиграни синоќа, а за задоволството да биде поголемо придонесе и фактот дека шампионот по изедначеното прво полувреме, во второто ги прегази гостите од Кливленд, правејќи го мечот крајно неинтересен, баре мод резултатски аспект. Расположението не го расипаа ниту пречките и замрзнувањето на сликата поради што не можев ни на секунда да ја ѕирнам средбата во Оукленд. Идеме со белешките, кои од оправдани причини ги нема во првите осум минути од дуелот. 1.четвртина: - 4:00 до крај на 1.период, Детроит води 15:12, овај 17:12 по шутчето од дистанца на РИП. У следниот напад Пол Пирс прави лична во напад. Тајм, Риверс. - Пистонси ги убиваат Селтикси во офанзивни скокови, но џабе кога тоа не го користат. - Пирс из д мен во Бостон, четири поени по ред за само 17:16, Детроит. - Влегува Лепраконот Скалабрини и одма прави фаул. Уште не ми е јасно зашто го сметаа за најголемо засилување, а уште помалку ми е јасно што по него жалеа во Њу Џерси. - Прв плеј на Бостон сезонава е Делонте Вест, кој кога ќе го загледате од поблиску ќе видите дека личи на мало дете или пак на лик од некоја детска бајка. - Прв пут да видам Рики Дејвис да има шут и да додаде. Веќе у следниот напад работите се враќаат во нормала, Рики Ди нелогички шутира преку двајца…и погодува. - Кога Пирс не е во игра, секој напад оди преку Рики, и тоа се истите напади кои се цртаат и за Пол. Ипак, Дејвис утиња положување у последниот напад. 22:18, Детроит, крај на 1.четвртина. - На другите утакмици Вашингтон ги гази Никси сред МSG. Добредојде дома, Лери. 2.четвртина: - Скалабрини прави бунар од само три метри, Рики утиња положување, среќа што го имаат Ал Џеферсон, кој собира офанзивен за лесни два. 24:20, Детроит. - Пистонси си се сами криви што сега не водат барем десет разлика. Трет напад по ред го упропастуваат со непотребни вишок пасови. - Тоа го користат Селтикси кои иако немаат нешто многу талент у екипа, со помош на својот ајриш спирит намалуваат на 24:23. - Дарко уште е ланскиот, закован на клупа. - Џеферсон е к’не, уште да можеше да погоди слободно. - Дарк-О!!!- Фати-шутни на Дарк-О од некои 6 метри. Без коски. Одма после тоа типот изнудува лична во напад од Лепраконот. 28:24, Детроит. - На профилот на Дарк-О под highschool стои Hemiska (Serbiа). Генгста. - Миличиќ продужуе со добра игра блокирајќи го Лафренц. На ти го, Лери. - Досега Бостон шутира 26%, а Детроит е нешто бољи со 39%. Лепота од кошарка. - Најслаба карика кај Пистонси е Карлос Делфино. Само ради неговите неколку грешки Бостон изедначува на 28 ич. - Не е тајна дека идол и играч според кој ја патентирал својата игра на Ричард Хамилтон му е Реџи Милер. Тоа се гледа и на оваа средба, РИП одлично се движи без топка и по двата блока на Дарко и Бен се вади на шут и погодува. Дали само јас кога гледам баскет не ја гледам топката, него играчите без неа?:) - Или тајмаутите траат по 30 секунди или нешто не е реду. - Толку од Дарк-О, заслужи одмор. Нормално, ни Делфино више не е у игра. - Селтикси продолжуваат цело време да играат едно исто, со изолација на Пирс на еден на еден. - Делонте знаел и да куца. - Знам дека Флип им дава поголема слобода, но преголема слобода е кога Бен ти игра еден на еден. Тајм, 34:34. - Чонси има успешен пас до Принс од кој Лери ќе доживееше инфарkт. Тејшон заебуе работа, ги утнува двете слободни. - Енд уан на Пол, два на Реф, два на Рики и имаме плус седум за Бостон. 41:34. - Делонте одлично асистира од ролинг до Марк Блонт, кој со звукот на сирената погодува за 43:38 на полувреме. Баш Блонт?!? е најбољи кај домаќинот со 12п. и 8.ск. - Селтикси се единствениот домаќин кој у моментов води, Шарлот е на +15 сред Филаделфија, Визардси на +12 у Њујорк, а Нетси се на прошетка низ Торонто, +23. 3.четвртина: - Чонси ја отвара четвртината со трица, по која спасува аут на др. страна. - Делонте очигледно бил у градинка преклани кога Тејшон у плеј-оф од позади го залепи Реџи. - Питсонси се разбудија, водат 45:44. - Коментаторот ги споредува Реџи и РИП. Хммммм… - Има ли поружен шут од тој на Принс? Можеби шутот на Мерион. Како и да е, гаднио шут не му смета на Тејшон да погоди две по ред. - Одличен пас преку цел терен на Бен до РИП, кој спие во офсајд. Лесни два за 51:48, Детроит. - Реф-шоу. Две тројки на Лафренц, една од нив од табла преку човек у последна секунда од нападот. 54:51, Селтикс.- Бостон дефинитвно се уште има некои од најдобрите, но и некои од најблесавите навивачи во НБА. Режисерот у кадар ни покажува два кретена у дресови на Пирс до кои ни Мајка Тереза не би посакала да седне. - Шид е жива дупка. Све што шутна-утна. Среќа што покрај себе го има РИП да го поправи. 57:56, Детроит. - Очигледно е дека Пистонси се мучат со Аројо на плеј, но пак на крајот на четвртината водат 61:60. - У меѓувреме е на +17 на четири минути до крај во Филаделфија, Никси намалија на само -3, а глеам и зашто: Џејмисон има шут 3-16 од поле. То, мајсторе. 4.четвртина: - Не знам дали од "убавата" кошарка или од нешто што сум јадел, ама ме фати стомак, па морав на некоја минута во Весели Центар. Кога се вратив видов дека и не сум пропуштил многу, 66:66 на пет и пол мин, до крај.- Работата малку ја оправа Пирс со куцање, откако со baseline ролинг се ослободи од Принс. Бен закасни за блок. - Се приклучува Чонси со 2+1. - Пол враќа со шутче од дистанце, па две слободни. Само во оваа една минута Бостон даде поени колку у седумте претходни минути од последната четвртина. - Пирс продужуе у ист ритам, кош и фаул, слободното го утиња.74:69, Бостон. - Шид и даље не може да "вол да забоде" у напад. - РИП и Чонси ги носат Пистонси на -2. - Шид го забоде волот со тројка за 76:75, Детроит. - За време на тајмаутот, режисерот покажува краток клип со поените на Пирс (26 досега), Се уште не ми јасно зашто Пол никогаш не го направи оној чекор од стар кон суперстар. - Два на Бен, едно од две слободни на Пирс.78:78 на минута до крај. - Лафренц го блокира РИП. - Шид прави лична над Пол, а овој пак погодува само едно од две слободни. - Шид ја поправа грешката и убацува од одбојка за 80:79. Селтикси го имаат задњиот напад. - Пирс избрзува, но баcкетот некако стига до Делонте кој асистира до …Блонт?!?!, кој погодува од дистанце за 81:80 на 0,8 секунди до крајот. - Никој не му смета на Принс кој убацува од аут. Кеч енд шут на РИП. Без коски преку Рики Ди.- Штама. (Шутот го имате кај заре) Детроит можеби не изгледа цврсто во одбраната како што беше лани, но се уште е еден од најдобрите дефанзивни тимови во лигата. Тоа, плус слободата која Флип им ја дава сезонава им даде нова димензија, која лани ја немаа. Чонси, а посебно РИП се носачи на играта, и тоа им е јасно на сите. Ако продолжат вака да играат, Индијана и Мајами тешко дека ќе го видат Финалето. Бостон пак, игра слично како и лани, само што веќе ги немаат давежите Вокер и Пејтон. Пирс е главна фаца, а имаат еден куп млади играчи кои со тек на време ќе созреваат и ќе бидат од се поголема корист. Пријатно ме изненадија Блонт и Делонте, а не беше лош ни дебитантот Ориен Грин, кој иако помина само неколку минути во игра покажа дека има талент. Ипак, со оваа екипа, тешко дека Селтикси ќе успеат да се провлечат во плеј-офот како минативе две години. -На другите утакмици, како што имав и меѓу белешките, Шарлот ги изненади Сиксерси, недозволувајќи втора средба по ред да упропастат водство од +20. Сиксерси стартуваа со 0-2, двата пораза ги доживеаа дома и тоа од тимови кои не се сметаат за фаворите на Истокот. Од она малце што можев да видам очигледно е дека покрај Ајверсон и солидниот Вебер, има фали играч на двојка или тројка. Душата на Денвер е Џорџ Карл, а тоа се покажа синоќа кога со неговиот камбек на клупата Нагести ги прегазија Блејзерси. Се читаме веројатно утре, кога би требалo да имаме белешки од Индијана-Филаделфија, а можда и од Клиперс-Минесота.

5 Comments:

Blogger Shepard said...

дарк-О е ѕверот :)

алал да ти е, ја и да иам кај да глеам ќе мрзи.

ја џабе се карам со зора, изглеа зависам од тв4 :(

11/05/2005 03:59:00 pm  
Blogger Karakash said...

:( sorry друже.

Заборавив да додадам дека Шек нема да игра у следниве 6 до 13 утакмици за Мајами.

11/05/2005 04:42:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

- Миличиќ продужуе со добра игра блокирајќи го Лафренц.

Добро е, ја мислев дека ми се приведело:)

Иначе ама им го даде Хамилтон, па па, па. А кутриот Блонт мислеше ќе бидеј херој:):):):):)

11/05/2005 05:19:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Не бе Шепи не сум на ЗОРА , на Кадис сум(не заслужуваат првата буква да им биде голема) затоа ќе се поправам кадис,лани абе ЦЕЛА ГОДИНА имаше француското нба , имаше цело лето,све драфт ова она ,мама им ебам сеа го исклучија...крв им јебем

11/05/2005 06:23:00 pm  
Blogger gerilec said...

malku so zakasnuvanje....ama...
da pocnam jas....ja gledav spurs-cavs na orbit vo petokot..nekolku raboti sho mi ostavija vpecatok:
-parker im go melese pametot cela utamica so negovite ultra brzi vlezovi. mi se cini deka site poeni gi postigna preku vlezovi. plus imase i nekolku super dodavanja za dankan i nekolku pati go izvadi bowen na trojka. i plus mislam deka imase samo edna izgubena topka! so eden zbor 5ka!
-dankan odigra za nijansa pod nivo...znae toj mnogu podobro. se slucuvase da ne sutne pola cetvrtina. ama sepak, dankan si e dankan..koga trebase, koga vo treta cetvrtina gi skrshija kavsi, bese glaven...3+ (ili 4-)
-ostanatite kaj sparsi: bowen odigra super partija..mislam deka imase 3/3 za trojka, plus super go chuvashe lebron; ginobili pod prosek (osven eden cudesen kos pod faul za 2+1, edna trojka i sut vo poln trk pri kontra); rasho na pocetokot, vo prva cetvrtina dade nekoku kosa, zavrsi so 8 (mi se cini); hori bese super, standarden, dodava, sutira, skoka, blokira; oberto pomalku izguben (mi se cini deka imase nekoku situacii koga mozese da odigra eden na eden so lice ili so grb kon kos, a toj ne se ni osmeluvase, ja vrakase topkata nazad); novite zasiluvanja van exel i finli, malku igraa i malku pokazaa...
kaj klivlend:
-lebron go ocekuvav so golema vozbuda...sum go gledal samo 2 ili tri pati prethodno..ke mi treba uste dosta vreme iskreno da go zasakam :)..se uste na srceto mi e najgolemiot MJ #23..dobro go cuvaa. bowen dva-tri pati go natera da pogresi, a cesto i go udvojuvaa..ja znaeme site kolektivnata odbrana na sparsi...imase nekolku kontri, edno zabivanje, dve trojki (mi se cini)..se ne se ocekuvav poveke...drugite...ne mozam da sfatam deka snow beshe prv plej pred damon jones!...leri hjuz na momenti dobar, na momenti slab..guden pod prosek...ilgauskas nesto na prosek...doniel marsal soliden (samo eda trojka dade)...
opst vpecatok:
-sparsi efinitivno se kandidati za back 2 back...iako pogolemiot del od natprevarot igraa pod prosek, sepak koga trebase dadoa gas i bez problemi gi skrsija kavsi...sezonata e dolga i ke vidime kako ke igraat ponatamu, ama spored mene ke bidat megu prvite tri na zapadot..kavsi? ocekuvav poveke..ili mozebi ne, koga ke pomislam protiv kakva ekipa igraa...imaat dobar sostav, ama mislam deka ke im treba malku vreme da se namestat kockite i sekoj da si ja najde vistinskata uloga vo ekipata...mislam deka plejofot ne im bega..ama na istokot nisto ne se znae...
uste ednas...znam deka malku docnam so komentarot, ama nemav vreme proslite denovi...
golem pozdrav do site

11/07/2005 06:49:00 pm  

Post a Comment

<< Home