Friday, November 25, 2005

ТNТ му е мајката
После неколку дена пократки постови, од оправдани причини, се враќаме у нормала. Шеп глеам уште го нема да пише нешто, па ај ја ќе се фатам за работа. Иначе, ја од оваа недела се вратив на она што го работев до пред нова година (26.12. лани да бидам тачен), а тоа не е многу различно од она што го правам тука, на NBA Macedonia. Пак ја покривам и откривам НБА за дневниот спортски весник М.Спорт, вероватно сте чуле за него, само што сеа за разлика од прошлиот пат требам и да отидам на понекоја наша утакмица и да му се јавам на понекој од нашиве кошаркарски делатници, дел од работата што ми е малку повеќе мрзок. Ипак, МАКНБА останува прва на мојот список, така да немајте гајле, можеби само понекад ќе убацам по некоја белешка од мизериите кои ќе ги сретнам во нашите преполни сали, мада веруем дека има понекој млад момак кој би можел да го спонам кај америчките колеги. Настрана тоа, уште секоја вечер гледам баскет, а така беше и синоќа со Индијана и Кавси. Уствари, завчера ги гледав и Хјустон–Феникс, ама тие тотално не беа вредни за пишување. Тука посебно мислам на Рокетси, кои без Трејси се крајно бедни. Најмногу ме зачуди немоќта на Стен Ван Грампи и неможноста на Јао да се наметне у рекетот, иако го чуваше Борис Дио?!?!?!, кој е две глави понизок од него. Идеме на Инди-Кавс: - По плескањето кое го добија од Шарлот, Пејсерси као да конечно почнаа да играат како што и се очекува од нив, задржувајќи ги Кавси на најмалце поени сезонава. Истото им се случи на Леброн и дружбата му и у Сан Антонио, што кажуе дека уште не се дораснати на големите екипи, иако имаа серија од осум по ред. - Рон е ѕвер и само ради неговата суспензија и неколкуте глупи повреди кои ги сардисаа, Пејсерси лани не играа у Финале. Колку е добар Ротфајлерот, пред се у одбрана, кажуваат 1-9 на Брон у 1.полувреме. - Иако на крај завршија со солиден број поени на своето конто, триото нови имиња у Кливленд беа живи трупови, давајѓи грото од своите поени во гарбиџ тајмот. Посебно беден беше Донјел Маршал, кој не можеше вол да убоде. - Јаске покажа зошто сите сметаат дека тој може да биде клучот за успехот на Инди. Мењавајќи го Тинсли, а понекад и играјќи заедно со него, тој ја одигра веројатно најдобрата НБА патија до сега, врзувајќи три тројки по ред у 3.четвртина, кога Брон и Кавси почнаа малку да даваат знаци на живот. - Која патетика беше филмчето за Реџи, кој за прв пат како коментатор гостуеше у Индијанаполис. Да останеше само на филмчето и немаше да биде така лошо, но кога почна сестра му (или брат) да го фали, е онда стварно ми тргна на повраќање. - За крај најдобриот дел од целиот меч, кој се деси пред и да почне средбата. Имав можност да го гледам при-шоуто на ТНТ со Баркли и Кени Смит. Доказ зашто ТНТ уште е најбољи и зашто ЕСПН колку и да се мучи, никад нема да биде како нив. Се читаме, утре следи рикеп од Феникс-Нетс, ако Бето не се успие.

1 Comments:

Blogger Shepard said...

brat mu na reggie e zver :)

11/26/2005 04:54:00 am  

Post a Comment

<< Home