Saturday, November 26, 2005

Не се зезајте со Хоукси + Mighty , Mighty Nash
Реков не се зезајте со Хоукси, нив само им требаше да почнат да играат против екипи од Истокот за да почнат да победуваат. Индијана-who? Кај мене на НБА ТВ ја имаше Сакто-Торонто у 4:00, која нормално, не ја гледав. Ептен ми е криво што никој не ја даваше Атланта, или Детроит-Ваш., ѕирнете ја само топ четворката на Визардси, посебно екс-дуото на Лејкерси Еткинс-Батлер. Али Квами е бољи од нив, нели Купчак? Шупци. Сурпрајз направија и Булси, кои за прв пат по 2000 год. тепаа у Аламо. Него Шеп, што уста имаше бе? Само што спомна дека Кемби е здрав, типот вчера не играше против Клиперси поради повреда. А, сега ве препуштам на Бето и неговата непреспана ноќ: Иако синоќа имаше многу интересни утакмици и реаваат у живо Феникс-Њу Џерси. Не е тајна дека јас сум во љубов со Винс Картер и иако не знаев дали Тој ќе игра поради неговата повреда на грбот со која се здоби против мислам Вориорс. Станав да ја гледам со надеж дека Џерси ќе победи во Феникс прв пат после 1993 кога за Џерси играл(тогаш сум имал само 3 години) Дражен Петровиќ (R.I.P. наравно) Утакмицата почна во 4:50(секад каснат нба утакмиците) и одма моето око го фати во левиот ќош на екранот Винс Картер како се загрева и тогаш сфатив дека сум 100% подготвен да не спијам до 7 сабајле...
1.четвртина
Двата тима излегуваат со следниве петорки. За Феникс тоа се Неш,Раџа Бел,Шон Мерион,Џејмс Џонс и Борис Дио(американците го изговараат Дијау:) За Џерси во првите пет се: Џејсон Кид,ВИНС КАРТЕР,Ричард Џеферсон,Нено Крстиќ и Џејсон Колинс кој е повратник во тимот... Утакмицата ја отвара баш Винс со тројче и од тогаш па до крајот на натпреварот мислам дека Џерси повеќе не поведоа...На тој кош на Картер одговори Неш кој даде 7 од првите 13 на Феникс. На почетокот се играше кош за кош, кај феникс уште погодија Дио и Мерион,а кај Нетс Џеферсон и Нено. Првиот тајм аут го земаа Санс при резултат 13-11 за нив.Одма што беше воочливо е тоа што и двете екипи немаат центар и нема доволно поени од "пеинтот". Кај Џерси центар беше Колинс(кој исто како да не играше), а кај Феникс Дио кој за Франција игра како чиста 3-ка(крилце). По првиот тајм-аут работите полека но сигурно одеа во прилог на Феникс кој се одлепуваше. Џејмс Џонс погоди 2 убави пул-ап шутчиња кои вредат да се споменат. Неш си ја играше својата игра , а притоа не изгуби ниедна топка , за разлика од Кид кој ем не погоди ниеден шут,ем изгуби 2-3 топки. За Џерси играше само Винсенити кој во првата четвртина даде 9 поени.Резултат на крај на прва, 25-16 Санс. 2.четвртина: Е втората четвртина беше правиот кошмар за Џерси...Дадоа 14 поена(не дека у прва беа нешто боље али пак...) со катастрофа шут од поле.Ама права катастрофа. Четвртината ја отвори Мерион со четири по ред , по што следеше тајм аут на Лоренс Френк,еден од тренерите кој според мене е печен за отказ. Дури после овој тајм аут го гледам во игра кај Феникс Џим Џексон кој во најмала рака е боље од Бел и заслужува да игра во прва петорка. Исто како Курт Томас уместо Дио. Дури сега Картер излегува од игра иако приметно е дека не скока воопшто,полека трча,не иде на влез....а и таква беше играта цела утакмица...мртва. После 3-4 напада сфаќам дека и Џеф МекИнис џабе е донесен да го одмара Кид,кога цело време губи топки во водење. Ај може ќе се оправи...У меѓувреме Феникс си прави разлика,Неш и понатаму нема изгубена топка и ги разигрува сите околу него. Тогаш, како гром од ведро небо,репортерот прави интервју со Амаре кој ја има убедливо најциганската фризура во моментов. Онакви мали суканици како што имаше Кендал гил порано. Леле грд! Збореше како му е криво што не игра,но сигурно ќе се врати боље од што бил во фебруар. Да зборам ја малце повеќе за играта...Кид ги постигнува своите први поени од игра на 5:20 до крај на втора четвртина. Од тогаш до крајот Кид беше најбоље кај Нетси. Водството на Санс цело време се зголемува и на 3:20 до полувреме биднува 20 разлика. Во последните три напада Нетси даваат 6 коша и смалуваат на 14 поена за Феникс на полувреме. Резултатот е 44-30 на полувреме. Half-time факти -Њу Џерси имаат само 30 поени за 24 минути. -Тоа Сум Јас даваат повеќе за 20 минути. -Ми личи дека и второ полувеме ќе биде вака мртво. -Гледам дека Атланта тепаат у Инди(поздрав Каракаш), Спарси го јадат дома од Чикаго , а Детроит у две продуженија губат од Аренас. 3.четвртина: Е во трета четвртина Картер почнува да игра онака како што знае. Дава 2+1 кошеви и тројки. Проработуваат и Кид и Џеферсон,а и одбраната на Нетси се подобрува. Мерион не се ни приметува. Цело време се топи предноста и си викам ај може Нетс и ќе тепаат. Борис Дио е многу смотан, а аналитичарите од ЕСПН му предвидуваат светла иднина.Ај ќе видиме тоа... Феникс во игра ги одржува само Неш, а Мајк Д’Антони е нервозен на клупа. Кид мава две тројки по ред и ја дома се здивувам по што идам до кујна да си зеам благо да не ми падне притисок:) Картер набрзина прави три фаула над Раџа Бел и тоа сите во трета. На 3:45 до крај на трета 63-55 за Санс. Кид сега има 14 поена ама и само 2 асистенции. Си викам, играва може и нема да биде така мртва. Картер прави 23 поени до крај на трета ама се плашам дека како по обичај ќе изигра чкарт во последната четвртина. Клиф Робинсон погодува тројка и на 30 секунди до крај на трета предноста на Санс е само 4 поена. Во идниот напад Неш дава шутче и тука е крајот на трета. Резултатот е 70-64 за Санс а беше 20 разлика...Јес 4.четвртина: Откако Дио и Кид даваат по 2 поена на двете страни, Џеферсон здивува и дава 4 по ред. Само 2 разлика за Феникс.Иначе успут, Џеферсон е родум од Феникс и во салата беа мајка му и татко му, двајцата во негов дрес,веројатно едини со Џерси дрес во арената.Тоа не е битно...Набрзо Феникс се враќаат у игра со 6 по ред, 4 од нив на Стиви. Уште 2 на Курт Томас за на 8:45 remaining да биде пак 10 разлика за Феникс. Неш не игра никаква одбрана али затоа Џерси тоа не го користат. Губат 3 топки по ред во напад! Робинсон мавна уште една трица и тоа беше све од него. После тоа има фаул над Џеферсон ама овој гаѓа 0 од 2 слободни...Како што мислев Картер незнае да изигра добра четврта оваа сезона. Неш шутче. 82-73 Феникс. Мислам дека Џерси ќе го изедат. И Курт Томас погодува. Ај у ПМ! Томас немаше некој учинок во напад, али затоа 19 скокчиња. 4:45 до крај–11 разлика. Nash one more time…25 points. На другата страна Колинс не погодува слободно-НИКАКО! Џабе станав, пак тужен ќе легнам...1:25 до крај...Нетс после овој неч ќе имаат скор 5-7. Лошо,лошо...Diaw fouled by Carter. Овој коментаторов на ЕСПН збори како Крејзи Фрог. Френк бара тајм аут на минута до крај. Спрема пресврт за 1 минута, 11 разлика:) Ќе биде... Неш му фрла контра на Мерион и овој на минута до крај го направи првиот атрактивен потег на утакмицата...Windmill. Holla back им направи. Кид тројче. Ајде нека свршиииии...свршува со резултат 92-81 за Џерси. Аха како не...Картер у задња четвртина 0,00 поена . MAN OF DA MATCH – STEVE NASH 25 поена,6 асистенции и 1 изгубена.Машала. П.С. Не се успав бе! Браво, Бето. Тачно, не се успа, али како ти играа Нетси боље да се успиеше. За Амаре - знам, го видов, ваљда му е много досадно, па си чува црви на главата. За коментаторот на ЕСПН - ако бил Кевин Харлан, ептен знам на што мислиш. За Џеферсон - он беше ѕвезда на Аризона унив., така да нека не те чудат дресовите, сигурно имал некој и со дрес на Зона. Тужно е кога чичко Клиф ви е меѓу подобрите, нели? Мене лично не ми е јасно како Санси успеваат да ја играат истата игра како лани, а им фалат 60 поени од лани, плус стартуваат со Борис?!?!?! на центар. Исто беше и со Хјустон, и пак тепаа. Изгледа Неш дефинитивно си го заслужи МВП-то лани. ПС - Денес поминавме 10 000 посети!

6 Comments:

Blogger Little said...

Глеав.
Добра беше.
Поздрав,
Мали

11/26/2005 02:37:00 pm  
Blogger Shepard said...

Шеп има уроклива уста :)

Вииш, и Аринас го спомнав, и дал 39.

Мене тоа со Вашингтон - Детроит ми личи на боље за рикеп.. али нема везе.

Бето, кип ит ап!

11/26/2005 03:42:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

И ја глеав.И не беше добра.Детрот нигде не даваа.Видов само на крај на прво продолжение Бен Волис утна слободно за победа.Епа жал ми е

11/26/2005 06:49:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

I tamu na utakmicata beshe toj trenerot na Arizona i site po red so nego se pozdravija...Dzeferson prv!
Toj komentatorot sto mi go kazuvas e eden sto se divi za sekoj zbor>:)))

11/26/2005 06:55:00 pm  
Blogger Karakash said...

Toj e.

11/26/2005 07:09:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

E toj komentirase vcera...mi idese da zeam mute da napravam ama pa taka ckart ke bese...vecer nesmeam da gleam nba utre iam utakmica u stip oni igraat so 6 falsifikata a toa za nas e must-win game.Wish me all the best...
cestito 10000

11/26/2005 08:40:00 pm  

Post a Comment

<< Home