Friday, November 04, 2005

Miami Feet, овај Heat
За разлика од средата, кога имавме едно чудо утакмици, вчера на програма беа само две, али вредни две. Мајами и Индијана ја одиграа можната најава на финалето на Истокот, а ако се што се дешаваше вчера се повтори и во мај, онда прогнозата дека Пејсерси ќе играат Финале и не е толку напумпана. Многу пути сум кажал, но ќе кажам и пак: Мајами нема шанси без Шек, Шек е тој околу кој се врти играта, без разлика кој ќе им биде прв стрелец или скокач. Најбољи доказ за тоа добивме синоќа, кога Дизел нагази на стапалото на Артест, при што го шина десниот зглоб. Од теренот, на кој веќе не се врати, го изнесоа Вокер и Морнинг. Тоа се деси баш кога Мајами се враќаше у игра. До крајот не им помогна ни феноменалниот Вејд, кој у последниот напад за малце утна тројка од табла за продужеток. Покрај повредата на Шек, една од причините за поразот на Мајами беа и слободните (27-42), како и 20. изгубени топки кои Пејсерси ги претворија во 20 лесни поени. Да биде уште поинтересно, Шек не е заслужен за слабиот процент од слободни, зашто тој погоди 6-8. Прегледите по средбата покажаа дека за среќа на Мајами, Дизел не скршил ниедна коска, така да ќе паузира само неколку утакмици. Добра вест пак за Индијана е дека можат да се носат со кого сакаат, а посебно со Хит, кои покрај Детроит им се најсериозни кандидати за титулата на Истокот. Пејсерси победиле 13 пати во последните 14 дуели со Мајами, уште па ќе им набијат комплекс, ако не им го набиле до сега. На другиот крај од Америка, и Лејкерси и Санси имаа нешто за докажување по различното отварање на сезоната. Феникс за малце втора средба по ред ќе упропастеше водство од +17, да неб еа Мерион и Неш, кои диграа ручна на камбекот на Лејкерси кои преку Коби стигнаа на само -3. Ипак, Ова беше голема победа за Санси, кои по уништувањето на +17 против Далас, покажаа дека ако не можат да се носат со врвот на Западот (барем додека не се врати Амаре), можат да се носат со конкуренцијата за вториот дел од плеј-оф тимовите во својата конференција. Нападот пак не беше проблем за Лејкерси, кои имаа одлично трио во Коби, Одом и …Смуш, пак!?!? Проблем беШе одбраната, која не успеа ни во еден момент да го спречи Неш (кој успеал?), што значеше лесни поени за Мерион, Џонс и компанија. Иначе, Зенот утна работа кога во првите пет Мим го замени со Џорџ, не ради Девин него ради тоа што го стави со тој потег Квами Браун на петка, што се покажа како ужасно решение, мада мислам дека секогаш кога Браун е на теренот дека тоа е ужасно решение. Вечер се надевам ќе имам NBА ТV, па утре да имаме белешки од Спарс-Кавс. Леп викенд.

4 Comments:

Anonymous Boromir said...

Lele kolku strasno izgledase!Ama toa kopileto Artest mu namesti patika.Indiana se super.I Pistons isto.Sto imaa eden poteg koga Sheed lepi banana,otvaraat kontra i Prince zavrsava so cepelin,ke bide na top10 u prvi 3.Isto i Swift,so negoviot facial na Brad Miller.Od knicksi gleav samo highlights i mora da se dobri koga pri 22 izgubeni topki,natskokani za 16 skoka i so 50% sut za slobodni,izgubija duri u prodolzenie.Mislam stvarno katastrofalna partija,a edvaj izgubija.Ili ja gledam premnogu na svetlata strana:).Vecer nema kaj da gi gleam,ama u nedela ke gi gleam protiv GSW u zivo,pa u ponedelnik moze da vi pratam eden fin,licno moj, recap.

11/04/2005 03:58:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Абе кај глеате нБА , ја изгледа цела година 1 утакмица нема да видам!!!!!!!!!
У пичк* мат*р!!!Им ебам кабловските,на програма се има се ,риболов,ебењ*,лов,фешн тв,мтв,дсф,хрватска,пинк али не НБА

11/04/2005 04:13:00 pm  
Blogger Shepard said...

beto, ако си на зора кажи, збираме луѓе за да им идеме и да не попуштаме док не vidam NBA na tv

11/04/2005 05:42:00 pm  
Blogger zare said...

Dobra vest e toa sto vecer na dve televizii ke davaat utakmica na OrbitESPN i na SPORT TV ..Loso e toa sto i na dvete ke bide Spurs -Cavs..Ali i toa e bolje nego nisto!!

11/04/2005 06:47:00 pm  

Post a Comment

<< Home