Friday, November 18, 2005

Каде, Кевине? + Ивица - the fantasy guy
Синоќа гледав еден од играчите кои се наоѓаат во нашата анкета, Кевин Гарнет. Според тоа како се одвиваше утакмицата, а и учинокот на Кеј-Џи, на кој му фалеше еден асист за трипл-дабл, никој на светов не би помислил дека тој сака да биде трампан. Но, доволна беше една негова изјава за женската верзија на Реџи на крајот за да стане јасно каде му е паметот. "Thank you Charles, but this is my reality and this is where I'm at. Stop causing controversy and (throwing) dust in a clean house." - Kevin Garnett, on Charles Barkley's comments that he deserves to be traded for a chance to play for a better team. Покрај муабетов за Кеј-Џи, ја имам честа да ви го претставам нашиот нов контрибутор, Ивица од Прага, кој ќе најчесто ќе ги расветлува мистериите поврзани со Fantasy NBA. Текстот на Иво е у жута боја, а на крај е и мојата забелешка, Take it away, Ivo:
Здраво дечки! Се викам Ивица и благодарение на дечкиве од мак-НБА во наредниов период ќе ве малтретирам да читате нешто повеќе на една тема која кај нас не е толку (читајте: воопшто) застапена, а е секојдневие за познавачите на НБА по светот. Се работи за НБА fantasy, секојдневен сегмент од мојот живот и причина за многу неположени испити и непреспани ноќи. Како и да е... еnough with the bullshit... За неинформираните: NBA-fantasy е термин за виртуелна он-лајн игра каде ги тестирате своите знаења од областа на NBA со едно чудо други шампиони како вас и како мене. Процедурата е едноставна: Се пријавуваш за тим и пре-драфтуваш играчи (тоа е едноставна селекција: На една страна кои играчи би сакал да ги имаш во својот тим, а на друга играчи кои едноставно не можеш да ги гледаш и самата помисла на нив те тера да откорнеш некој свој екстремитет). После тоа, врз база на твојот pre-draft и врз база на pre-draft кој ќе го направат останатите случајно избрани менаџери кои паднеле во твојата лига, се врши автоматизиран драфт каде секој тим добива по 13 играчи. Оттука веќе би требало да ви е јасно кај води дискусијава... Играчите ираат, прават скокови, поени, асистенции а паралелно со тоа ви носат поени во вашиот тим. Кој има најмногу поени е победник. Прилично јасно, не? Па искрено речено, и не сум нешто баш најсигурен ама секој може да види и да проба... Мој тип е FantasyNBA на Yahoo.com За информираните: Па за информираните и нема што многу да им се кажува, единствено можам да се извинам за некои погрешни трејдови што ќе ги направат под мое влијание во иднина.Извинете дечки, дури и јас понекогаш грешам :-). Да преминам на поентата... Како за прв пост ми беше некако глупаво да почнам да пцујам некого како почнал слабо сезонава и како не го бива за курац (а верувајте ми би сакал...). Исто, глупаво би било и да почнам да го фалам Данкан каков огромент талент е или пак како Ајверсон станува се подобар и подобар затоа што тоа се општо-познати работи и всушност со тоа не сум кажал апсолутно ништо. Овој пост ке го посветам на малите, ама големи НБА играчи кои никнаа во досегашниот тек од сезонава. Ова го пишувам заради тоа што баш овие дечки се решавачки фактор во поголемиот дел од fantasy лигите, а се страшно потценети и слободни во голем број лиги. Би почнал со пет играчи за кои сум убеден дека ќе го најдат своето место под сонцето и во иднина.
1.Zaza Pachulia Зошто е меѓу овие играчи:Дечково делумно фактот што игра во крш екипа, а делумно поради тоа што и во таа крш екипа нема кој да го замени се изнаигра. Има просек 13.0 поени и 9.1 скока (од кои 4.3 офанзивни!!!) и не гледам како тие бројки би се придвижиле надолу. Единствена тенденција за тие бројки е нагоре. Чисто за илустрација колку е напреднат дечково ќе ви ги кажам неговите career stats до пред оваа сезона: 5.4 поени и 4.4 скока. Занимливо, нели?? Што би било негативно по вашиот тим: Пашулиа има многу лош шут од поле(39.5%) кој ќе го наруши процентот од поле на вашиот тим, а прави и многу turnovers-и (2,6 per game). Не се истакнува многу ни во останатите категории, дури ни оние класично центарски како блокади (има 0.8). Препорака: Ако Заза не се повреди, ќе остане неприкосновен во Атланта и ќе биде екстремно корисен во било кој fantasy team. Топло го препорачувам :-). 2.Sean May Зошто е меѓу овие играчи: Целата екипа на Шарлот е за пофалба со оглед на тоа како ја започнаа сезонава, ама овој тип почна особено да се истакнува. Има 10.4 поени и 5.4 скока по натпревар за одиграни просечни 18.9 минути. Ова 18.9 минути нека не ве залажува затоа што на последниве три има просечна минутажа од 26 минути, што значи дека полека си го наоѓа своето место во ростерот на Бобкетси. Згора на се Меј е waiver (слободен играч) во 99% од лигите!!!- го сметам за мое лично откритие :-). Што би било негативно по вашиот тим: Па искрено речено Меј и не проведува толку време на терен за да направи нешто со што би му наштетил на вашиот тим. Препорака: Од Меј очекувам во скоро време да стане дабл-дабл играч на изненадување на многумина. 3.Dwight Howard Зошто е меѓу овие играчи: Генерално ако ме прашате и не знам... Играч кој е избран како прв пик никако не би требало да се смести во вакво друштво, ама после првата сезона (која воопшто не беше лоша:12поени, 10скока по натпревар) некако остана подзаборавен за што најверојатно се налути па сега наплаќа мило за драго. Носител е на својата екипа, има просек од нешто над 16 поени и околу 12 скока и заедно со Стив Френсис се единствената причина зошто да се изгубат 3 саати од животот гледајќи подпросечен кошаркарски тим каков што е Орландо. Тешко фановите на Орландо оваа сезона Што би било негативно по вашиот тим: Нешто што може да тргне не полошо со прибирање на Хауард во вашиот тим е FT%. Очигледно дечково не обожава да шутира слободни што се забележува по неговите 66% оваа сезона. Препорака: Не верувам дека во некоја лига Хауард е слободен, ама ако по некој несреќен случај некој се заебе да го отпушти бидете спремни да го грабнете 4.Leandro Barbosa Зошто е меѓу овие играчи: Леандро Барбоса конечно се најде себеси во НБА и почна да е корисен за својот Феникс за промена од минативе две сезони кога најкорисен беше кога ќе им свареше чај на соиграчите за да се згреат. Годинава има просек 15.6 поени и е солидна а лтернатива за Стив Неш. Во последно време дури и се пробуваат варијанти за двајцата да играат истовремено. Од останатите бројки Барбоса се истакнува со солиден шут од поле (околу 50%), асистенции (2.6) и 3.6 скока. Што би било негативно по вашиот тим: Барбоса е познат по тоа што е играч топло-ладно, па единствена опасност е да не крене во стилот ладно-ладно Препорака: Ако го најдете слободен, а имате класични промашувања на бековските позиции, Барбоса би ја ублажил вашата болка :-). 5.T.J.Ford Зошто е меѓу овие играчи: А кажете една причина зошто да не!! Баткава кој лани поголем дел од времето го помина по болници и терапии годинава има просек 14.4 поени и 9.6 асистенции. Перфектен за играч кој една година не одиграл ниеден единствен меч!! А кога на тоа ќе ги додадеме неговите 4.9 скока во просек и 2.1 украдени топки, добиваме перфектна идеја зошто играчот кој ја почна fantasy сезоната на листата на слободни играчи во 99% од лигите, сега е слободен во 0% од нив. Што би било негативно по вашиот тим: Форд има слаб шут од поле 37.5% и за три 27.3%. Исто така е опасен поради бројот на ТО: 3,9 по натпревар. Од линија за слободни има просецни 80% Препорака: Премногу е доцна за било какви трансакции кои го вклучуваат Форд бидејќи дечкото е земен од листата на слободни играчи во секоја лига одамна. Трампа за да го добиете не би препорачал.
...Свака част мајсторе, одличен увод у Фантази лигите. Темелно, темелно.

6 Comments:

Blogger Shepard said...

ау шефе, фасцинираш. алал.

11/19/2005 06:26:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Да да стварно добар пост кој ме заинтригира и кој негде накај 6 саат(сеа ќе идам иам утакмица со Балтепе) ќе морам сам да го проверам тоа што го напиша за нба фантази.Интересни играчи си одрбал а мене посебно ме си свиѓа Леандро.Од увек сум знаел дека е нешо више од кур-ташак.
Лелелелелелелеле Хјустон-Детроит глеавте ли???И ја не глеав али гледав хајлајтс...Прво Дарк-0 се зарчка со Мутомбо онака го мава,па Мутомбо му се дере а Даре му се смее u faca:))))После Дарко каква банана му стегна на МекГреди лелелелелел...џабе ви зборам гледајте

11/19/2005 01:38:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Vecer ke gleam SAS-pHX moze da pravam recap???

11/19/2005 07:16:00 pm  
Blogger Shepard said...

ne prashuj, prakjaj sho imash

11/19/2005 07:36:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Tolku li ste ocajni??????
Ja vide li bananata na Milicic na McGrady.LEEEEEEEEEE

11/19/2005 07:39:00 pm  
Anonymous bodan said...

ZA sve se slagam-za barbosa nikako.Sum go gleal mnoguputa i ovja prosek mu e zenit i ce pocne da se davi.Fantasy i Ivica sa o.k. ama za toa treba i mnogu zar.Ja na nba selektor lani(kosharka-hr)mnogu dobiv so Nocioni,Brezec i G.Hil(posledniov radi dolgata povreda se razbira) kao potceneti ama zdravo go lapnav so Kirilenko koj neseoprae od povrede.Moja preporuka za fantasy-Al Djeferson od Seltiks i Djeret Djek od Portland.

11/20/2005 01:24:00 am  

Post a Comment

<< Home