Monday, November 21, 2005

Честито Репторси + Фантазијата продолжува
Репторси и Вилануева се омрсија, сеа само Марвин и моите Хоукси останаа без победа у цела лига. Тугоооо....(видете му сурат на Мајк Џејмс, као да е у кунг-фу филм). Него, да не плачам многу, еве го пак Ивица со неговата специјалност:
Нови 5 fantasy price-movers: -Овие играчи би ги препорачал само во итни случаи т.е. кога ептен сте зафркнале во изборот па сега се трудите да ја санирате работата:). 1.Nick Colison Зошто е меѓу овие играчи: Колисон после релативно слабата руки сезона во која од него се очекуваа многу нешта а се доби генерално ништо како да почна да се прибира и почнува да пружа партии кои доликуваат за 12. пик. Има просек од 10 поени и 6.6 скока со супер шут од поле (над 60%). Неговата минутажа во Сиетл се очекува да се зголемува и понатаму, најверојатно за сметка на минутажата на Реџи Еванс кој оваа сезона не е ни бледа сенка на тоа што беше лани. Што би било негативно по вашиот тим: Колисон е општо познат како стаклен тип (сличен на Кириленко од Јута) и секој поцврст дуел во кој влегува е следен со нетрпение од публиката во Сиетл (колку се златни:-)). Сакам да кажам дека не би ме чудело да се случи некоја смешна повреда која ќе го оддалечи месец или два, а тоа директно би се одразило на вашиот тим. Препорака: Не верувам дека Колисон може и натаму да претставува некој екстра фантази-фактор и покрај добриот старт. Не форсирајте некоја трампа во која ќе се откажете од некој подобар играч во надеж дека Колисон ќе издржи вака цела сезона. 2.Luke Ridnour Зошто е меѓу овие играчи: Риднур е класичен плеј кој игра мудро, не троши многу топки (со тоа го крие својот слаб шут од поле) и што е најбитно знае да украде топка или да направи дефанзивен потег со кој ќе реши натпревар. Минатата сезона во неколку наврати го стори тоа и не гледам причина зошто тоа не би го повторил повеќе пати. Има просек од 10 поени и 6.8 асистенции. се истакнува и по бројот на украдени топки (има просек над 2). Куриозитет за него е што во досегашниов тек од сезоната нема промашено слободно фрлање (заб.: го пишувам ова пред натпреварот со Чикаго) Што би било негативно по вашиот тим: Како што беќе наведов Риднур има очајно лош шут од поле. Шутира 31.9% оваа сезона, што е далеку под неговиот просек од минатите две сезони кој е некаде околу 40%. Исто така од Риднур не би очекувал ни многу поени, сметам дека ќе се одржува на границата од десет поени, а што се однесува до скоковите никој навистина и не очекува скокови од својот плеј, нели? Препорака: Риднур ќе му помогне на вашиот тим во поглед на асистенции, а и неговите десет поени не се за потценување ако се земе во предвид дека плејовите кои имаат поени и асистенции не се така честа појава во НБА повеќе. 3.Troy Hudson Зошто е меѓу овие играчи: Значи во оваа ситуација сум во дилема: дали Трој Хадсон е тука поради тоа што игра добро или поради тоа што Марко Јариќ игра лошо. Како и да е се поочигледно е дека Трој го притиска Марко за позицијата стартен плеј во Минесота и сметам дека е само прашање на време кога Марко ќе излета од прва петорка. Хадсон со 21.6 минути во просек има 11.6 поени, а Јариќ со 30.4 минути има 9.3 поени. Јариќ е добар во асистенции (има просек 5) ама тоа не е доволно за стартен плеј кој игра над 30 минути. Што би било негативно по вашиот тим: Општопознатиот факт дека Трој Хадсон е еден од најсебичните играчи во НБА лигата кој ја додава топката само кога ќе го утројат. Значи не надевајте се на асистенции, а и шутот од поле не му е сјаен (околу 42%). Поимот скок во речникот на Хадсон не фигурира. Препорака: Воден од помислата дека ако треба да се бира помалото од две зла најодговорно велам дека Хадсон може да е корисен pick-up. Дечкото се фати сериозно за работа, се труди да му го земе местото на Јариќ и може само да ги зголеми своите бројки, меѓутоа тука земете во предвид дека и Хадсон е доста стаклен во однос на повреди. 4.Boris Diaw Зошто е меѓу овие играчи: Дечкото ќе ви даде "a good run for the money" доколку на крило сте прецениле некој играч како јас на почетокот Брус Боуен. Има просек 9 поени, 6скока и 6 асистенции!!! Феноменално, особено со оглед на фактот што предходно во Атланта имаше просек од 4.5 поени и 4.5 скока. Игра во просек по 26.3 минути а на последните 5 натпревари тој просек е 28. Тоа значи дека ќе добива поголема доверба во иднина што секако ќе се одрази на неговите бројки Што би било негативно по вашиот тим: Процентот за слободни фрлања не му е сјаен,а има и многу продадени топки (2.3 по натпревар) Препорака: Добра аквизиција која е слободна во голем дел од фантази лигите. Ако немате подобар трк по Борис. 5.Keith Van Horn Зошто е меѓу овие играчи: Ван Хорн ја почна сезонава како навиен со просек од 14.1 поен и 6.1 асистенција и е еден од носителите на играта. Особено се истакна кога Дирк беше повреден и кога му требаше на својот тим највеќе. Не верувам дека ќе ги одржи своите бројки затоа што за него мислам дека веќе е помирен со идејата дека ќе е a roll-player во нба и ништо повеќе. Премногу време го помина по медицински установи за било што друго:-). Што би било негативно по вашиот тим: Ван Хорн има многу изгубени топки (2.6 по натпревар), а не се истакнува ни во другите статистички категории како што се асистенции, украдени и блокади. Исто така има просек од 4 фаули што често го врзува за клупата на подолг период. Препорака: Иако знае да блесне Ван Хорн не е мој тип фантази играч и го препорачувам само во случај на итност. Се надевам дека наведеново ми донесе малку кредибилитет:)
Во тоа не ни сумњај, пријателе.

13 Comments:

Blogger beto # 6 said...

Ej Ivica idejava ti bese super za da me voveds u fantasy,zaso sea pocnav aktivno da plesam toa, i toa ne samo na yahoo tuku i na nba.com(rookie chalenge,sallary cup game...etc.)
Vidi mi go resterot shto mi padna na auto-draft:
D. Williams (Uta - PG,SG)
SG M. Ginobili (SA - SG)
G L. Hughes (Cle - SG)
SF S. Abdur-Rahim (Sac - SF,PF)
PF C. Bosh (Tor - PF)
F C. Boozer (Uta - PF)
C R. LaFrentz (Bos - PF,C)
C A. Stoudemire (Pho - PF,C)
Util T. Prince (Det - SF)
Util K. Martin (Den - PF)
BN E. Griffin (Min - SF,PF) -
BN D. Fisher (GS - PG)
BN M. Jackson (NJ - PF,C)


kazuvaj sto da pravam,koj da trampam da otpustam????
'

vie karakash i shepard igrate li fantasy?

11/21/2005 10:02:00 pm  
Blogger Karakash said...

Ne igram ali mislam deka spored iminjata vredat mnogu, taka da trampaj gi Boozer i Martin, odma!
Ne bi go drzel ni Mark Jackson, bolji ti e Zaza.
A, i Amare ne ti vrsi rabota.

11/21/2005 11:10:00 pm  
Anonymous Ivica said...

Ne mi se svigjaat E.Griffin i M.Jackson. Kako waivers mozes da najdes bolji od niv. Amare i Boozer e mnogu gadno da gi dobies vo ovoj moment. Ako gi trampas tesko nesto ekstra za niv da dobies, a ako gi otpustis odma ke ti gi soberat. So Boozer probaj izdrzi uste malku i pocekaj go da se vrati, a so Amare sto i da ti recam ke zgresam.

11/22/2005 12:36:00 am  
Blogger Ivica said...

Ej decki sakate da organizirame megju nas edna fantasy liga??? Ke sobereme uste par entuzijasti pa ke otvorime privatna liga. jas imam uste eden kandidat.

11/22/2005 12:39:00 am  
Anonymous bodan said...

Imav komentar za fantasy(na Ivica-the fantasy guy) i bi vi doslo kao pouka(za cisse) a karakash da kaze sto misli za tia igraci(ako moze i shepard posto i on ima odlicni postoj na blogov iako go nema so post u posledno vreme)

11/22/2005 01:09:00 am  
Anonymous laf said...

Odlicno sto fantasy ligite stanuvaat se popopularni... jas sum clen na edna takva liga veke 4 god. (Elfasko Open ja vikame, na Yahoo!). Odzema vreme, ama e mnogu interesno...
Inaku momci, ima nesto novo na tema NBA na Sport 4? So netrpenie cekam da pocne novosti...

11/22/2005 04:11:00 am  
Blogger Karakash said...

Немам ништо против една НакНБА фантази лига, само Ивица ќе требаш ти да се погрижиш за се.
Што се тиче Спорт4, нема ништо ново...

11/22/2005 08:05:00 pm  
Anonymous Ivica said...

Nema problem, odma ke organizirame edna. Dajte mi samo mailovi za da vi isprakjam pokani koj sakate da ucestvuvate vo ligata.

11/22/2005 08:56:00 pm  
Blogger Shepard said...

shep ima ispiti

u cetvrtok vo novi rabotni uspesi

za fantazi mozhe.. ama ne znam mrsko mi e.. ali aj kje praime..

11/22/2005 09:31:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

betogrozdanov45@yahoo.com

11/22/2005 10:47:00 pm  
Anonymous Ivica said...

Dosega sme 5: jas, karakas, shepard, beto i cimerov moj od Srbija (za da ima internacionalen karakter ligava:)). Ajde ke popricekame bar uste cetvorica pa ke vi ispratam pokani.

11/23/2005 01:09:00 am  
Anonymous boromir said...

I ja igram!:) Vi pisuvav pred nekoe vreme ama izgleda nemase nekoj entuzijast kako Ivica da izorganizira.Taka da Ivica,molim te pusti mi pokana na: znikolovski@yahoo.com. Fala

11/23/2005 09:04:00 am  
Anonymous Ivica said...

Decki proverete si e-mail

11/24/2005 01:02:00 am  

Post a Comment

<< Home