Friday, November 18, 2005

Ѕверот Двајт Хауард
Еве нешто на што не видов дека некој друг медиум му посвети внимание вчера, а ни денеска. Со 21 поени и исто толку скокови у победата над Шарлот, Двајт Хауард стана најмладиот играч во историјата на НБА кој на еден меч стигнал до 20-ката у скокови и поени. Кога минатата недела Леброн постави рекорд како најмлад со 4000 поени у кариера, тоа можеше да се сретне у секој весник или на ТВ, па дури и кај нас. Но никој не се најде да каже нешто за ланскиот 1.пик. Ние ја исправаме неправдата кон Двајт, кој ако продужи вака ништо чудно да биде Ол-Стар сезонава. На 14.11. кога стигна до неговиот 20 со 20, Двајт имаше тачно 19 години и 342 дена. Рекордот, кој траеше доста долго, до вчера го држеше Џон Дру, кој на 20 години и 47 денови, играјќи за Атланта уште далечната 1974 год. постигна 44 поени и фати 20 скокови. Од актуелните играчи најблиску до рекордот на Дру беше Шек 1992 год. кога како играч баш на Орландо на 20 год. и 251 ден имаше 31п. и 21ск. Не треба да се забраве и дека лани како руки Двајт стана најмладиот играч у историја кој фатил 20 скокови на една средба, а со три меча со над 20 скокови стана првиот дебитант по Тим Данкан со таков учинок. Иначе, младичот сезонава е на одличен просек од 16.4 п. и 11.7ск., а никој ништо не пишува за него. Нема везе, доволно му е што надминал такви фаци како Шек и Тим, у чие друштво би требал да се најде за неколку години. Само како додаток, Карлос Бузер сигурно нема да заигра за Јута ни у следните месец дена. Тоа значи дека тој најмалку од 14 февруари годинава (кога ја одигра задњата утакмица), па до 15 декември нема да го облече дресот на клубот кој лани му поклони чек на 70 милиони, и тоа само поради неговото неодговорно однесување. Сега наводно тој има проблеми со препоните, состојба за која лекарите на Јута велат дека е последица на неговата слаба физичка подготвеност, нешто што клубот му препорача да поработи летово, но тој си кулираше. Ова е веројатно прв пат некој играч да направи толкава пауза, а да нема некоја посериозна повреда. Мемо ќе мора сеуште да прави се, затоа што покрај Карлос, и Андреј Стаклениот не се знае кога ќе се врати по виткањето на зглобот у Чикаго. Утеха на Бузер може да му биде наградата за најдобро облечен играч. Како да не биде, кога не излезе од одело веќе девет месеци.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home