Thursday, November 17, 2005

Зелено
Малку каснам денес, но овие неколку дена сум на семинар, кој само што заврши за денес. Скроз сум ненаспан, легнувам у 5-6, а станувам у 9, а тоа ќе продужи и денес и утре. Но, да не плачам многу, синоќа гледав Бостон – Сиетл и еве што ми фати око. - Местото на Џером Џејмс у првите пет од лани, сезонава го зазема Јохан Петро, рукито од Франција кој на моменти лани не беше стартер ни у својот По Ортез. Одлука на Вајс, која барем на старт се покажува како катастрофална, затоа што Марк Блонт го работи Петро како стигне. Некаде во 3. и последната четвртина Французинот почнуе да покажува знаци на живот, ваљда му е полесно да игра на + 20. - Боб Вајс ненормално личи на таткото од Алф, само малку подебел. Ви текнуе? - Пред мечот укажуваат на дуелот Реј Ален – Рики Дејвис како решавачки за исходот. И тоа како беа во право. Реј покажа дека лошиот шут од 4/18 во поразот од Њу Џерси беше само лош ден, погодувајќи 12/17 од поле за крајни 32 поени. На другата страна Рики Ди у моментите кога се кршеше резултатот го немаше никаде, а кога веќе беше 20 разлика за Соникси почна да влегуе у ритам, завшува со 21 поен и 9/21 од игра. - Во првото полувреме играта на Соникси беше јасна ко ден, или се идеше преку Реј или кога он беше на клупа, преку Луис. Другите играчи освен блокови или пренесување топка, не правеа буквално ништо. Дури беше така, резултатот беше изедначен, а кога у игра почнаа да се укључуваат другите играчи, Соникси влегоа у ритам и се одлепија на +20 кои си ги задржаа до крај. - Не памтам кога задњи пут сум видел успешен цепелин под фаул. Јес да Луис не закуца по фаулот на Дикау, но потегот заслужува да биде топ тен. - Док Риверс, ваљда у немање доволно опции, многу време им дава на дебитантите Рајан Гомес и Ориен Грин, како и на Џастин Рид, кои делуваат скроз изгубено на теренот, посебно у дуелите со Ален и Луис. - Најбоља петорка на Сиетл е онаа составена од Реј, Луис, Риднур, Колисон и Реџи Еванс. Баш овие пет ја направија разликата. Иначе, Еванс за разлика од лани кај Нејт, кај Вајс не ужива голема доверба, ваљда после вечерешнава партија ќе се сменат работите. Колку за инфо, лани Еванс беше стартер и сезоната ја заврши со просек од најдобри во тимот 9.3 скокови. Мене лично, многу ме потсеќа на Бен Волас, таков ми е, очигледно е дека не е талент, но е работник. - Ник Колисон беше ѕвер, фаќаше скокови ко луд, имаше шут од игра 9/12 за 19 поени и 13 скокови. Она што е феноменално се дека 8 од тие 13 скоови беа офанзивни баш кога се правеше разликата. - Како и Ник, така и Лук Риднур заврши голема работа со 13 асистенции и 15 поени. Лук си играше кур-ташак со Делонте, Дикау, Грин и компанија, кои глумеа плеј у Бостон. - Тоа не носи до тоа дека Селтикси немаат стабилен плеј, Риверс проба некоја комбинација од момците кои ги спомнав погоре, но неуспешно. Што е уште полошо, и при таква ситуација Док води некој инат кон Дени Ејнџ, не играјќи го многу Дикау, кој Ејнџ летово, заедно со Скалабрини го донесе како донесе како нај засилување. - Не ми е јасен Боб Вајс. Типот е мртов ладен цело време, па и кога неговиот тим води +20. Као да е збунет како некој тим кој он го води може да игра така добра кошарка. - Селтикси ги гледав неколку пати сезонава и искрено, уште не знам што да мислам за нив. На моменти ми изгледаа многу добро, но јасно е дека не се тим кој може да издржи 48 минути против солидни НБА тимови, слични на Сиетл. Прва опција им е нормално Пирс, кој кога не му е денот повише смета него што користи. Најголема дупка им е таа на плеј, но и у скокот, кој за Лафренц и Блонт е икс-фајл. - Се на се, иако откако некаде кон средина на 3. чет. мислам Сиетл поведе 20 разлика, Селтикси беа отпишани, утакмицата беше ОК за гледање, имаше добри потези, а милина е да ги гледаш кога им е денот Рашард Луис, кој е страшно интелигентен играч и Реј Ален, најубавиот шут у НБА. Уште само некако да се решат од Вајс и се ќе биде супер. - За да бидат уште полоши работите за Бостон се погрижи Тони Ален. Покрај Реј, и други фаци синоќа беа расположени за баскет. Од очекуваните Коби, Ајверсон до неочекуваните Мајк Џејмс и Карим Раш, кој беше најзаслужен за најголемиот сурпрајз во плескањето кое Бобкетси им го дадоа на Пејсерси.

1 Comments:

Blogger beto # 6 said...

Селтикс од увек биле нај куртон тим за предвидување.Никад не знаеш како ќе одиграат.Дикау МОРА да игра пред Делонте Вест...многу е глуп тој РиверС!

11/17/2005 09:48:00 pm  

Post a Comment

<< Home