Monday, November 14, 2005

Би го трампале ли Гарнет?
По поминати само две недели од новата сезона веќе почнаа да се вртат разни трејд муабети, а оној кој засега привлекува најмногу внимание секако е евентуалната желба на Минесота да го трампа својот најдобар играч на сите времиња, Кевин Гарнет. Нормално, во моментов се се сведува на шпекулација која најверојатно нема многу врска со вистината, но ако Вулфси продолжат со играта каква ја покажуваат до сега и ако не успеат во следниве неколку месеци да му донесат квалитетна помош, (а не Марко Јариќ да им е главно засилување), тогаш Кевин Мекхејл и да не го направил тоа до сега, би требал да подразмисли за трампање на Кеј-Џи. Чикаго, Далас, па и Лејкерси веќе покажаа интерес, а сигурно и еден куп други екипи би се јавиле на лицитацијата за МВП-то од 2004. Мислам, зошто да не, со ваквиот скуп на играчи каков што имаат тешко дека за сто години ќе освојат нешто, а и да се појачаат малку ипак за конференциски ривал го имаат Сан Антонио, кој барем во следниве неколку години не планира да се откажува од титулата. Булси не би биле лоша алтернатива, ни за Кевин, а ни за Вулфси. Се зборува дека понудата би можела да се состои од двајца од младото трио Бен Гордон, Луол Денг и Тајсон Чендлер, плус пик од 1.рунда на следниот драфт. Тоа у никој случај не е понуда за занемарување, посебно што покрај млада екипа, ќе им даде и голема флексибилност во селари-капот, зашто не смее да се заборави дека Кеј-Џи у следниве четири години треба у џеб да стави цели 84 милиони долари!!! Сума која веројатно и ќе одбие голем број клубови кои би сакале да го имаат кај себе. Сепак, таа сума би можела да биде и предност за некои газди, каков што е Марк Кјубан, кој не ја крие желбата да го собере Гарнет, па тоа и да биде по цена на откажување од еден Дирк Новицки. Тука се и Лејкерси, кои освен Ламар Одом немаат што да понудат. Можеби драфтувањето на средношколецот Ендрју Бајнам беше баш за некоја ваква стратешка игра. Како и да е, дали пред крајот на преодниот рок во февруари или пак на крајот од сезоната, на Мекхејл ќе биде да ја донесе одлуката од која најверојатно ќе зависат следните пет-десет НБА години во Минеаполис. - Низ трејд муабетите се врти уште едно име, и тоа на екс-соиграчот на Гарнет, Стефон Марбери, муабет кој како што почнаа Никси да победуваат верувам се помалку ќе се слуша. Можда и најголемата глупост врзана со трејд на Стеф е таа дека тој ќе биде пратен во Торонто во размена за Џален Роуз, играч кој кај не им е ама ич потребен на Никси, кај кога беше у Индијана, јавно се судри со тогаш тренерот на Пејсерси, Ајзеа Томас, кој сеа е бог и батина у Њујорк. Како мамка се спомнува договорот на Роуз, кој истекува следното лето и кој на неговиот клуб ќе му заштеди 14 милиони, но не верувам дека Ајзеа ќе ја загризе таа мамка. Кога сме веќе тука, ѕирнете го линков до текстов за Стефон од Ленг Витакер од SLAM , вреди да се прочита. - The Hornets are not denying that several teams have expressed an interest in acquiring veteran P.J. Brown. But Coach Byron Scott said there are only three trade deals, which are not likely to be offered, he would consider. "The only way is if San Antonio wants to give us Tim Duncan, Minnesota gives us Kevin Garnett or Miami gives us Shaquille O' Neal," Scott said. – Ураганот Катрина веројатно оставил трајни последици врз психичкото здравје на Бајрон Скот. Или тоа, или е ептен напушен. - За ова мислам дека не треба коментар, освен дека ова е веројатно првиот асист сезонава и за Коби и за Квами.

14 Comments:

Blogger Владо Апостолов said...

Чикаго а? Мммммммммм! Интересно, интересно. Па со нацистот тандемче да станат, а? Интересно......

11/15/2005 06:57:00 pm  
Blogger Karakash said...

Hацистот?????
Хајнрих???

11/15/2005 07:51:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Да бе. Ко Стоктон и Лубеницата ќе бидат.:) Само KG прво треба да стаи некои 100 кила плус.

11/15/2005 09:09:00 pm  
Blogger Karakash said...

Лубеницата:)))

11/15/2005 09:25:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Ма дај нека дое у Њу Џерси...селари кап голем кур за КГ не постои такво нешто.
И да иде у Чикаго ќе ме израдуе тоа замисли со Гордон што можат да прават.
P.S> karakash seriozen bese so toa za komentatori u sport 4???:))))

11/15/2005 09:30:00 pm  
Blogger Karakash said...

Али, за да дојде во Џерси, Нетси ќе требаат да се откажат од некој од главното трио, можда и двајца од нив. Што се тиче Булси, биди сигурен дека Вулфси ќе го бараат бач Гордон, мислам и дека го напишав тоа.
PS - Има нешто. We'll see...

11/15/2005 09:40:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Абе баш Гордон не ми се дава! Али за KG вреди да се мисли. :) Ко некој мене да ме прашува:)

11/15/2005 09:45:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Abe na primer Џерси да го даде Кид заедно со да речеме Крстич или уште боље Џеф. со Крстич????Дај нека напраат некоја комбинација.moze li da praam recap za Detroit-Boston vecer ke gleam.Sea da ne vetuvam 100% deka ke bide,ali ako go iam do sabajle(negde okolu 11) ke bide prateno kako comment ili mail kazete vie:)Pozdraf

11/15/2005 10:13:00 pm  
Blogger Karakash said...

Bez Kid u trejd Mini nema sansi da razgovara so Netsi.
Ako mozes utre do 11:00 prati go kako mail.

11/15/2005 10:19:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

А кај има Detroit-Boston?

11/15/2005 10:22:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Ауауау каракаш ми се свиѓа сликава!
дали се тоа Рик Фокс педерот и Даг Кристи.Вечер има нба на спорт тв(кисела вода)

11/15/2005 11:10:00 pm  
Anonymous bodan said...

CHikago ima uste edna dobra opcija (spored deporte-espanja)a toa e da gi naprae epten poluzerski tim sakramento so trampa na Tim Tomas i Herington-za Pedja i Skiner.A dokolku nesto ne im se svidja spremni sa da dada i nekoj drug(se spominja i Grifin kako plus na ovja dvajca)samo da ja ispolnat zelbata na Skajls koj so Pedja ima raboteno uste vo PAOK(ja imav cast da gi gledam protiv iraklis u 1/4 od kup u Solun).

11/16/2005 01:55:00 am  
Anonymous bodan said...

Taja godina na Skot i Pedja e godinata na legendarnoto finale na kupot za navijacite na PAOK protiv Olimpijakos-kogaj Pedja so zvukot na sirenata ja zatrae celata sala u Atina(10000 ludi crveno-beli).Neznam dali togaj imase puni 18 ama zna deka negde po put ga izgubi odlucnosta i mu treba trener ko Skajls.

11/16/2005 02:07:00 am  
Blogger Karakash said...

Браво Бодане, и двата коментара ти се на место. И мене ми текнуе кога Пеџа како тинејџер жареше и палеше низ Грција и беше МВП на нивното првенство. Одлучноста ја изгуби негде по пат, веројатно некаде измеѓу плеј-офот 2003 и ланската сезона, кога поголем терен падна на него и Биби. Знам за таа опција со Булси, за кои Пеџа има изјавено дека сака да игра уште прошлото лето, не само ради Скајлс, него и заради големата грчка популација у Чикаго, пази - грчка, а не српска.

11/16/2005 03:00:00 pm  

Post a Comment

<< Home