Sunday, November 13, 2005

Мемо не може сам
Синоќа премиера на мојот телевизор сезонава имаа Јута и Чикаго, две екипи со солиден старт, екипи со одлични тренери, пред се Јута каде се уште на клупа седи легендата Џери Слоун, еден од најпочитуваните тренери во цела лига, мора да му е чудно да води тим во арена во која неговиот број виси на кровот. На другата страна е Скот Скајлс, кој лесно може да се претвори во наследник токму на Слоун. - У при-гејм најавата ги издвојуваат Свитни, Мемо и Духон. Мајк како пријатно изненадување, Окур како прва ѕвезда на Јута сезонава, посебно неговата игра против Торонто, а Крис како повратник у први пет по еден меч пауза и прв асистент на Булси со 9.3 додавања у просек. - Од двете први петорки може да се направи една составена од странци. 1.четвртина: - Гиричек отвара со тројка по асист на Мемо. - Барем на старт, секој напад на Јута иде преку Мемо. Турчинот погодува две слободни, 5-2, Јута. - Духон враќањето у екипа го прославува со тројка. 5-5. - Ако може Духон, може и Хајнрих. 8-5, Булс. - Остертаг погодуе шут од 6 метри!!! - Мемо ала-Данкан од табла. - Идентична тројка на капетан Кирк. 13-9, Булс. - Брадата на Чендлер не е далеку од таа на Гасол. Ал-Каеда ол д веј. - Гира прави чекори, по што ја пуштаат "Walk this way" од Aerosmith & RUN DMC. - Нов асист на Мемо, сеа до Кириленко за лесни два. - Окур сеа го мести Согаила, погодува едно од две слободни. 18-15, Јута. - Скајлс мора нешто да мења, влегуваат најдобрата ланска резерва, Гордон, Денг и Г'зот Свитни. - Трета иста тројка на Хајнрих. - 2+1 на Денг. 21-18, Булс.- Кириленко падна...и едвај се дигна. Не е ваљда дека пак ќе се повреди на старт од сезона и ќе ја уништи сезоната на Јута, а? - Еве го на нозе, се држи за колено, но делуе ОК. Иначе, ударотбеше коллено у колено Гзот. - Мемо има фриз како сега да станал од спиење. - Убаво шутче на Денг. 27-21, Булс. - Мемо наместо времето за напад, го гледаше Гира како се бори за позиција. 5 секунди за напад за Булси. - Луол погодуе тројка со звукот за крај на 1. период. 32-21, Булс. 2.четвртина: - Дерон Вилијамс у прв контакт со топка дава кош. - Андреј е жив малер. Пак падна, сеа после шут за три, со свиткан десен скочен зглоб. Не ми изгледа ОК. Правец – соблекувална. - Отела биг фела погодуе за најубедливи 38-23, Булс. - Слоун ќе мора да го врати Мемо. - Три секунди у напад за Чикаго. Не е Свитни крив, он излезе, гзот му остана у рекет. - Дерон има солидно шутче. - Исто и Гордон, 44-28, Булс. - Мемос бек, 44-30. - Еј, еве го Девин Браун од Спарси. Скроз заборавив дека е у Јута.- Дерон, барем у движење и фигура, стварно потсеќа на Кид, само што уште сеа е бољи шутер од него. - Клупата на Чикаго завршува работа досега. Отела, Бен, Свитни и Луол ги изедоа колегите од Јута. - Бен го потврдува горново со двојка, 53-40, Булс. - Пак Бен, сеа од табла. - Тројка на Мемо преку Чендлер, 55-45, Булс. - 2.чет. завршува со бунар на Дерон. 3.четвртина: - Кириленко дефинитивно не се враќа. - Две тројки по ред на Чикаго, Носиони и Духон за 61-47, Булс. - Нова трица на Мемо. Ипак нагазил, само два. - Гира не нагази, 61-52, Булс. - Остертаг асистира! до Окур. - Носиони скроз забораве у агол, погодува тројка со истек на време за напад. - И двете екипи веќе неколку минути се без идеја у напад. - Конечно нешто корисно и од Девин Браун. Тројка за 68-60, Булс. - Колку е само Чендлер бескорисен у напад. Уште кога ќе ми текне дека го трампаа со Елтон Бренд?!?! - Дерон влезе и го размрда нападот на Јута. - Гира погодува. 72-67, Булс. - Бунар на Гордон. Дерон со сирена. - Бен се поправа со тројка, па одличен ролинг за положување преку Остертаг. 79-71, Булс. Крај на 3.период. 4.четвртина: - Двете минути тупење ги разбива тројката на Дерон. - Мемо на асист на Гиричек намалува на 79-76. - Булси у првите три минути од последната чет. прават се, само не играат кошарка. Тајм-аут на Скајлс. - Мемо ја претера со пуцање тројки. - Од 62% шут у прво, Булси паднаа на 38% у второ полувреме. - Милт Паласио, кој у игра се појави тек у овој период дава 4 поени по ред. 87-85, Булс.- Денг положува од тешка позиција, па Кирк го копира плус фаул. 92-85. - Судиите у критичен напад му свират три секунди на Мемо, кој у рекет беше едвај една секунда. - Паласио пак. 94-89, Булс. Милт за осум мин. игра има осум поени. - Мемо пак ја гази тројката. 96-93, Булс. - Денг куца у контра, 100-93, Булс на 1:20 до крај. - Мемо тип-ин, 100-95 (1:08) - Koлинс едно од две слободни, 100-96 (1:02) - Тајм-аут на турски се вика - мола. - Чендлер како Колинс, 101-96 (40сек.) - Девин утиња зицер од под кош, па прави фаул над Носиони, кој пак ги утиња двете слободни. Ипак помина доста време.(20сек.) - И Дерон го еба десниот зглоб. - Офанз. скок на Мемо, фаул од Ченлдер. Окур ги убацува двете слободни, 101-98, Булс на 15 сек. до крај. - Паласио за малце краде. - Денг погодуе 1 од 2 слободни, 102-98 (9сек.) - Толку од Јута, Браун утиња тројка, конечни 103-98. Без Кириленко, Јута едноставно не можеше да направи целосен камбек. Булси, пред се нивната клупа, зашто од стартерите само Кирк (и можеби Духон) изигра нешто, беше премногу за џезерите. Бен и Денг се веројатно најопасниот тандем резерви, кои факат се бољи од играчите кои им ги држат местата у првите пет. Но, Скајлс на време приметил дека тие се многу поефективни од клупа. Освен Андреј, кај Јута пак го немаше Бузер, кој нема настап сезонава, поради, како што се збори повреда на препоните, иако малку кој верува дека тоа е причината. У отсуство на ова дуо, Мемо стана прва опција, ѕвер у нападот, за што најдобро зборат рекордните у кариера 33 поени плус 17 скокови. Гоу, Мемо.

4 Comments:

Blogger Shepard said...

so mr. big нема заебаање! мемо е капетан немо! мемо е џемо (биљбиљ)

дај слика од чендлер со брада!

11/13/2005 04:03:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Не сум го глеал Мемо оваа сезона али типот знам дека е малце ТРОМ и тоа малце поише.Сепак , се гледа дека цело лето работел и сам си го изборил местото у Јута.Така треба.Ја изгубив од Работнички у курац.Ај нека и де све у...у на мајка му.

11/13/2005 04:49:00 pm  
Blogger Karakash said...

Изгубивте, а? Кажи резултат и дали играше? Бројки, молам:)

11/13/2005 10:16:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

61-50.Бев прва измена и одма коа влегов у 1 чет. даов кош.Н последниот напад од 1ва со напраив базер битер и даов тројка со звукот на сирената.Константно си изиграв и у второ на полувреме водевме 6 поена.Али 3та беше фатална играа нешо пресинг и не фркнаа 16 разлика.Ајдееееееее и до крај бркавме даов кошеви уште неколку,слободни и то али на крај(последната минута коа бркавме ко кучиња ни дадоа 5 поена).Иначе цело време беше тесно.Али ќе играме и на пролет.Остварив учинок од 14-2-2(имавме записничар шо пишуе статистика) и сеа само што се вратив(пази 23,25) од сала имав индивидуален од 20.Не утнав сеа на тренинг ејјјјј.Еј забораив да ти казам на 2 минути до крај,на 5 за работнички една тројка ми искочи од кош.Беше онаква ѓеврек и искочи...да ја даев таа друго ќе беше али јебига како што кажав ќе играме уд Птар Поп Арсов па друга прича ќе биде.Али кој ќе чека до пролет.

11/13/2005 11:27:00 pm  

Post a Comment

<< Home