Saturday, November 12, 2005

Мизерија
Како што викаат, после сонцето секогаш следи дожд, нешто што како за секој аспект на животот може да се примени и кога зборуваме за НБА. Поточно, доста често по некоја стварно добра уткамица знае да уследи некоја не толку добра или како таа што ја гледав синоќа – некоја многу лоша утакмица. Што е најтрагично, ради неа веќе си го ебел сонот и мораш да останеш да ја гледаш до 6:30 сабајле само затоа што не ти се спие. Титулата најслаба средба досега сезонава без двоумење ја давам на дуелот Сакраменто – Денвер, кој најискрено осеќав дека ќе биде лош за гледање, Шеп може да признае зошто се слушнавме околу два да видам дали му укључиле конечно НБА. Две екипи тотално неспремни за игра, играчи кои не им беше местото на теренот и тренери кои појма немаа што прават. Не сакав да трошам простор на нив, али ај. Џорџ Карл е познат по тоа што по некое време знае да ги сврти играчите против него и целата ситуација да се претвори у сапуница (ви текнуе на Милвоки?), е сеа, можда е малку прерано да се зборува за такво нешто во Денвер, но она сабајлево беа првите симптоми. Нити еден, ама баш нити еден, играч на Нагетси не играше како да му значи нешто дуелот со Кингси, никој не играше одбрана (освен можда Кемби и Нахера) и никој не потегна во напад. Мело и Кенјон Мартин, кога Денвер го бркаше резултатот седеа на клупа, а влегоа кога се беше решено, тактика на Карл која би требала да биде само лекција за дуото. Ерл Вотсон, кој летово беше најбитно засилување по кој знае кој пат не одигра ниедна секунда, иако тие кои играа на негово место беа живи труби, тактика на Карл со која сака нешто да му каже на ГМ-от Кики Вандевег. Се на се, ужасно издание на Денвер, кој ако продужи вака ништо од плеј-офот...или они почнуваат да играат негде од јануари. Од друга страна, Кингси иако победија, и тоа убедливо, не покажаа нити еден знак дека се тимот кој повеќето аналитичари го ставија на врвот на Пацификот. Триумфот е само резултат на мизерните Нагетси, да беше некој посериозен тим синоќа во Арко, ќе си се прошеташе до победата. Како и противникот, и Кингси играа несмасно, губеа топки, утињаа чисти шутеви и не се знаеше кој што треба да прави на теренот. Веројатно голем удел во таквата игра има човекот кој треба да биде нивни лидер, а кој е нивно најголемо разочарување сезонава, Мајк Биби, кој не можеше да погоди ама баш ништо, а покрај тоа и губеше топки и даваше лоши пасови цело време. Баш затоа и не се изнаигра многу у 2.чет. и 2.полувреме, кога плеј на Кингси беше Џејсон Харт, ланската резерва у Бобкетси. Харт кутриот, повеќе пути се мачеше да пренесе топка. Многу бољи од Биби не беше ни Бонзи Велс, а работата малку за извадија Риф, Пеџа и Бред Милер. Уште некој од нив да знаеше да игра одбрана, па Сакраменто и ќе личеше на екипа. Ипак, проблемов у Сакто, иако звучи комплицирано, има многу лесно решение – отказ за Рик Аделман. Бркоњата не сум го поштуел никад, барем не како победник, затоа што типот тоа не е, а на оваа банда у Сакто и тоа како им треба цврста рака. Рик имаше доста шанси да покаже дека вреди, време е за некој нов. Добро е што после дождот пак доаѓа сонце, кое ваљда вечер ќе ми го вратат Чикаго и Јута.

10 Comments:

Blogger Shepard said...

ти бар имаш што да критикуваш.. оправдано, си ги глеал двете најголеми разочарувања. арно ми рече „како не ми се глеа ова“ :)

ја сабајле бев у Зора.. овие храбрите момци што се испотпишаа, никој нигде.. унатре таму ко у месна заедница ЦЕНТАР ЖУПА.. срамота.. смрди на бабешко.. од нив очекувам НБА да ми пуштат.

Спорт 4, едина надеж..

11/12/2005 03:48:00 pm  
Blogger Ѕвезда Монева said...

Јас малце офф топик, ама ме копка зашто нема нишо за Сиксерс-Лејкерс, А?
:)

11/12/2005 06:09:00 pm  
Blogger Karakash said...

Шеп, ова беше до тебе упутено:)

11/12/2005 06:23:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Што за Лејкерси , нема потреба да се пишува...језда го гледав 1во полувреме и ова се некои ствари кои ги приметив...
-Коби го даде својот 1 поен после 8-9 минути игра(буквално 1 поен)
-Стивен Хантер и тоа како е подобрен.
-Хантер му здрви банана на Коби овој незнаеше птиците у зима на која страна летаат.
-Смуш Паркер е исто што и Чаки Еткинс лани , дури и боље.
-Девин Џорџ направи длабок бунар од 3ка.(али после се извади)
-Крис Мим пружа игра ала Владе Дивац(млитава али добра)
-Крис Мим даде 12 коша(1ва четвртина) и само ради него Сиксерси не се одлепија више.
-Ајверсон си играше курот со Лејкерс.
-Игуадала исжгра стварно добра одбрана.(Коби 17 поена цела утакмица)
-Ештон Качер не е ништо посебно.
-Исто е Вебер.
-Џон Салмонс!?Многу беше добар 1во полувреме.
-УТРЕ ЌЕ ГИ ТЕПАМЕ РАБОТНИЧКи.Ајде ЛИСИЦИ...доете ако сакате утре глеајте баскет кадете 90 год. работнички-ВОДЊАНСКИ ЛИСИЦИ у 1 попладне у салата градски парк.Работнички губи!З

11/12/2005 06:45:00 pm  
Blogger Shepard said...

starky.. шо да кажам.. НЕМАШЕ НА ТВ.. ДА ИМ ЕАМ МАТЕР ПОГАНА ЛАЖЛИВА.. затоа нема :( а и да сум глеал, не би пишал пошто таква тапа утакмица не вреди да зафаќа место на блого..

11/12/2005 08:51:00 pm  
Anonymous bodan said...

Ga imase na sporttv(por)filadelfija ama katastrofa od kosarka.U cela utakmica imashe 2-3 dobri potezi, edno cudo od strategija(od strana na fil)i pokusaj za pobeda na kobi(nemoze svaki da bide majkl-mada so zenot nisto ne se znae).Sve nasve katastrofa od siksers posto od niv stvarno ocekuev podobra kosarka- ako ne za drugo makar za chiks i nekulkute mladi talenti???

11/13/2005 12:46:00 am  
Anonymous bodan said...

Komentar za sakramento netreba i zatoa shepard bez nervoza so #zora# izgleda ovja stvarno ne vi pushtaa nba pa zatoa probaj so WWITV.com na kineskite kajsto vcera gi imase i denver i siksers,normalno so seckanje se gleda ama bolje e od nervozata so zora.A za sakremento uvek isto,letargija od adelman i cekanje na bibi(slaba vecer)i shutot na pedga(ako mu fati a mu fati delimicno).

11/13/2005 01:46:00 am  
Anonymous d-r nele said...

Ej do kaj dojde SAC. Od ekipa sto igrase najatraktivna kosarka...
Adelm,an ne da ne go biva nego e totalna rupa, pogotovo u play off.
Ne mu ja znam statistikata ali sigurno ne zbori dobro za nego.
Sega se gleda deka ni Bibi ni Peja ne gi biva da go povlecat timot.
Toa bea Divac i Kris. Dag Kristi bese edini sto igrase kakva takva odbrana. Adelman nema nikakov autoritet i go imaat toa sto go imaat.

11/13/2005 04:21:00 am  
Blogger Shepard said...

на анкета се изјаснивте дека највеќе би сакале да ги глеате сакраменто :) т.е. дека се најдобри за гледање :)

11/13/2005 12:56:00 pm  
Anonymous d-r nele said...

Vidis, sum go propustil toa, a bi glasal za NJN.

11/13/2005 04:26:00 pm  

Post a Comment

<< Home