Monday, November 07, 2005

Пак Лерингитис + Гарнет + кретенот Спри
Синоќешниот, трет пораз во серија на Никси уште еднаш покажа зашто не ми се свиѓа Лери Браун и зашто веројатно се додека не се пензионира нема да ми помине Лерингитисот. У само три утакмици у Њујорк (0-3), Браун веќе успеа да ја испреврти цела екипа, да се срчка со ланските први ѕвезди и да почне по изјави да спомнува имиња на играчи кои не му се по вкус. Сеа, знам дека задачата не му е лесна и дека си има работа со неколку стварно тешки случаи, но кога по само три средби у новата средина тренерот ќе почне по весници да ги критикува своите играчи, тоа покажува дека ни тој не е нешто многу подобар од тие тешки случаи. Што е можеби уште полошо преку своите изјави и потези на теренот, Браун покажува дека уопште не му се по вкус играчите кои летово го донесе човекот кој е заслужен што тој се уште има работа во НБА. Играчите кои Ајзеа Томас ги потпиша како делови од новите Никси, како Еди Кари, Квентин Ричардсон и Џером Џејмс јавно се критикувани од Лери, а ништо подобар третман немаат ниту Џамал Крафорд и Стефон Марбери. За сите нив тренерот изјави дека не се доволно борбени или по нашки дека "немаат душа". Добар пример за тоа е синоќешниот дуел со Вориорси во кој, очигледно за да упати порака до стартерите, Браун во голем дел ги играше тројцата дебитанти, Фрај, Робинсон и Ли, а покрај нив у првите пет одреден период беа и ланскиот руки Ариза плус Мет Барнс, кој летово дојде како слободен играч, по препорака на Браун. Еди Кари не се појави на теренот у последните 15 минути, а у игра помина само 16 минути. Џејмс иако стартуваше, играше само седум минути, а нити Џамал (17минути) го немаше у игра кога Никси го бркаа резултатот. Наместо тоа, топката у можеби најважниот напад ја прими Нејт Робинсон, на кого веднаш му ја украде Берон Дејвис, ставајќи точка на надежта на Никси за прва победа сезонава. По мечот Лери изјави дека Нејт не смеел да биде ставен у таа ситуација и дека тој не е крив за изгубената топка, но не кажа кој е кривецот. Не призна дека тоа беше негова грешка што го остави рукито во игра кога се кршеше резултатот, се само за да испрати порака до некои играчи. А не е дека Вориорси беа нешто сјајни синоќа. Тие утнаа дури 17 од 32 слободни, а Берон, кој играше практично со една нога, иако делувал незаинтересирано заврши со 16п., 6ск., 9ас. Да не биде дека сум против Браун, точно е дека со Стефон во игра тие утнаа цели 12 напади по ред, а Џамал, Кари и Џејмс не се нешто познати по оставањето душа на теренот. Тука посебно мислам на Џејмс, кого и го избрав како играч од кој неговата екипа ќе има најмала корист, иако им лапа добра дел од селари-капот. Мрцината сезонава одигра вкупно само 11 минути во кои успеа да направи седум лични. Не ги ни спомнуем Малик Роуз и Мо Тејлор (кој у следниве две сезони ќе лапне дури 18,8 милиони), кои се во тотална немилост кај Браун. Но, работата на Браун е да го извлече максимумот од своите ѕвезди и да ја пронајде вистинската хемија меѓу нив, а не уште на почеток да ги критикува, да води инат со играњето на дебитантите (иако по тоа не бил никогаш познат) и да прави потези со кои индиректно се потсмева со изборот на Ајзеа. Ете зашто уште имам Лерингитис. --------------------------------------------------- - Според повеќе весници од САД, нити една екипа, па и оние кои планираа да прават трејдови, у моментов нема да се одлучат на таков чекор само поради едно име – Кевин Гарнет. Се повеќе се збори дека Кеј-Џи не е среќен во Минеаполис и дека ако работите во Вулфси не тргнат на подобро, некаде околу Ол-Стар паузата тој од клубот ќе побара да биде трампан. Ваков потег би можел да се покаже како корисен за двете страни, затоа што и Гарнет се засити од Минесота, а и на сите во клубот им стана јасно дека преклани беа најблиску до титула со него у екипа. Одма кога се појави оваа вест, се јавија од родниот град на Кевин, Чикаго каде Булси би се откажале од пола екипа само да го добијат Гарнет. ---------------------------------------------------- - Латрел Спривел уште нема клуб. Како ли му преживуваат децата? Така и му треба, сељачиште едно. И да се деси да потпише со некого, Спри нема да земе повеќе од минимумот за ветерани со негово искуство (1,4 мил.), што е многу помалце од она кое му го нудеа Вулфси лани, 21 милиони за три години. Кога му ја понудија оваа сума Спри целиот револтиран ја одби изјавувајќи дека клубот со тоа го навредил и дека со тие пари нема да може да си ги прехрани децата. ПА ШТО ТИ ЈАДАТ ДЕЦАТА БРЕ ИДИОТЕ, МЕРЦЕДЕСИ?

4 Comments:

Anonymous Boromir said...

Neznam sto da kazam,revoltiran sum do maksimum!Ja gleav utakmicata i stvarno bese smeski.Prvite 5-6 napada,uporno odese preku Eddie Curry i ovoj stalno realizirase.Posle ne go stavi u igra.Ako Murbery bese mizeren i znam zosto ne igra,Curry neznam zasto ne igrase.Ali znam deka ima nekoj radikalen plan,pa ili ke ne zakole ili ke gi svrti rabotite.Mozda so takvi luge i mora da bides radikalen.Jas samo ke se nadevam.A debitantive bea dobri.Posebno Frye,Lee bese ok a Nate poise e tuka za da ja pali publikata,da diga atmosfera.Mnogu e mal:(.Zal mi e za decana na Spree,cela kosa mi pobele

11/08/2005 12:40:00 pm  
Blogger Karakash said...

Kutrite deca...more familijata:)

11/08/2005 08:52:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Абе па и вие што сте му се нафрлиле на Спри, знаете црнец(да не бидам расист ја мразам таа работа), деген,неучен , со второ оделение,самобендисан,кричр, монструм,пациент,олош,себичем , рапер,геташ...итд.На шо му мисли него главата освен на пари и слава.На ништо...коа е ГЛУПО ОПШТЕСТВОТО У АМЕРИКА.Не е он крив.

11/08/2005 10:24:00 pm  
Blogger Shepard said...

боромир, боље да игра кари 5 минути и да реализира од колку да игра 15, да реализира поише и да умре на терен од срценцето негово насушно :)))))))

11/08/2005 10:57:00 pm  

Post a Comment

<< Home