Sunday, November 06, 2005

Ужасни Пејсерси, одлични Сиксерси - се дешава
Денес требаше да имаме белешки и од Индијана-Филаделфија, и од Клиперс-Минесота, но као што обично бива, работите не излегоа според планот. Читајте па ќе видите зашто. 1.четвртина - Таман пред почетокот, кога изгубив надеж, сликата се поправи. Сиксерси на терен излегуваат со очекувана петорка составена од Ајверсон, Игудала, Корвер, Вебер и Стивен Хантер, додека Пејсерси стартуваат со Тинсли, Артест, Џексон, Крошир и Џермејн. - Ми текнуе дека Ајверсон е расположен увек кога игра у Консико. - Брзи четири на Индијана за 4-0. - Хантер му куца во фаца на Џекес Џексон. 4-2, Индијана.- Први поени на Ајверсон за 6-6. - Одма после тоа Ален одлично асистира до Хантер, кој поентира под фаул. - У согласност со новите дресови, и паркетот во Индијана претрпе редизајн. Но за разлика од дресовите кои отидоа на подобро, паркетот е максимално ружен со бело од страните, каде лани беше црно. Бљак. - Се игра многу брзо и по само три минути со двете слободни на Вебер, Сиксерси водат 10-8. - Игудала ќе се намучи со Артест, кој изгледа како да цело време додека бил суспендирал само дигал тегови. - Хантер е дефинитивно клон на повредениот Далембер. - Одбраните сеуште ги нема нигде. 16-15, Сиксерс. - Што мајка му треба на Вебер да иде на влез кога е спор ко полжав. Рон стигна на време да изнуди фаул у напад од Крис. - На Карлајл му е доста од брзата игра и бара тајмаут при 19-18, Пејсерс. - Сликава почнуе да се сере. - Добро е се среди. Америчкиве коментатори се мучат со презимето на Јаске, кој според нив се презива Јаскечиус. - Игудала и Корвер досега не учествуваа во ниедна акција на Сиксерси. - Еве го Андре, одличен фејк пас за лесно положување. Кој му асистираше? Корвер, нормално. - Иако е ужасно спор, Вебер изгледа многу подобро од лани. Осми негов поен за 26-23, Сиксерс. - Јаске влегува и одма прави фаул над Ајверсон. - Се поправа со тројка во напад. - Центар на Индијана у моментов е Џонатан Бендер, а четворка Дени Гренџер?!? - Корвер го прати другар му Ештон во фризура, а со тројка ги постигнува конечните за 1. период, 30-28, Сиксерс. 2. четвртина - Ништо од одбраната на Индијана. Нејлон убацува две слободни за 34-32 за Филаделфија, по што Јаске одма губи топка. Џим Кери полудува на клупата на Пејсерси. - Втор напад по ред Индијана ја губи топката уште на својата половина. Сеа Фред Џонс го фаулираше Ален. - Без прав центар, па ни четворка, у рекетот на Пејсерси цело време дува промаја. - Ова веќе не е интересно. Сеа Џексон прави чекори. На Карлајл му е доста па ги вади Јаске и Џекес. На нивно место влегуваат Тнсли и Артест. - Нејлон пак погодува плус е фаулиран од Бендер. 38-32, Сиксерс. - Рик конечно бара тајмаут и го враќа Џермејн. - Со него нападот на Индијана се враќа у нормала, но не и одбраната каде примаат кошеви од типови како Нејлон и Оли. 42-39, Сиксерс. - Оли дава уште пет поени во серија за 47-39 за Филаделфија, која иначе е 10. тим за Кевин во неговите 9. НБА сезони. - Пејсерси никако да фатат ритам. Причина за тоа можеби се и пречестите хокеарски измени на Карлајл, кој на пет мин. до крај на 1. полувреме веќе ја дигна цела клупа. - Дали сте знаеле дека Морис Чикс е 4. крадец во историјата на НБА? Пред него се само Стоктон, Мајкл и Пејтон. - Вебер не може да се одлепи од земја. - Дежа ву ву, Инди пак губи топка. - Ештон погодува едно од две слободни за +10 за гостите. 54-44. - Џермејн прави фаул у напад. - Вебер го погодува својот петти од шестте обиди од поле и досега има 12п. Дали знаете дека у петокот вечерта Крис го постигна својот 15 000 поен? - Ајверсон можеби не поентира, но затоа одлично асистира до Игудала. 61-50, Сиксерс. - Тинсли со звукот на сирената со ја поправа утката, но доскокува на нечие стапало и се витка од болка. 61-52 за Фила на полувреме. - Ален и Корвер изедначени со по 9п. и 7 ас. - Сиксерси шутираат со 64%!, ни Индијана не е нешто многу послаба со 61%, но изгубените топки и асистенциите ги убија. 3.четвртина: -Тинсли е ОК. - Корвер погодува у свој стил, го прати Ален со по 11п. и 7ас. - 2+1 на Хантер по 4. фаул на Џексон. 68-56, Сиксерс. - По Џекес, и Џермејн го прави својот 4. фаул. Кој ќе го чува сега рекетот? Бендер? - Сликава се усра. - Дефинитивно. Толку. Поради технички причини не можев да ја догледам утакмицата, а нити да ги гледам Клиперси и Вулфси. Гледајќи го денес извештајот и некои клипови глеам дека, барем што се однесува до 3. четвртина, не сум пропуштил ништо. Сиксерси на четири минути пред крај на периодот воделе 86-66. Онда, со стартот на последната четвртина Индијана конечно се разбудила, но недоволно и за да победи. Клуч за првата победа на Чикс на клупата на Филаделфија биле слободните на Вебер на секунда до крајот, по кои ни Тинсли, ни Џекес не успеале да погодат за тројка. Од она што можев да го видам, ова беше типична средба од оние во кои едниот тим влегува мотивирано, а другиот преопуштено. Сиксерси сакаа да покажат дека двата порази дома беа случајност и да му ја дадат првата победа на Чикс, додека Пејсерси мислеа дека победата е нивна само затоа што ја играа првата дома сезонава. Нити Филаделфија не е толку добар тим како што изгледаше вчера, нити се Пејсерси толку слаби. Ипак, Сиксерси со таква борбеност и расположен Вебер можат да изненадат секога, а Карлајл мора да поработи на хемијата во тимот, во кој му фалеа центрите Фостер и Полард. - Клиперс и Минесота, кои требаше да ги гледам, одиграа одлична уткамица, која заврши со победа на Клиперси у ОТ, најмногу заради Катино Мобли и Елтон Бренд. Сигурно најемотивната утакмица ја одиграа Далас и Сан Антонио, каде Финли за првпут по осум и пол години играше меч против Мавси. Мајк беше труба, а ни другите од тимот на шампионот не одиграа нешто посебно. Дирк и Девин Херис ги разбија у 3. четвртина за убедлива победа. Ипак, публиката у Далас му приреди топол дочек на Финли, правејќи стендинг овејшн некои три-четири минути. Што се однесува до Спарси, по двете уверливи победи дома, првото гостување им помина ужасно. Мало оправдување можат да бараат во тоа дека овој прв месец е период во кој сите тимови се навикнуваат на ритамот да играат и дома и во гости. Милвоки не застанува, откако го искористи неиграњето на Шек да стигне до 3-0 сезонава. Баш сеа го видов победничкиот кош на Ричард Џеферсон за Нетси против Булси. Главни виновници си се самите Булси кои најпрво утнаа едно од две слободни на седум секунди (Гордон), за потоа да не се вратат во одбрана па Џеферсон да положи плус да биде фаулиран од Чендлер. Толку.

2 Comments:

Blogger beto # 6 said...

јао јао како се здудлаа Минесота што го дадоа Ити во Клиперс.Јариќ ич не го бива.
Ја прочитавте ли ИЗјавата на Кесел пред утакмицата со Мин.
"If i was the Wolfs GM , i wouldn't trade Casell for Jaric"
Оу закон.Ги решил уште пред утакмицата.
Спри во Мајами???Уште он им фали , па за да бидат како Реал Мадрид.Ќе им требаат едно 3-4 топки за у напад

11/06/2005 04:06:00 pm  
Blogger TargeT said...

Не ми ги вреѓај Индиана толку :) Само лош ден, ништо друго:)

11/12/2005 08:49:00 pm  

Post a Comment

<< Home