Wednesday, November 09, 2005

Само у Атланта...(Сеќавајки се на Колиер)
Малце каснам, али глеам Шеп не се јавуе да фати сеир, па викам дај ја нешто да напишам, као фен на тимот кој изгуби. За оние кои не знаат, Шепард е дај хард фен на Лејкерси, додека ја, Каракаш, од коа знам за себе и НБА (негде 1989год.) сум и верен на Атланта. Од Доминик и убавите времиња, преку Смити и Муки, до ужасниов нов милениум за Хоукси. Као што веќе си знаете, синоќа нашите два тима играа еден против друг у Атланта и Лејкерси победија најмногу поради 37 поени на Коби и уште една сурпрајз партија на Смуш Паркер. Но, но е поентата у тоа, нити у тоа што беше првата средба во Атланта за новиот јастреб Џо Џонсон, нити пак у тоа што Хоукси уште немаат победа. Има две причини поради кои синоќешната средба не беше обичен НБА меч, едната е крајно позитивна, додека другата е крајно негативна. Позитивната прича е целиот трибјут кои Хоукси пред средбата го организираа во почит на ненадејно починатиот нивни центар Џејсон Колиер (така се изговара). Најпрво беше пуштено филмче посветено на Џеј-Си, во кое беа истакнати неговите најголеми квалитети, а тоа беше помагањето на помалку среќните од него, како и многубројните дружења со децата од домовите од Атланта. Онда имавме едно типче у килт кој на гајда ја отсвири химната на САД во чест на Колиер, за на крај Ал Херингтон да одржи говор во кој кажа каков човек и соиграч беше Џејсон и каков шок за него и другите играчи на Атланта претставуваше неговата ненадејна смрт. Тука имавме кадар од сопругата и ќеркичката на Џејсон во солзи. Човек тотално да се наежи. Негативниот дел се состои од нешто, што барем јас, го немам видено никад у НБА. Целата техника откажа, така да не работеа нити Џамботронот (она големото џудо закачено за кровот), семафорите над кошевите и сирените кои означуваат крај на нападот. И покрај целиот хаос, Хоукси инсистираа мечот да продолжи, што и бидна. Играчите играа иако не знае колку имаат за напад, официјалниот коментатор кажуваше кога нападот ќе стигнеше на десет секунди до крај, а кога нападот ќе истечеше, од записничката маса фрлаа пешкир на теренот?!? Ја такво нешто немам никад видено, а но Фил Џексон, кој кога по победата го прашаа дали некад у неговата кариера му се десило вакво нешто, тој рече: Не се сеќавам, но и да било веројатно било тука, во Атланта. Поголема брука за моите Хоукси, амин. Како не ја прекинеа средбата. Барем малку ме расположи овој коментар на Били Најт на изјавата на менаџерот на Спри: "Latrell is very much interested and has indicated a number of times his desire to play for the Hawks. He likes the fact the [Hawks'] owners, GM and certainly the coach are committed to amassing a winning team. He thinks he could make a major contribution to the team and he loves the city." –Боб Гист, менаџерот на Спривел. "We're loaded with players at the wing positions. And we really have no interest in Latrell Sprewell joining our team." –Били Најт, ГМ на Хоукси. -- Плачкото Радмановиќ изгледа ништо не научи од ЕП, па сеа своите проблеми со главата ги пренесува и во Сиетл, каде по само четири меча почна да се буни по медиумите дека тренерот не го сака. Заборава дека следното лето ќе треба да бара нов клуб, а тешко дека на некој му треба психо у екипа. -- Стив Френсис Рибок го замени со Најк. Паметен момак. Shepp joins in: Ептен сум среќен што моите Лејкерси влегоа у сезоната со 3-1 и ептен ми е ќејф за дуото Кони - Смуш кои даваат по 60 поени на утакмица. Тоа со техниката ми е смешно, ама не толку шокантно колку за Америте.. за Колиер - РИП, и Господ нека го пази Кари.. за Радман.. иди лечи се.. за Спривел - дај некој нека го ангажира, децата више му се пред умирање од глад.. Ај така.

3 Comments:

Blogger beto # 6 said...

Спри и неговиот менаџер сами си местат договори еј.Хаха фино шо ГМ-то на Хотланта(како што вика Каракаш) така гадно ги здркал.
Ама бе Каш ако Спри дое у Атланта не би сметал ништо.Ќе дава од време на време по 20 поена.Се зезам нема да дава ни по 3.Глеам на Атланта нешо супер им иде у новава сезона,па може со Спри работите ќе тргнат на уште полошо.Амин.Моли се Каш Спри да отиде у Орландо или Мајами.

11/09/2005 11:45:00 pm  
Blogger Karakash said...

се молам:)

11/10/2005 05:57:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Или у Кливленд како што сега прочитав...Утре не дај боже да видам...Спри потпиша двегодишен со Нетс.Ќе се убијам.

11/11/2005 12:18:00 am  

Post a Comment

<< Home