Thursday, November 03, 2005

Зен није шала
Добро утро. Пред само пола саат заврши првиот меч од новата Коби-Фил ера во Ел-Еј. Според тоа што можев да го видам, а ги гледав само последната четвртина и продолжението, Лејкерси нема да бидат така лесен орев како што сите мислеа. Она што некои аналитичари го најавуваа како тим кој најмногу ќе изненади, сега не ми изгледа толку претерано затоа што победата сред Денвер беше во типичен Зен-Мастер стил. Јасно, веќе го нема Најдоминантниот во рекетот, но сеа Лејкерси според системот на игра ептен ми личат на Булси, и тоа оние првите, од 1990. Се знае кој што игра, се знае кој е газда во тимот, веќе нема основа за карање околу тоа кој е прва ѕвезда, а кој е негов чирак. Наместо од Шек, како што беше до пред година дена, сега секоја акција трга од Коби, уште се игра триаголникот, само што сеа улогата на центарот е многу поинаква. Вчера, поради суспензијата на Џорџ Карл, втора вечер по ред Нагетси ги водеше Скот Брукс, и како и со Спарси изгледаше дека душата на тимот не е никој од играчите, него самиот Карл. Дуелот Фил-Брукс беше како кога играте баскет со мало дете, Скот беше изгубен во финишот кога Лејкерси чекор по чекор ги стигаа Нагетси за на крај и двете екипи да имаат по напад за победа. Најпрво Денвер го одигра најпредвидливиот напад, Мело ја прими топката високо над тројка, чуван од Девин Џорџ тргна на десно, некаде после слободни проба да го излета Џорџ, овој не наседна, па ништо чудно што не ни погоди. Следната меч-топка јаи маше Коби, кој на девет секунди до крајот беше изолиран против Бакнер. Клуч на утката на Брајант беше личната која судиите не ја видоа кога Грег пред да тргне КБ8 му брцна малце во око, што му го смени и шутот. Ипак, она што го пропуштија во финишот, Фил и Лејкерси го искористија во продолжението. Надежта на Денвер пропадна кога Мело ја направи 6.лична, за која е заслужен Фил и одбраната која цело време го гњавеше Ентони. Од тој момент гостите беа во контрола и иако Нагетси имаа шанси за уште еден ОТ, Лејкерси преку поените на Коби во последниот свој напад стигнаа до победата. Ако нешто ме изненади кај дечките од Ел-Еј, онда е позицијата плеј, на која играше Смуш Паркер, кој ги надигра и Андре Милер и Ерл Бојкинс (Вотсон пак не го видов). Вчера спомнав Вошон Ленард дежа-ву, но не мислев дека до толку ќе бидам во право за Нене. Како и лани Ленард, Нене уште во првиот меч сезонава ги еба лигаментите и поради тоа ќе мора да паузира цела сезона. Ниедна повреда не е добра, но оваа е баш во лош момент за бразилецот, кој пред само неколку дена не го доби очкеуваното продолжување на договорот, што значи дека следното лето ќе биде слободен играч, т.е. нема да остане во Колорадо. Полош тајминг, амин. Толку од мене вака рано сабајлечки. Шеп ќе преземе подоцна, а материал има едно чудо, од Кесел и Клиперси, преку Ред и Бакси, Крис Духон, Јута, Џон Бери, РИП и Детроит, дебито на Лери Браун итд… Шепард: НАЈБОЉИ СМЕ!

10 Comments:

Blogger Beto said...

Ej ej ne preteruvaj.!>Lakers kako Bulls-NE
I Kobe ne e Jordan.
NJ izgubija , im ebam sve na Bucks.

11/03/2005 04:11:00 pm  
Anonymous d-r nele said...

A be vi rekov vcera deka Bucks ke dobijat puno. A i Beto ne se oni krivi sto NJ imaat promaja u reketot.
SAC i natamu prodolzuvaat u supacki stil. Pamtete sto vi rekov kolku pobedi na strana ke imaat.
Dobro e IND startuvase so pobeda a NYK ne gi spomnuvam poradi Leringitisot na Karakas.
MIN dobi ama posle 35 poeni na E.T mislam deka nema da im bide sveedno sto E.T ne e so niv.
DAL e nepredvidliv.
LAL imaat sansi da bidat duri i prvi vo LA.

11/03/2005 05:10:00 pm  
Blogger Beto said...

:)Da ke bidat prvi vo LA

11/03/2005 07:15:00 pm  
Blogger Karakash said...

Бето, јас само пишав за тоа што го видов. Не знам дали си ги гледал Булси од 1989-90, но послушај го Чичо ти Каракаш. Нормално, тоа беше само една утакмица и не значи ништо, но судејќи според неа, нема да биде толку лошо како што им предвидуваа.
Неле, прав си:)

11/03/2005 08:37:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Ok ok ok , neam nishto protiv tee,onaka iskomentirav.Ti poveke si u NBA od mene toa e se OK i tvoite komentari i postovi se super.
A Kwami kako izigra?

11/04/2005 12:19:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Ova MORA da go vidite.Dvajca ludi Kinezi peat pesna od Backstreet Boys u dresovi na JAo.
Ludnica sum se mocal od smeenje
http://www.lemonzoo.com/funny_videos/595/that_way_lip_sync.html
Videte obavezno:)
Pozdrav

11/04/2005 12:06:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Igram so isti patiki kako Kobi samo vo boite na mojot klub.Plavo-beli.
Vodnjanski RULEZ

11/04/2005 12:15:00 pm  
Anonymous Boromir said...

Enko ne peer.Nema ni senka od bikovi u LA.Veruvaj mi,kobe nema 2 grama sportska intelegencija.Lamar ne igra odbrana 30% od toa sto igrase Scottie.Nema Rodman,nema Kukoc... Suns sabajle si igraa igracki so niv.A Suns vakvi kakvi sto se,ne im begaat 45-50 pobedi.Ja igraat istata kosarka od lani

11/04/2005 03:46:00 pm  
Blogger Karakash said...

Once again, "јас само пишав за тоа што го видов. Нормално, тоа беше само една утакмица и не значи ништо, но судејќи според неа, нема да биде толку лошо како што им предвидуваа."

11/04/2005 08:01:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Ги гледав и двете утакмици на Лејкерс. И да ви кажам право промаја ме фати.

А и цело цепелини летаа.

Лејкерс, ако не се деси некоја промена(читај чудо), тешко дека ќе влезат у плеј оф. Сеа знам рано е, ама тоа шо го видов ич не ми се свиѓаше.

11/04/2005 11:38:00 pm  

Post a Comment

<< Home