Wednesday, November 02, 2005

Почна!
Пред да почнам со пишување за тоа, што гледав синоќа, морам да им пружам рука и кажам свака част на момците од мојата кабловска "Галакси", кои имаа њух за потребите на нивната публика и не почастија со NBА ТV. Фала момци. За информација, на истата ТВ има цела недела дабл-хедери. Вечер на ред се Мемфис-Мајами од 02:00, па Денвер-Лејкерс од 04:30, додека утре, во четврток на програма го имаме дербито на Истокот, Мајами-Индијана, по кое следат Феникс-Лејкерс. Термините се исти. Првата од многуте непроспиени НБА вечери започна со врачувањето на прстените на шампионите од Сан Антонио, а заврши со дуплиот продужеток во Феникс. Но, пред да ја почнат Спарси одбраната на титулата, ја гледав специјалната привју емисија, во која неколку работи ми фатија око: - При претставувањето на Јута главни муабетџии беа Мемо Окур и Кириленко, седнати у некоe кафулe у Солт Лејк Сити. И двајцата се трудеа да кажат што е можно поубави работи еден за друг, а смешно беше што тoа го правеа на англиски, кој ни едниот, ни другиот не ги владеат нешто посебно. Се личеше како на сцена од некој лош филм, синхронизиран на англиски. - НБА има две нови реклами, од кои едната е стварно фантастична. - Богут ти е типичен dudе-фраер. - Точно е, Џералд Грин стварно има девет и пол прсти - Лоренс Френк у гро-план личи на хобит - Чарли Вилануева со тешки муки одработува тренинзи По најавите следеа Спарси и Нагетси, но пред тоа Штерн им ги врачи шампионските прстени на домаќините. - Данкан ја нема веќе зборената брада "ала-Мојсеј", но затоа има ново фризурче – мини-Афро. - Првпат во живот видов како изгледа Ар-Си Бјуфорд, генералниот менаџер на Спарси, тоа кажува доста за приоритетите во Аламо. - Брент Бери изгледаше најсреќен, зашлапувајќи го комесарот со еден голем, влажен пољубац во обрaз, на што цела арена се изнасмеа. - Трет шампионски банер за шест години. 1.четвртина: - Нестеровиќ во прва петорка?!? - Нагетси ги води помошникот Скот Брукс, затоа што Карл летово беше суспендиран на три средби од лигата. Ви текнуе на Брукс? - Гостите почнуваат силно и по една минута водат 5-0. - Финли на клупата седи само четири минути, влегува на местото на Боувен. Во првиот напад за новиот клуб, Мајкл губи топка. Убав почеток. - Тони и Ману утињаат чисти положувања. На Поп не му се свиѓа тоа што го гледа, па на средина од четвртина го бара првиот тајм-аут. 17-8, Нагетс. - Данкан се буди, (8 поени по ред), фризурата одамна му е разбудена. - Нене на бразилски мора да значи – дрво. Само што го напишав ова, Нене го повреди коленото. Вошон Ленард, дежа-ву? - Ван Ексел влегува у игра и у првиот напад забива тројка у свој стил. - Четвртината со серија ја завршуваат новите “мамузи”, Финли, Ник и Оберто. 27-21, Спарс. 2.четвртина (а веќе ми се спие): - Хори блок-машина. Прво го блокира Мартин, па Бакнер. Тоа отвара контра која по неуспешниот цeпелин на Ману, ја завршува Боувен. - Телевизијава е супер. На секој тајм-аут ги даваат бокс-скоровите од другите утакмици. - Нагетси секој напад го почнуваат од Кенјон, што нормално нема плод. - Мело изгледа појак од лани. Пифтија но моур. Најдобар показател му се влезовите и бананата врз Паркер со звукот на сирената, која заврши во 1.ред. - Полувреме, Денвер води 48-46. - Крег Сегер(TNT) не носи дреч одело! 3.четвртина: - Нема само Данкан нов фриз, и Ману се зашишал, сеа е пљукнат Енди Гарсија. - Цепелин Кемби – Мартин. - Рашо у игра поминува цела минута и пол, на негово место влегува Назр, кој веднаш дава два, па изнудува фаул у напад од Маркус. Толку од Рашо како стартер. - Мело го кросна Боувен за лесни два. - Кенјон не го сакаат ни во Сан Антонио. Не верувам дека ни мајка му го сака. - Мело е стварно појак. - Данкан сигурно има некоја фобија од огледала. Да немаше, до сеа ќе се погледаше у некое. - На пола четвртина камерата го покажува Ерл Вотсон тужен на клупа. Најзвучното засилување на Денвер летово не ни влезе во игра. 64-61, Нагетс. - Поп четвртината ја завршува со петорка Ник, Финли, Бери, Хори и Оберто. Ништо чудно што последните две минути не можат да го видат кошот. 72-69, Нагетс. 4.четвртина: - Првата половина од четвртина ми поминува во тешење на Шепард што кај него нема кај да гледа Феникс-Далас. Нема белешки. - У меѓувреме, Финли покажува знаци што би можел да им значи на Спарси годинава. Мајк е клучнииот играч во серијата со која шампионот се одлепи и лагано си го приведе мечот кон крајот. - Готово е, 102-91, Спарс, конечен. Пост гејм: Типична победа за Спарси, кои не се препотија многу за да стигнат до неа. Нагазија кога беше најбитно и лагано си победија. Се изгледаше како лани, плус Ван Ексел го замени целосно Бено Удрих, кој не влезе во игра, Оберто ја лапна улогата на другиот Словенец, а Финли му ги скрати минутите на Боувен. Спарси се појаки од лани. Што се однесува до Денвер, изгледа целата магија лани беше во Џорџ Карл на клупата. Без него, играчите, освен Мело и Бојкинс, како да немаа волја за игра. Пех им беше и повредата на Нене, а шутот однадвор уште им е најслаба страна. Веднаш по победата на шампионот следуваше дуелот меѓу ремонтираните Санси и Далас. Тука не фаќав нешто многу белешки, веројатно затоа што однадвор почна да ме мава сонце во очи. Од она што можев да го видам, натпреварот многу потсеќаше на тие од ланскиот плеј-оф кога Мавси го оставаа Неш што сака да игра, а ги чуваа другите момци. МВП си се шеташе низ одбраната на гостите, а помош имаше во….Раџа Бел?!?! Тие двајца искомбинираа 27 од првите 49 поени за Феникс, додека Далас делуваше тотално дезориентирано и без идеја во нападот. Санси 1.полувреме го добија 53-43. Како што истекуваше време, Феникс ја пумпаше разликата, така да у последната четвртина имаа и плус 17. Но, на 7:44 до крајот Мавси се разбудија и покажаа колку се непредвидливи. Во истиот момент Санси покажаа дека не се истиот тим од лани. До крајот Далас со серија 21-3 успеа да израмни и избори продолжение, кое Тери со положување го однесе во второ, во кое на поените на Ван Хорн и Дирк во последната минута Неш не успеа да одговори со трица која ќе ги однесеше во 3.ОТ. Очигледно е дека Санси ќе се мачат дури не им се врати Амаре, затоа што и покрај слабата игра цели 40 минути, Далас успеа да ги стигне и на крај победи. Евидентно е и отсуството на Кју и Џо, кои во првите пет ги мењаат Џејмс Џонс и Бел. -На другите две утакмици синоќа се десија две изненадувања, едно помало, друго поголемо. Најпрво Бакси успеаа да ги стигнат Сиксерси и у последниот напад со тројката на Мајкл Ред да изборат ОТ, во коe ги прегазија домаќините. Најпозитивната работа од оваа победа за Милвоки е камбекот на Ти-Џеј Форд, кој за малку утна трипл-дабл (16п.14ас.и 9ас.). Поголемиот сурпрајз го направија давениците Хорнетси, кои во дебито во својот привремен дом ги прегазија Кингси. Толку од првата НБА вечер...се читаме утре.

3 Comments:

Anonymous d-r nele said...

Sto vidovme prviot den. Vidovme deka se pokaza tacno sve ona sto bese kazano vo privjuata i vo komentarite na ovoj blog/sajt.
SA - Mnogu Jaki(Bulldozer), ne e reklama za cevli.
DEN - ke bidat dobri ama Martin moze da e dobar samo so Kid.
PHI - ke bide mnogu trudno do play off
MIL - ke se davat so site i puno i ke dobijat.
PHO - i oni trudno do play off a kako sto bese kazano ke gubat dosta tesni utakmici.
DAL - po staro ke bidat totalno nepredvidlivi.
NO - prvata utakmica ne e nisto ke bidat selo bez kucinja.
SAC - istata supacka ekipa unazad 2-3 godini. ne umeat da igraat na strana, ke imaat okolu 40 % na strana.
U sekoj slucaj ke bide interesno.

11/02/2005 05:25:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Kako ne Ve mrzi da go pisuvate seto ova :)

Sekoja cest!

11/02/2005 05:30:00 pm  
Blogger Karakash said...

Mrzi, nie ne mrzime nikogo:)

11/02/2005 07:49:00 pm  

Post a Comment

<< Home