Tuesday, November 01, 2005

Глобална прогноза за новата 2005/06 сезона
Во основа никогаш не сум сакал прогнози, затоа што никој од нас не гледа на гравчиња, боранија и сл. зарзават, па да знае што ќе се дешава во следните осум месеци. Ипак, по неколку молби, еве ја мојата прогноза, на која Shepard ќе се надоврзе мало касније. Доста често ваквите прогнози на крај знаат да излезат права смејурија, посебно кога станува збор за Истокот, каде и Мајами и Индијана и Детроит буквално ќе се борат за конференциската титула. Работите на Запад се многу појасни, каде Сан Антонио би требал да прошета до Финалето, освен ако не се деси некое чудо, па комшиите од Тексас ги изненадат. Како и да е, пред нас е една од поинтересните и поизрамнети NBA сезони, во која се надевам дека по една година пауза некој и кај нас ќе врши директни преноси и дека на крајот ќе имаме нов шампион, чисто колку да биде поинтересно. Идеме. Индивидуална: Руки на годината: Не можам да се одлучам меѓу Јаске и Крис Пол Шеп вика: Чарли Вилануева (навијачки и после феноменалната предсезона) Прв отказ за тренер: Боб Вајс или Сем Мичел Шеп вика: БОБ ФАКИНГ ВАЈС! Најнекорисен играч: Џером Џејмс Шеп вика: Ентоан Вокер Најлоши бивши 1.пикови: Мајкл Оловоканди и Џо Смит Шеп вика: овие, плус Квами Браун Најдобар оперативец: Грег Поповиќ Шеп вика: Тачно Најлош оперативец: Кој и да ја врши таа функција во Орландо Шеп вика: Коланџело од Феникс МIP: Џејмс Џонс (Феникс) Шеп вика: Стромајл Свифт (Хјустон) Прв стрелец: Ален Ајверсон Шеп вика: при пуна разум и свест, Џилберт Аренас Асистент: На престолот се враќа Џејсон Кид Шеп вика: Ајверсон (да, знам, асистент) Камбек на годината: Рон Артест Шеп вика: Фил Џексон Скокач: Кевин Гарнет Шеп вика: Може Нај-странец: Диркулес Шеп вика: би те зезнал ако речам Данкан, па ај нека иде Дирк Нај-6. играч: Ако Јаске биде Руки на годината, онда Бен Гордон пак Шеп вика: Финли Дефанзивец: Кириленко или Артест Шеп вика: АК47 MVP: Леброн или Мекгрејди Шеп вика: стварно не знам, ама навивам за Дикрулес Тренер: Рик Карлајл Шеп вика: Џорџ Карл Екипна: Аtlantic: Њу Џерси Шеп вика: нема кој друг Central: Индијана Шеп вика: редно е Southеаst: Мајами Шеп вика: на жалост, да ИСТОК: Индијана Шеп вика: ја би сакал, ама ако свињата се разигра, Мајами Northwest: Денвер Шеп вика: ДА Pacific: Сакраменто Шеп вика: Лејкерс :) (се зезам, Сакраменто) Southwest: Сан Антонио Шеп вика: тука Хјустон има исто голема шанса ЗАПАД: Сан Антонио Шеп вика: да не се повтарам од погоре ШАМПИОНИ: Индијана Шеп вика: Лејкерс. Не, кој ќе биде подобар во дуелот Хјустон/Сан Антонио Временска (Каракаш): По неколку години пауза, со исклучок на лани, кога Пистонси од ведро небо станаа шампиони, оваа сезона Истокот, за првпат по ерата на Мајкл и Булси го очекуваат подолги сончеви периоди. Облаците кои долго време истураа врз источниот брег се преселија на спротивната страна од континентот, каде освен Тексас, сите останати држави ги очекува умерено, до значително облачно време, пропратено со обилни врнежи од дожд, а во некои области и снег. Дури и Аризона, која лани беше најтоплата држава, оваа година ќе доживее затемнување на сонцето. Спортска прогноза (Шепард): Ја ви предлагам да го играте Сан Антонио кец у кец, а Хјустон, Индијана и Детроит може само чист кец. Голден Стејт, Атланта, Њу Орлеанс, Сакраменто, Денвер ќе ви бидат три плус со многу прекрасни потези. Леброн стајте го икс у икс, ама пазете на Мекгреди. Феникс ви е чиста двојка, можда икс-два ако се врати Стадемаер порано. Пуно тимови се со двоен предзнак. Сега за сега, Сан Антонио има најмал коефициент, ама тоа ќе варира. Внимавајте влогот да биде у рамките на селари - капот.

5 Comments:

Blogger Ико said...

Опалааа....ајде честито, знаете за што. Шепарде дете, дај да седнеме вака претсезонски со колегава Каракаш да подискутираме на разни теми со неколку пива!!!

11/02/2005 12:26:00 am  
Anonymous Boromir said...

Morase da mi gi mavate knicksi so kamenja.Ako,ako.Ke vidime koj ke bide iznenaduvanje na godinata.KNICKS 4EVER!!!

11/02/2005 09:13:00 am  
Anonymous Boromir said...

More Dirkules i Nash se nametnuvaat za MVP uste od start!Sega gleav highlights i Dirk im dade 3 trojki u kontra za da se vratat od -17 u zadnja cetvrtina!Strava utakmica!NBA it's back guys.Better than ever!

11/02/2005 10:23:00 am  
Blogger Beto said...

Spored koj osnov ja smetate INDIJANA kako potencijalen sampion?.>>??
Eden Jasikevicius nema tolku da smeni.Vcera vecer ne mi se spiese i mislev za so tolku INDIANA FEVER IMA...ama nekako ne mi ide na toa.
Od Detroit gubat na cisto,Miami isto,da bidam realen pojaki se od NJ ali za samp. -NE>
Moja prognozA: Houston

11/02/2005 11:10:00 pm  
Blogger Beto said...

Zaboraiv,MVP-Chris Paul(idniot Francis,Iverson,...)

11/03/2005 12:11:00 am  

Post a Comment

<< Home