Monday, October 31, 2005

NBА, на тебе је ред
Чекањето завршиииии!!! Од утре вечер ни се враќа причината поради која и постои блогов/сајтов, причината поради која нема да бидам наспан во следниве осум месеци, причината поради која и го запознав Shepard, причината која поврзува милиони фанови ширум светот, единствената лига која е подеднакво популарна на цела планета. Ни се враќа нашата тетка НБА, која утре полни цели 59 години, а сепак изгледа као Хајди Клум пред пораѓај:) Вакумот меѓу двете сезони (првиот за NBA Macedonia) можеби не ни донесе некои спектакуларни трејдови или проблеми со законот како што тоа беше случај минатото лето, но сепак имаше доволно интересни моменти за сечиј вкус: The Rich… Hасловот со кој може да се опишат најдобро работите е The Rich are getting richer, затоа што најпрво шампионот Сан Антонио, иако веќе имаше еден од најкомплетните тимови, си ги потпиша докажаните ветерани Мајкл Финли и Ник Ван Ексел, за потоа Мајами второ лето по ред да биде дел од најголемиот трејд по кој на Флорида се преселија Ентоан Вокер, Џејсон Вилијамс, Џејмс Поузи, а нешто подоцна и Гери Пејтон. Факат дека некои од овие имиња веќе некое време се само тоа – имиња, но факат е и дека тие имиња сеуште имаат тежина. Е сеа, чија тежина е потешка ќе дознаеме следниот јуни, а можеби и порано. The Future По обичај, муабетот, па и подготовките за секоја нова сезона почнуваат уште со драфтот кој по традиција при крајот на секој јуни се одржува во МSG во Њујорк. На последниот драфт на кој смееја да се пријават средношколци тие останаа у подредена улога во однос на NCАА ѕвездите, а името на Андрија Богут беше првото кое излезе од устата на комесарот. Австралискиот Хрват кого го нарекуваат комбинација од Сабонис и Дивац (се надевам дека преовладува делот на Сабас) ќе биде дел од реновинариот тим на Бакси, кој по кратка пауза планира да се врати во плеј-офот. Од оние имиња кои беа избрани во првата рунда уште во својата 1. НБА сезона најзабележлива трага би требал да остави Крис Пол во кого во Њу Орлеанс/Оклахома/Батон Руж Хорнетс гледаат наследник на Берон Дејвис. Ништо чудно ако одигра според очекувањата, Пол да биде и руки на годината. Don’t let the SUN go down on me Само една вест беше доволна оде ден од фаворитите на Западот, Феникс во очите на сите да падне до борба за некое од последните плеј-оф места. Операцијата на коленото на Амаре Стадемаер ги уништи амбициите во Аризона, а според некои извори веста дека тој ќе се врати во февруари е преоптимистична и дека лесно може да се деси тој и да не заигра сезонава. Ауч. The Devil in Hotlanta Причата која мене лично најмногу ме изнервира беше целиот хаос кој настана околу преминот на Џо Џонсон од Феникс во Атланта. За тоа пишував доволно летово, а на крајот имавме хепиенд, ем ѓаволот Белкин се отсели од Џорџија, ем Хоукси го лапнаа Џо. Знам дека многумина ќе кажат дека 70 милиони се премногу за Џо, но причата не е у тоа. Кога по незнам колку години некој фри ејџент ја прифати понудата на Атланта, од никаде се појави 1/9 од газдите на тимот, Стив Белкин, кој сакаше Атланта да продолжи да функционира он д чип како Клиперси. Типот за малку ќе ги чинеше Хоукси иден Ол-Стар играч, но што е уште поважно ќе ја направеше Атланта најнепожелна дестинација за било кој играч. За среќа тоа не се деси и сеа моите “јастреби” имаат еден од најатрактивните, млади тимови во НБА. Кате ја избрка НБА од Њу Орлеанс Најтрагичниот настан, не само од баскет аспект, беше хаосот кој ураганот Катрина го направи во Њу Орлеанс и неговата околина. Нормално, нас не интересира што значи тоа за Хорнетси, кои годинава сигурно нема да се вратат дома, а привремено "дома" ќе им бидат Оклахома и Батон Руж, кои покажаа солидарност, но и желба да имаат "свој" НБА клуб. Сево ова се дешава во многу лош момент за клубот, кој и онака не можеше да ја наполни арената во NewО откако таму се преселија од Шарлот. Според многумина ова е шанса за газдата Џорџ Шин пак да ги сели Хорнетси, но тој барем засега тоа го негира. Како и да е, Њу Орлеанс нема да гледа НБА сезонава, за убудуче ќе видиме. Coach me if u can Зен-мастерот и Коби се пак "у љубав". Иако у својата ланска книга Фил истури едно чудо камења врз Брајант, тој ја прифати понудата на Лејкерси пак да седне на нивната клупа. Сосема е јасно дека трите титули по ред ќе останат само убав спомен, а Фил и Коби у новата сезона ќе се мучат да ги вратат Лејкерси у плеј-офот. Они рекоа дека се што поминало е зад нив, но кога Коби ми е у прашање ништо не е сигурно. The tragedy in Hotlanta На 15.10. од ведро небо пристигна веста дека центарот на Хоукси, Џејсон Кулие веќе не е меѓу нас. Момакот кој според тренерот Мајк Вудсон се наоѓаше во најдобра форма и бeше пред својата најдобра сезона зад себе остави сопруга, која до последен момент се обидуваше да го спаси, и ќеркичка. Кулиуе можеби не беше некое играчиште, но беше најомилениот лик меѓу навивачите на Атланта поради својата несебичност и желба да помогне секому. Ова само уште еднаш не врати сите на земја, потврдувајќи дека колку и да ја сакаме оваа игра, таа сепак е само тоа – ИГРА. Плус, фрли уште еден сомнеж врз состојбата на Еди Кари кој поради проблеми со срцето го утна плеј-офот, за да потоа откако одби дополнителни тестирања од Булси да заврши во трејд во Њујорк. Пензионери Чекот од пензијата од овој ноември редовно ќе стига на адресите на Реџи Милер, Стив Смит, Алан Хјустон и Владе Дивац. За повлекувањето на Реџи се знаеше уште пред нова година, за тоа на Стиви не знаевме, но го очекувавме, Алан ги изненади сите откако изјавуваше дека конечно е подготвен да се врати, со веста дека неговите колена не можат да се вратат во нормала и дека тоа значи крај за неговата љубов со НБА, а за Владе пишувавме доста (еве ви линк), можам само да кажам – време беше. Нема веќе гето-фраери Еден од деловите во новиот Колективен договор, кој не спаси од уште една локаут сезона, покрај елиминирањето на средношколците од следните драфтови, беше и елиминирањето на гето стилот на облекување меѓу ѕвездите. Според Штерн и компанија, сликата која играчите ја ствараа за НБА не се совпаѓаше со сликата која тој сакаше таа да ја остава. Така, веќе нема да гледаме ретро дресови, прешироки фармерки, ланчишта до колена, златни протези (да, да), маици без ракави, капи и марами на глава и сл. Мене лично ми се свиџа целата идеја, мада со самото тоа што не беа определени казните за непочитувањето на правилото, се остава простор за негово кршење. Ако таа изнесува некои 5 000 $, тогаш ништо од него, зашто Ајверсон може да си дозволи да плаќа секој ден, но ако биде 25 илјадарки плус суспензии, е онда ќе биде интересантно. Како и да е, мислам дека правилово беше медијски пренапумпано и дека нема да има некој посебен ефект. NBA in Macedonia За тоа дали кај нас по една година пауза ќе има НБА преноси се уште немаме официјална информација. Од контактов кој денеска го имав со некои луѓе дознав дека има шанси ТВ4 да биде спасителот. Откако контактирав со нив дознав дека неофицијално се во преговори, но ништо не е дефинитивно. Ајде, ТВ4, не знаете колку ќе добиете со таквиот потег, ако треба и ние ќе фрлиме некој динар:). Идемо даљe Во само четири и пол месеци постоење NBA Macedonia ги помина 5 000 unix посети, ви ги сервираше сите 30 најави за новата сезона, ја прошири фамилијата за два нови kонтрибjутинг члена, Бето и Боромир, се збратими со браќата по блог од Хрватска, како и со неколку најчитани сајтови и блогови од преку барата, стана "Сајт на денот" во Време, а најтазе е она што и најмногу ми прави ќејф – Трендо не стави на On.net. Утре очекувајте не на Кајгана, а даље, којзнае, како и да е – only the sky is the limit.

8 Comments:

Blogger Shepard said...

абе ми се насолзија очиве!

let's get it started!

10/31/2005 09:40:00 pm  
Blogger gerilec said...

zdravo, veke nekoe vreme go "sledam" vasiot sajt/blog i mislam deka e odlicen.

edvaj cekam da pocne novata sezona, pa, se nadevam deka ke uspeeme da vidime i po nekoja utakmica na TV4...

jas sum golem navivac na zelenite od boston (celtic pride :)), ali veruvam deka san antonio ke dojde do back 2 back...

drugo...sto znam...dosta e ko za prv pat...
pozdrav

10/31/2005 09:41:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

E stvarno ste dobri,samo za pofalbi ste,carevi ste,zakon ste,nezdravi ste,ludi ste,nejbolje momaci u skopjla:)
Taka produzete kako postignavte segde da ve ima?

10/31/2005 10:09:00 pm  
Blogger Shepard said...

фала за комплиментите. се надевам ќе праќаш понатака, па ќе бидеме едно големо среќно семејство у кое ќе се осеќам како татко..

иначе сегде не` има затоа што.. КВАЛИТЕТОТ УВЕК СЕ ПРОБИВА! :)

11/01/2005 01:34:00 am  
Anonymous d-r nele said...

Svaka cast za sve sto napravivte dosega. Gi gledav site privjua vcera i zavcera i stvarno dobra rabota zavrsivte.
A od vecer po staro i valjda konecno Indiana ke napravi nesto.
Aj sega pozdrav

11/01/2005 04:19:00 am  
Anonymous Boromir said...

Bas mi e krivo sto momentalno nemozam da bidam poaktiven del od kick-ass sajtov,posto trenutno spremam posledni ispiti i diplomska.Ali za nekoj 2 meseca treba da bide gotovo,pa posle ke mozat Karakash i Shep da se cuvstvuvaat kako tatkovci:).Ke frla devojka mi so papuci,ama sto se razbiraat zeni u sport.Do togas redovno ke gi komentiram vozbudlivive tekstovi.Way to go punks

11/01/2005 09:20:00 am  
Anonymous Anonymous said...

мала "контрибуција" (ако почетокот на сезоната ви изгледа премногу мирен)
http://www.shooshtime.com/clips/video.php?id=6449

11/01/2005 10:47:00 am  
Anonymous Prague Rocks(Boromir) said...

Ej dobri se tepackive.Me iznenadi sto Jordan e najprisuten i vo ovaa konkurencija:)
Devojcinjava gore nesto poznati mi se vidoa...:)

11/01/2005 12:12:00 pm  

Post a Comment

<< Home