Thursday, October 13, 2005

I'm back
I’m back – знам, излитена фраза до максимум, ама стварно сум бек. Ме немаше некои скоро недела дена, период у кој на блогов му се изнаслучија еден куп работи. Шепард одлично го надополни моето отсуство, тој лично е одговорен и за новиот ни лук, кој ептен ми се свиѓа. Заедно со коленото на Амаре, сонцето зајде во Аризона. Почна претсезоната. Веќе не сме девици кога стануе збор за анкети. Денеска стигнавме и до сајт на денот у “Време”. Додека ме немаше неможeв ни да коментирам, па така сеа за да не оставам коментар на секој пост посебно, еве ви го мојот комент за секој (скоро) од претходните постове. Pre-season: Не знам зашто, али исто као и летните лиги, така и претсезоната нешто посебно не ја поштуем. Уствари знам. Освен шансата да се видат новите фаци у новите дресови, у претсезонските утакмици нема ништо друго битно за гледање. Се игра просечна кошарка (што е нормално, со оглед на летниот распуст, новите играчи, тренери итн…), главните ѕвезди ќе изиграат по некоја минутка или па ич, чувајќи се од глупи повреди и она што ми е најшубе, мечевите се играат у колеџ Сали, или па понекад и у сали на средни училишта, пффф. Со оглед на горе наведеново, ја и Шепард ќе си продужиме со привјуата како досега, а претсезоната ја оставаме на тоа прозорчето лево на ваштиот екран. Амаре: Знаев дека е повреден и има проблеми со коленото, но неколкуте (6) дена медиумска изолација значеа шок кога дознав дека нема да игра цели 4 месеци. Као што напиша и Шепард, ова е фри фол за Санси во 2.половина на Западот. Изјавите на Д’Антони дека неговиот тим и даље ќе продужИ да игра као лани, значат или дека типот е непоправлив оптимист или е луд. Штета за ѕверот, права штета. Орландо: (Пред да пишам било што, Фран Ваксез сезонава дефинитивно нема да игра за Меџик. "Лепотанот" си избра да изигра минимум уште една сезона во Шпанија пред да се пресели на Флорида). Само ради Грент Хил му посакувам на Орландо плеј-оф. Само заради тоа, зошто со ништо др. не заслужија подобра иднина. Управата у две сезони успеа да го избрка Ти-Мек, поточно тогашниот им Џи-Ем Џон Вајсброд, за една година подоцна истиот тој Сисиброд да си поднесе оставка. Направија трејд Мобли-Кристи од кој не добија баш ништо, а ја загубија довербата на Френсис чиј Кет беше најдобар пријател. Имаат потенцијал у Двајт Хауард, но немаат играч кој ќе го храни со топки. Амаре го има Неш, а барем пола од таков играч нема у Орланд, Френчајз се фура дека е плеј, а уствари е еден од најсебичните плејеви-бекови у лигата. Се е у рацете (или зглобовите) на Хил. Торонто: Не чепкам. Владиатор: На секој кој го читал овој блог порано му е познато што мислам за Владе. Секој руки на блогов може да го ѕирне линкот у постот. Хорнетс: Чепкам и ќе ги отпишам уште од сега. Ем немаат кадар, ем ќе играат у сосема нов град, кој не е ДОМА. А, она дека со Бајрон Скот ништо не се знае е тачно, не се знае дали ќе бидат последни или претпоследни. Причата со двете финалиња на мр. Скот не ми е ОК, зашто тимот тогаш повеќе го водеше помошникот на Бајрон, Еди Џордан, кој истата таа кошарка сега ја игра со Визардси. Берон, Берон, Берон, Берон….:) Клиперс: Факат можат до плеј-оф, факат. Само Данливи да ги посложи коцките и да најде едно три-четири баскети за Сем Ај Ем, Кори, Бренд и Кет Мобли. Можат доста, но се зависи од нив. Тачно, патот до разигрувањето не им бил вака отворен уште од времето на Д.Менинг, но Клиперси се Клиперси и осечам дека нешто ќе заебат. 1. Анкета: Ми се свиџа тоа што сме Леброн, зашто тоа кажува многу за нас и нашиот потенцијал. П.С. Не читаат и у Бугарија, а утре следи најавата на Никси од нашето ново засилување:) Edited by Sheppuile O'Neal: Коби тепаше на анкетата според старите правила (нели лимитот требаше да биде 6 гласа). Ама ај играме до 11, за поинтересно.

3 Comments:

Anonymous Anonymous said...

Well done!
[url=http://zqttotse.com/urqv/bvmz.html]My homepage[/url] | [url=http://jxjyqkrf.com/iazp/gejy.html]Cool site[/url]

7/20/2006 10:59:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Good design!
My homepage | Please visit

7/20/2006 11:02:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Good design!
http://zqttotse.com/urqv/bvmz.html | http://khnlryke.com/wgaz/aapz.html

7/20/2006 11:03:00 pm  

Post a Comment

<< Home