Wednesday, October 19, 2005

Dresscode [official]
Дрескоудот официјално стана правило во лигата. Овдека го имате од А до Ш. Накратко, правила кои ми оставија впечаток: - Пропишаната облека се дефинира како бизнис кежуал. - Мора да се почитуваат правилата на секој настан под покровителство на Лигата или тимот (пред утакмица, после утакмица, прес конференција, седење на трибина и така натаму). - Забранети се: патики, сандали, папучи, скејт ципели, чизми, маици без ракави, кратки панталони, маици, дресови, било што се става на глава - за време на пресови, седење на трибина а може пред и после утакмица со одобрение на тимот ( се мисли на капи, качкети, стегачи), слушалки (ова само кога снима камера, у соблекувална и автобус/авион можит), ланци и тракатанци над облеката (оу је!), цвик за сонце додека се во затворена просторија.. Другото и не е битно. Едвај чекам да видам прес на Фили и Ајверсон у одело без тракатанци.