Sunday, October 02, 2005

Јао! Спаси го Минг-Минг!
Прошлото лето за првпат слушнав за Сун Минг-Минг, кој требаше да биде следниот кинески џин кој по Јао Минг (и Ванг:)) ќе го прелета Пацификот. Американските медиуми како по обичај кога ќе откријат ваква вест, се тепаа кој ќе напише боња сторија (као на пр. Fox и Daily News) за дивот кој од Јао е повисок цели 5 цм. и другите луѓе ги гледа од 2.31 метри височина. За жал, ова лето после пауза од година дена, Минг-Минг пак e цел на новинарите, но од сосема друга причина, нималку светла како иднината која пред само 365 дена му ја предвидуваа. Имено, Сун боледува од тумор на хипофизата (жлезда виновна за нашиот раст, метаболизам итн…), кој би можел да има големи последици за Кинезот ако навреме не се отстрани. Операцијата чини 100 000 долари, пари кои Минг-Минг ги нема, а неговото здравствено осигурување не може да ги покрие. За таа цел, Сун, неговото семејство и менаџер почнаа да бараат помош од секој кој сака да помогне. Мислам дека само треба да затропаат на вратата на Јао, и Минг-Минг ќе биде спасен од Минг.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home