Thursday, October 27, 2005

Big, Big Bucks
Хорнетси му ја исполнија желбата да го трампаат на Џамал Меглор, но не таму каде што тој сакаше (дома, во Торонто), него во Милвоки. Ипак, тешко дека ќе му падне лошо тоа што ќе игра за Бакси, кои за да го лапнат Ол-Старот од 2004 на Хорнетси мораа да им го дадат Дезмонд Мејсон, плус пик од 1.рунда на следниот драфт. Уштен а крајот од минатата сезона беше јасно дека Меглор нема уште долго да се задржи во Њу Орлеанс, па малку чудеше што цело лето помина без вест за негов трејд. Пред само неколку дена се појави шпекулацијата дека тој е блиску до Чикаго, но по се изгледа понудата на Бакси беше попримамлива, со што со еден потег нивниот ГМ уби две муви, ем доби солиден центар, ем тоа го направи на сметка на директниот ривал од дивизијата Централ. Со Џамал во составот сеа Бакси имаат една од најдобрите предни линии на Истокот, заедно со 1.пик Богут, некогашниот 1.пик Џо Смит и Ден Гаџурич. Баш состојбата со повредите на задњиве двајца го натера Херис да тргне по Меглор, а Мејсон испадна потрошна роба кога летово го потпишаа ланскиот МИП, Боби Симонс. Со овој потег Бакси се приближија чекор поблиску до плеј-офот и уште повеќе ја замрсија ситуацијата во конференцијата. Што се однесува до Хорнетси, тие и така се длабоко завлезени во процесот на обнова, така да ова е само еден чекор во тој правец. Сепак, секогаш кога се трампа висок играч, па уште и екс-Ол-Стар, треба да се бара за возврат сличен профил на играч. Вака, тие го добија Мејсон, кој е “тројка”, единствената позиција солидно покриена во тимот. Сепак, Дезмонд би требал да помогне во продажбата на карти во привремениот дом Оклахома Сити, затоа што тој беше прва ѕвезда на Оклахома универзитетот и заедно со Крис Пол и Џеј-Ар Смит да прави страшно брзо и атрактивно трио. Во рекетот ќе им дува промаја, но барем ќе бидат интересни за гледање.

6 Comments:

Blogger Shepard said...

џабе привјуата, сега СВЕ се мења :( за милвоки особено, ако се решат да играат и со Богут и со стокава у први пет..

10/27/2005 05:24:00 pm  
Blogger zare said...

Pa Milvoki stvarno se pojaca na centarski pozicii nema sto..Bez razlika koj od niv ke igra u prva petorka stvarno ke bidat dobri zosto barem eden dobar ke vlaga i od klupa..

Nego ostaj toa ,sto bidna so kanalov NBA+ go trgnaa od kablovska.Izgleda deka nema sansi da go vratat nazad..Ke ima li kaj nas nekoj sto ke prenesuva NBA(sto bidna so Ljubomir Nikoloski)..Aj neka pise nnekoj nesto ako znae ..

10/27/2005 07:01:00 pm  
Anonymous Boromir said...

Gi gledav Hornetsi u preseason so Miami i mnogu se gledlivi.Frcat kucanja,cepelini,trojki...Onoj Bostjan Nachbar ne promasi!Toa sto pobedija manje-vise,ama mnogu se atraktivni!A Milwaukee ke pocnat slabo,zasto se neuigrani a trenerot e mizerija.Posle ke go smenat,ama se nadevam ke bide kasno:)

10/27/2005 08:12:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Good design!
[url=http://ehknfvua.com/tztf/fjns.html]My homepage[/url] | [url=http://dqsscfle.com/ribx/ssju.html]Cool site[/url]

9/27/2006 05:35:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Good design!
My homepage | Please visit

9/27/2006 05:35:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Well done!
http://ehknfvua.com/tztf/fjns.html | http://mhiheqdy.com/jrab/nziy.html

9/27/2006 05:35:00 am  

Post a Comment

<< Home