Почина Џејсон Кулие (1977-2005)
Веста толку ми дојде како шок, што стварно у моментов не знам што да напишам. Џејсон Кулие беше кул играч, од типот на Грег Остертаг, кој никогаш немаше да биде ѕвезда, но беше солиден како бек ап. Внесуваше весела атмосфера меѓу Хоукси, а по ланската улога на чат-пат стартер, оваа сезона требаше да биде прва резерва на Пашулиа. Што е најтрагично, момакот имаше само 28 години. Ужас…
NBA Macedonia ИЗРАЗУВА СОЧУСТВО ДО СЕМЕЈСТВОТО НА ЏЕЈСОН КУЛИЕ.
UPDATE...Според последните информации, Кулие починал од срцев удар, до кој дошло околу 3:30 во саботата наутро. Неговата сопруга веднаш се јавила во брза помош и на татко му на Џејсон, но додека помошта дошла веќе било доцна за центарот на Хоукси.Инаку, и докторите и родителите на Кулие потврдија дека тој никогаш немал проблеми со срцето, што фрла уште поголема мистерија врз неговата смрт. Смртта на Џејсон е вистински шок за целата организација, од ген. менаџер Били Најт, до тренерот Мајк Вудсон и сите играчи на Атланта. Кулие беше еден од најсаканите играчи кај ретките навивачи во градот, тој секогаш помагаше во заедницата, остануваше по тренинзите со фановите, а летово го зема под свое и 24. годишниот Џон Едвардс, на кој заедно со својата сопруга му помогна да си купи куќа и да се снајде во Атланта. Смртта на Џејсон можеби не е голем играчки губиток, но секако е огромен човечки губиток за Хоукси.
Исто така, ова сигурно ќе го зголеми вниманието кон Еди Кари, кој баш поради срцеви проблеми го преседе ланскиот плеј-оф, а летово не можеше да си најде клуб поради тоа што нити една осигурителна компанија нејќеше да се нафати да го земе за свој клиент.



4 Comments:
Хемијата е најголем убица.
Нека му е лесна земјата.
greota tipceto....a od sho umrel?srce go stegnalo?
mozes da vidis u dopunata...a, koj li trebase da ja pisue najavata za Netsi? Pobrzaj!
OK, e, si pobrzal:)
Post a Comment
<< Home