Wednesday, September 21, 2005

Mad Man's diary
Не лесно кога си имаш работа со лудаци, тоа на пресот по елиминацијата на домаќинот од Франција стално го повторуваше селекторот на СЦГ Обрадовиќ, кој сосема очекувано денеска и си поднесе оставка . Фантастичниот прес кој траеше цел саат, а на кој не се најде ниту еден од играчите беше у ствари емотивен монолог на Обрадовиќ кој подржан од новинарите сосема се отвори пред нив и си кажа се што му лежи на срце. Легендарниот српски коуч кажа се: дека некои играчи немаат муда да признаат дека се прибирале у пет сабајле, дека немаат почит за нац. дрес затоа што не знаат што е тоа почит, дека играчите се натпреварувале кој ќе даде повеќе поени и кој ќе биде поголем шмекер и сл. Еве ви линк на кој можете да ги слушнете најинтересните делови од монологот. Гледајќи го Обрадовиќ станува јасно дека главни виновници за киксот на Србите (и Црногорците) се единствено играчите, односно дел од нив кој си умислил дека се страшни ѕвезди. Единствената вина на коучот е што не ги избркал тие типчиња на време. Меѓу тие кои требале да летаат сигурно се Јариќ и Радмановиќ, кои во Србија се познати по својот бурен ноќен живот. На некои сајтови може да се прочита дека по поразот дошло и до тепачка меѓу некогашниот и сегашниот “волк”, Ракочевиќ и Јариќ, како и меѓу Радман и Томашевиќ. На пресот Обрадовиќ призна дека нема зошто пак да се враќа на клупата на СЦГ, зошто баш поради неа сега се наоѓа пред нервен слом, поради неа го доживува најголемиот срам у својот живот и дека единствено место за него сега е во лудница. Настрана елиминацијата на СЦГ, останатите 1/8 финалиња поминаа очекувано. Грците нешто потесно и со помош на судиите во финишот го поминаа Израел, Германците (33 коша на Диркулес!!!!) во второто полувреме ги скршија и онака психички слабите Турци, кај кои со оглед на тоа дека си имаше работа со неколку лудаци, ништо чудно и Боша Тањевиќ да му се приклучи на Обрадовиќ на лечење во некоја стручна институција. За крај, честитки до нашите пријатели од NBA Twilight Zone, чив мејн мен Марио Касун беше најбољи у победата над Италијаните. - Да не биде дека не сме спомнале .

0 Comments:

Post a Comment

<< Home