Friday, September 30, 2005

Среќна пензија, Смити
Денеска Стив Смит заминува во пензија. За оние кои НБА ја следат задњиве неколку години ова сигурно не значи апсолутно ништо, уште едно повлекување на играч кој играл некад, но кој веќе 3-4 години се влечка по теренот, мењувајќи клубови секое лето. Но, Смити е многу повеќе од тоа, барем беше некад. Прво мое среќавање со името Стив Смит се деси некаде пролетта 1991 година, кога тој беше лидер на составот на Универзитетот Мичиген Стејт. Она што го правеше Смити посебен беше позицијата која ја играше, поточно висината со која ја играше таа позиција, имено, Смит беше плеј од цели 203 цм., нешто што во историјата на познатиот колеџ се немаше десено уште од 1979 год. кога тие имаа плеј од 206 цм. кој истата таа година им ја донесе НЦАА титулата. Типот се викаше Ирвин Меџик Џонсон, така да не чудеа споредбите на Стиви со легендата и негово прогласување за следниот Меџик. Како 5.пик 1991 год. Стиви го собра Мајами, каде ја имаше улогата на плеј и беше во сенка на тогаш најголемата ѕвезда на Хит, Глен Рајс. Уште додека беше на Флорида стана јасно дека од него нема да биде наследник на Магионичарот, но и стана јасно дека Стиви го има она што му недостасуваше на г-дин Џонсон, а тоа беше страшниот шут, посебно за три. Токму тој негов квалитет по само две утакмици у сезоната 1994-95 ги натера челниците на Атланта за него во Мајами да го пратат Кевин Вилис, кој тогаш важеше за еден од најдобрите скокачи во лигата. Смити влета на "двојка" меѓу Хоукси и заедно со Муки Блејлок беше дел од еден од најдобрите бековски тандеми у следните неколку години. Тој во Атланта остана пет години во кои имаше доста хајлајт партии, посебно у плеј-офот каде две сезони по ред тој и екс-тимејтот Рајс (сега у Хорнетси) развија екстра шутерско ривалство, а не се забораваат ни двобојите со Мајкл. Нов трејд го прати во Портланд (за Џеј-Ар Рајдер и Џими Џексон), каде беше дел оде ден од најперспективните тимови во лигата, тим кој го делеа 9 мин. од последната четвртина во гејм 7 од финалето на Западот 2001 год. за пласман во Финалето. Но, Шек и Коби го искористија нивниот ментален мелтдаун за потоа да се прошетаат до првата од трите по ред титули. Тоа што не му успеа со Џејлблејзерси, Смити го оствари со Спарси, станувајќи со нив шампион 2003 год.Но, уште тогаш беше евидентно дека тоа не е стариот Смити, иако ручето го слушаше, нозете и телото не го слушаа, па така и минутажата во Тексас не му беше нешто посебно. По Спарси патот пред пензија го однесе и кај Хорнетси и Бобкетси, каде заработи уште некое милионче за помирни пензионерски денови. Не смее да се заборави и дека колку што беше добар како играч, Стив Смит беше уште толку подобар како човек. Во периодот кога играше за Хоукси, тој ја основа "Клара Бел Смит" фондацијата, именувана според неговата мајка преку која за помош на тинејџерите кои не можеа да си дозволат колеџ образование донираше цели 2.5 мил. долари. Среќна пензија, Смити.

5 Comments:

Blogger Ико said...

Уште имам една картица од Смит од оние првине што искачаа ако ви текнува...баш ќе ја побарам по дома.

10/01/2005 01:31:00 am  
Blogger Shepard said...

овој е еден од ретките кошаркари со decent кариерче.. онака, баш среќна пензија.

10/01/2005 01:58:00 am  
Blogger Karakash said...

ми текнуе...и побарај да не најдеш уште некоја па да се мењаме.

10/01/2005 02:01:00 pm  
Anonymous Prague Rocks said...

Dobar bese steve:( :)Mi teknuva dosta.Najmnogu kao hawk,posebno negde 98, koga u prvo kolo protiv hornets so glen rice pravea sutersko show i redovno davaa nad 30 kosa.Lud duel! Posle gi tepaa bullsi u game 1,ama izgubija 4-1 u serijata.A posebno me iznenadi u game 7 pred 2 godini protiv miami.Kako nekoj si 10 igrac na hornetsi,vleze i dade 25 kosa(trojki i slobodni normalno).Za malce ke im donesese pobeda,ama Wade bese premnogu.Za mene toa mu e posledna utakmica u karierata.Vesela penzija Smithy

10/03/2005 03:30:00 pm  
Blogger Karakash said...

Тој дуел со Рајс е веројатно еден од најдобрите, најнеспомнувани хед ту хед дуели на двајца страшни шутери.

10/03/2005 08:30:00 pm  

Post a Comment

<< Home