Monday, September 26, 2005

Честито
МАКЕДОНИЈА - АВСТРИЈА 99:62 (26:20, 22:10, 27:16, 24:16) Влеговме, и толку. Ај сеа да изгураме добри квалификации и да не има на ЕП у Еспања. Какви моронски репрезентации играа на ова ЕП (и какви морони станаа шампиони), ништо чудно и тоа да се деси. Иначе, ова не одеше синоќа зашто имав многу побитни работи од тоа да пишувам како сме ја тепале 30 разлика "кошаркарската" земја Австрија.

2 Comments:

Blogger Ико said...

Се вративме каде што ни е местото. И така бевме “избркани“ од А дивизијата од некошаркарски причини (најпрво фатија некоја од младинските репрезентации со фалсификувани пасоши, огромен долг кон ФИБА а на крајот кога заради овие две работи не добивме клоца, раководството на КФМ, тогаш на чело со Гајдаџиев-Николферт ЗАБОРАВИ да ја пријави репрезентацијата за квалификации - па после се “вадеа“ дека секретарката била крива ебате тоа).

Инаку мислам дека имаме капацитет за Европско првенство и (според сегашниот систем) барем за осмина-финале. А кога ќе влеземе таму, потоа се е можно (не викам дека ќе станеме шампиони ама...). Со Врба, Мирза, Илиевски па и Самарџиев и Ристе Стефанов солидно се покриени бековските позиции. Александар Димитровски и Тасевски знаат да распалат од време на време. Центрите Гечевски и Стак (кај го најдоа Стак како брат да му е на Гечевски) се ОК....да не анализирам сега ме мрзи, тоа ќе го оставам на вас.

Мислам дека имаме екстра репрезентација.

9/27/2005 01:28:00 am  
Blogger zare said...

Abe mozebi i mozeme nekako da vlezeme na EP ama mnogu tesko..Osven Stefanov nema drug dobar bek osven Ilievski ali on nejke da igra..Dimitrovski i Tasevski ne se nisto posebno(oni se dobri za u B diviija)koga ke igrame so pojaki nema da mozat kos da dadat..Ali centrive Gecevki-Stak se solidni a me iznenadi i Antic ama se bese protiv ekipi od B divizija ke vidime kako ke bide so pojaki..Da ne zaboravime deka izgubivme od Bugarija 20komada i od Anglija..

9/27/2005 12:46:00 pm  

Post a Comment

<< Home