Monday, September 19, 2005

Малце у комшии
Обично секоја година баш овој период е најтапа во НБА, не се дешава апсолутно ништо, лигата се наоѓа во меѓупериод, ин битвин најбитните летни трансфери и отварањето на тренинг камповите на екипите што се случува на почетокот на секој октомври. Најголемиот дел од слободните играчи си најдоа нови клубови, оние кои требаше да бидат трампани го сменија дресот, па затоа и не чуди што имаме мал број на нови НБА вести. Запознаени со ова, најголемиот број американски НБА новинари го користат токму овој период за искористување на својот годишен одмор. Една од причините поради кои немаме актуелни НБА вести е и ЕП кое се одржува кај нашиот северен комшија (и во Црна Гора). Искрено, не сум голем љубител на европската кошарка, барем не уште од времето кога Кукоч и Раџа со Југопластика делеа лекции по нашиот континент, веројатно затоа што ЕП е пример за индустриска кошарка, кошарка каква што најмалку сакам, без никаква импровизација, во која и некои репрезентации без квалитетни кошаркари (Италија) можат да направат резултат. А, баш на ова ЕП се игра таква, борговска кошарка. Најголемо изненадување за мене досега се Литванците кои покажуваат дека и без тазе НБА играчите Јаске, Мацијаускас, потоа Шаленга, Штомбергас, Сланина (и брат му Посебна) и жукаускас, како и Ззззззз и Сонгаила играат исто како што играа и со најголемите ѕвезди. Од другите репрезентации ама баш ни една не остави така силен впечаток, Шпанците по мачкањето на домачинот, паднаа мноooooгу, едвај спасија глава со слабите Латвијци, но не можеа да се извадат и против не многу појакиот Израел. СЦГ откако добија концерт свирежи и пцовки по опенинг поразот од Шпанците санс Гасол, заживеаа со победи над гореспоменатите аутсајдери. Око ми фатија Русите, кои ги гледав со Италија, со кои си играа како со мали деца, но вчера имаа лош ден со дружината на Дирк, средба која ја реши баш Новицки со тројка преку испружениот Кријапа на 20 секунди до крајот. Пријатно изненадување се и Словенците кои си ја освоија групата победувајќи ги, тешките случаи, Грците и ненормално слабите Французи. Некако од сенка ѕиркаат Хрватите, кои одиграа одлични втори дваесет минути вчера со Турците. Него, ај ние да и се вратиме на НБА, анализирајќи ги игрите на сите НБА играчи кои у моментов се наоѓаат у СЦГ. Дирк Новицки – убедливо најголема ѕвезда на ЕП, статус кој го потврдува со тоа што е најдобар стрелец и скокач на турнирот. Класа над сите други, без него Швабите се обична маалска екипа. Андреј Кириленко – Иако не е експониран како Дирк, сепак е душа на Рускиот тим, дечко за се. Синоќа немаше среќа со лизгавиот паркет у Вршац, но пак, после Ол-Старот на Мавси, најдобар НБА играч на ЕП. Тони Паркер – Дечкото на Ева Лонгорија, како и остатокот од неговиот тим, е жив труп. шанса за поправен ќе има против домачинот. Ако ништо, барем има кај да отиде на тешење. Хидајет Туркоглу и Мемо Окур – Не ги сфаќам и двајцата, едниот изиграва ѕвезда, а уствари е труп (Хидо), а другиот е тотално незаинтересиран за игра. Мемо за малку и ќе се степаше со психото Туркчан по крајот на рег. дел со Бугарите. Гордан Гиричек – Првото име кај Хрватите ја исполнува својата репутација. Уште да не беше толку себичен. Борис Дио – Ако Тончи е слаб, Дио е ужас. Ова кажува се – 0/11 за слободни вчера со Словенија. Марко Јариќ – Никако да си најде место у нац. тим, и далје губи топки ко луд. Резерва е на Ракочевиќ, а некад и на Вуле Who? Авдаловиќ!?!?!?! Даркооо Миличиќ – Како што се мислеше дека е за никаде, Дарко и не е така лош на ова ЕП. Иако е очигледно тоа дека не заиграл минута задњиве две години, дечкото не се снаоѓа лошо, пред се у одбраната и скокот. Зелко Ребрака – Некаде додека се билдал у НБА, ребарце тотално го изгубил осетот за кошарка кој го имаше некад. Сега е само обичен работник, што и не е така лошо. Влад Радмановиќ – Освен тоа што ја има најшабанската фризура на ЕП, Влад е и еден од најтврдоглавите играчи на турнирот. Наместо да се уклопи у играта на Обрадовиќ, тој си фура некое свое филмче. Кријапа и Монија – Дуото на Портланд е веднаш зад АК47 и Холден во важноста за Русите, задача која доста добро ја извршуваат. Примож Брезец и Рашо Нестеровиќ – Некако и двајцата премногу силуваат игра еден на еден, тоа некако и му оди од рака на Брезец, но баш и не на Рашо. Марио Касун – центарот на Орландо покрај тетоважите покажува и тотално амер. Стил на игра. Ни грам од балканската школа. Роко Укич и Џенк Акјол – Овогодинешните драфт избори од 2.рунда уште не добиле шанса да заиграат покрај големите момци. Турчинот Акјол вчера играше на плеј у најлошата четвртина на неговиот тим на ова ЕП, но тоа не беше по негова вина. UPDATE Ненад Крстиќ - Од него очекував многу повеќе, посебно по солидната руки сезона и одличниот плеј-оф против Шек и Мајами. Но, како и останатите негови земљаци, делува изгубен на теренот, слабо се движи у одбрана и полека го губи местото на сметка на Даркооо, Милојевиќ и Ребарце. Зоран Планиниќ - Е со него стварно не знам што се дешава. Дури играше на плеј со Турците беше катастрофа, губеше топки ко луд, фураше некој свој филм, место да ја искористи висината и да доминира на таа позиција. Откако Спахија го префрли на двојка малку се оправи, но само затоа што ја немаше толку топката у свои раце. Ко ништо да не научи од Кид.

4 Comments:

Blogger MP3 Doctor said...

On Media Arianna's Reinvention of the Blog
Arianna Huffington's new internet site was barely out of the gate when critics lit into it - and into her - with a vengeance.
Hey, great blog! Keep it up.

I have a panasonic digital camera site. It pretty much covers panasonic digital camera
related stuff.

Come and have a look if you get time :-)

9/19/2005 07:57:00 pm  
Blogger The Bodybuilding Freak said...

Nice Blog. If you ever are interested in losing weight or gaining muscle please visit my Bodybuilding site. Thanks again!

9/19/2005 08:01:00 pm  
Blogger zare said...

Od NBA igracite sto igraat na ova EP ubedlivo najdobar e Dirk Novitcki,ama mislam deka Germania nema da naprai nesto poznacajno osven ako Dirk ne eksplodira so 40+ kosa na site preostanati utkamici(ne deka ne e mozno) a negovite soigraci zaigraat duplo podobro(nema sansi)pa da osvojat nekoj medal..Inace i Kirilenko igra dobro no za razlika od Novitcki ima bolje soigraci i mislam deka imaat sansi da osvojat nesto..
Koga gi spomna ovie NBA igraci sto igraat na EP ,ne kaza nisto za Planinic i Krstic pa daj nekoe mislenje za niv..

9/20/2005 12:37:00 pm  
Blogger Karakash said...

Знаев дека заборавив некој, фала колега. Btw. стај некој нов клип, ако ти треба матејал, кажи.

9/20/2005 12:42:00 pm  

Post a Comment

<< Home