Friday, September 02, 2005

На Њу Орлеанс не му е до кошарка
Настрана гледањето сеир на земјата која се смета за најсолидарна и најсредена во светот, она што се случува во Њу Орлеанс е права човечка трагедија и како таква секако дека сериозно ги засега и Хорнетси , чија сезона во градот на џезот е доведена во прашање. Веќе сигурно е дека “стршлените” сезоната нема да ја почнат дома, а ништо чудно и да не ја завршат таму. Дури и да се деси нивната арена да биде спремна за работа за два месеци (што би било рамно на чудо) минимални се шансите Хорнетси да ги играт своите утакмици таму затоа што на градот ќе му треба доста време да се оправи и тешко дека на некој уопште ќе му биде до кошарка. Прва опција за привремен дом се Денвер и Хјустон, но веќе почна да се збори дека заради тоа што тие два града веќе имаат свои НБА тимови, Хорнетси ви можеле да се преселат во Оклахома сити , Батон Руж, Бирмингем или Нешвил. Засега е познато дека дел од тренерскиот тим се наоѓа и работи во Хјустон и дека претсезонските мечеви “стршените” ќе ги играат во Денвер. Секоја пофала заслужуваат како лигата така и некои играчи кои се заангажираа да им помогнат на граѓаните на Њу Орлеанс . На форумoв начекав и вест дека самиот Шек се наоѓа во NО, каде заедно со полицијата лично прави се што е во негова моќ да им помогне на најсериозно загрозените. Можеби малку тешко за верување, но кога станува збор за Дизелот ништо не би требало да не изненади.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home