Sunday, August 14, 2005

Конечно Риф, UFО слета во L.A., Shaq-Punk'd
Верувам дека ова ќе биде задњи пост, барем дури не почнеме да го праиме НБА preview-то за два месеци во кој ќе го спомнеме Шариф Абдур-Рахим, кој бај д веј е рекордер по бројот на појавување на неговата слика во скромната историја на блогов (можеби и Џо е тука негде). Како и секогаш кога некој слепец не може да го види она што се наоѓа пред него, се наоѓа некој попаметен да му го лапне. Така и сега, откако Нетси се откажаа од играчот со кој можеа да им се приклучат на Мајами, Индијана и Детроит на врвот на Истокот, најбрзо реагираа Kingsi кои ич не му се мислеа и го собраа Риф . Со ова нивниот GM Џеф Питри уште еднаш покажа зошто го сметаат за еден он најдобрите НБА оперативци. Тој у само година дена се ослободи од ислучени (Боби Џексон, Остертаг), преплатени играчи (Вебер) и играчи склони на повреди (и Крис и Боби), а донесе свежа крв баш на двете позиции кои им беа најслабо покриени, “двојка” (Бонзи Велс) и “четворка”. Сега, со петорката Биби, Велс, Пеџа, Риф и Милер, Кингси сигурно би требале да играат плеј-оф, па зошто да не и да го освојат Пацифик. Покрај Питри, добра работа викендов направи и Кевин Мекхејл кој во Минесота го донесе Марко Јариќ, а за него во Клиперси го прати Сем Кесел. Малку може да му се забележи на Кевин што се откажа од два идни пика од рунда, но сепак тука Вулфси се во добивка. Со тргањето на Alien меѓу Клиперси , тој откачи еден од двата лански големи проблеми, кои покрај повредите најмногу влијаеа на катастрофалната сезона на Минесота (Спри е другиот). Но, ни на Клипси не треба да се гледа на лузери од овој дил. Тие и онака беа свесни дека нема да го задржат Марко, па за да не останат со празни раце се одлучија на трампава во која добија искусен ветеран на плеј, кој знае што е потребно да се стигне до плеј-офот, нешто што е одамна сон на сите двајца навивачи на Клиперси. Плус е тоа што следното лето му истекува договорот на Сем, таман кога Шон Ливингстон ќе биде позрел играч. - Ви текнуе дека кога беше претставено правилото дека секој тим може да амнестира еден од своите најскапо платени играчи сите тоа ново правило го нарекоаThe Allan Houston rule? Е па, по се изгледа ќе мора да му се смени името, затоа што барем за сега Никси се решени да го задржат Хјустон и во следните три години да им се рачунаат во селари-капот 50 милиони кои мораат да му ги исплатат. Или Ајзеа му нашол нови колена на Хјустон или е ова само уштее ден потег да докаже дека е ужас како GМ. - Шек е задоволен од досегашниот пазар на Мајами, а не заборава да потенцира дека да не беше неговата жртва тешко дека Hеат ќе донесеа (и уште мислат да носат) толку помош за него. Покрај тоа, една од поинтересните вести во САД деновиве е дека на Ештон Качер (не Кајл Корвер) му успеало да го Punk’d-ува Шек. и тоа по само нецели 24 часа откако Дизел му рекол на Кучер дека нема шанси него да го намести како еден куп други ѕвезди на кои им го направил тоа. Ештон имал мала помош од жена му на Шек, но сепак, свака част. - Иначе, бившиот тим на Шек го искористи амнест-правилото и се откачи од Брајан Грент, За кој се заинтерсирани Bulsi?!? . Од ланскиот дил за Најдоминантниот на Лејкерси им остана само Одом. Nice job, Mitch. - Ха, не ја фатив само јас трујачката колумна на чичко Розен. Убаво е да се види дека и остатокот од светот “го почитува” мислењето на Чарли Розен. - Свесни дека не можат да стигнат до Финли или Андерсон, Нагетси ќе се задоволат со Ван Ексел?

3 Comments:

Anonymous k.g said...

Pa sega Rif ima izuzetna statistika(19.8 ppg, 8.1 rpg, .469 fg%, .816 ft%)ali sve toa u luzerski timovi.
Kingsi imaat odlicen napad i bez nego ( Wells, Peja, Bibby, pa i Miller) ali i golema dupka vo reketot, koja ja popolnuva samo Miller.
Po mene podobro za niv ke bese da zemaa nekoj kako Mark Jackson sto ke ja vrsi valkanata rabota vo reketot a potrosuvaci na topki imaat i onaka previse.

8/14/2005 02:33:00 pm  
Blogger Karakash said...

Марк Џексон? Па ако по нешто не е познат типот, тоа е по желбата да се "извалка" во рекетот. Риф е одличен фит за Кингси затоа што за таквиот моушн офенс кој они го практикуваат им е потребна универзална "четворка" која ќе знае да забие од дистанца, да фати 8-9 скока и да знае да асистира. Единствено што Марк Џексон знае е да менува клубови и да не затвара уста.
А дупката у рекет и не е така голема. Покрај Риф и Бред, на клупа се и Кени Томас, Брајан Скинер (ништо бољи од него не е Џексон) и Вилијамсон, плус може да се деси да го задржат и Сонгаила. Вака не само да не се тенки, него имаат една од подобрите предни линии. Освен Спарси, кој е бољи од нив на Западот у рекет? Мене стварно не ми текнува, има тимови кои се тука негде, ама не и бољи ин д пеинт.

8/14/2005 03:19:00 pm  
Anonymous offcharo said...

se nauchi da linkuvash a :)

b grant e najpametniot poteg letovo na moite :)

sea iame 14 milioni prazni u kapot :)))))))))

welcome back nick da quick!

8/16/2005 01:03:00 pm  

Post a Comment

<< Home