Thursday, August 18, 2005

Sleepy 'Bron
Ако задњево лето НБА ѕвезда која баскет court-от го заменуваше со судскиот cоurt беше Коби, сега таа улога ја има Леброн. Појавувањето на Брон пред судијата е далеку од помпезното и медиумски препокриеното “судење” на Брајант, а доказ за тоа се одличниве фотки на кои јасно се гледа колкави се шанси месијата на Кливленд да го загуби случајот. Не ми се навлегува детално у целиот хаос, затоа што приказната е јасна и се повторува секогаш кога некоја славна фаца е во прашање, а тоа е дека секогаш ќе се најде по некоја крвопија која мисли дека има легитимно право на дел од милионите. Еве ви линк. - Покрај ова, поинтересна вест денеска (покрај тоа што секој поозбилен тим е загреан за Финли, а Мајами и Детроит се у предност) е таа дека Вонземјанинот не сака да изврши лекарски преглед кај Клиперси пред тие да му понудат продолжување на договорот за плус две години. Иначе, договорот на Сем истекува следното лето, а по ова е сосема јасно зошто него и Спривел едвај чекаа да ги избркаат од Минесота. Вулфси сега само можат да се молат ова да не го уништи трејдот за Јариќ и да им го врати назад Кесел.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home