Sunday, August 21, 2005

Riley - the playa
Ова сигурно не сте го знаеле, но многу малку фалеше најголемата трампа во историјата на НБА во која учествуваа рекордни 13 играчи и пет клуба да не се реализира, и тоа само поради не баш сјајната состојба на колената на главната ѕвезда у целиот дил – Ентоан Вокер. Работите се одвивале вака: Само еден ден по пресот и преставувањето на Вокер, Вилијамс и Поузи, лекарите на Мајами ја откриле сличната работа која ја виделе лекарите на Нетси кога го прегледале Шариф Абдур-Рахим, односно блага форма на артритис на двете колена на Ентоан. Тоа го замислило Раји и останатите фактори во Мајами, кој одиграл паметно и ја искористил ситуацијата да го смени договорот наб ившиот Ол-Стар и од шест години вредни 53 милиони да го спуштин а четири год. тешки 30 милиончиња, со што самиот клуб ќе јаи ма опцијата за задњите две години, односно ако сака ќе го задржи, а ако не, ќе го шутне Вокер. Во овој потег се гледа умешноста и респектот кој го ужива Рајли, кој свесен за обемноста на целиот дил и за тоа дека Вокер по веста за неговите колена тешко ќе добие пари какви што очекува (нешто како Риф), ја искористи целата ситуација и заштеди доста голем дел од селари-капот. Вака, Рајли ќе ја има во свои раце опцијата дали да го задржи Тоан кога овој ќе има 34 години и кога ќе биде многу појасно од сега во каква состојба му се колената. Иначе, интересно е што и покрај таквата состојба на колената, Вокер во своите девет НБА сезони пропуштил само 19 од 706 сезонски утакмици, плус само четири од тие 19 биле поради болки во колено. Можеби колената се истрошиле од просечните дури 38.8 минути во игра во кариерата, којзнае. Сепак, сосема е јасно дека за неговиот начин на игра нема да му преставува проблем состојбата на колената и дека ќе биде и тоа каков фактор во Мајами. Плус, помалкуте пари за него, значат повеќе пари за Рајли во трката по Мајкл Финли. - Кога сме кај Финли, >,Мавси многу не бараа кој ќе го попуни неговото место во ростерот, а покрај за него, најдоа и замена за “соленката”. Има ли подобар град за запознавање со своите нови соиграчи и градење тимски дух од Вегас? Ако ги прашате Вулфси, нема. Само знам дека не би сакал да бидам тој ќе се журка со Марк Медсен. RIP - Kenyan Jones

5 Comments:

Anonymous Anonymous said...

So you have a visitor coming your way. I read these things. :)

hydrocodone

8/22/2005 10:51:00 am  
Anonymous Anonymous said...

I enjoy reading the stories on your site. Keep up the super articles!

tramadol prescriptions

8/22/2005 10:55:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Good Info! Thanks ketogenic diet

8/22/2005 11:05:00 am  
Blogger Karakash said...

Spam off!

8/22/2005 08:38:00 pm  
Anonymous offcharo said...

ko kje se logiram kje gi brisham,mamata pederska!

8/23/2005 05:06:00 pm  

Post a Comment

<< Home