Tuesday, August 30, 2005

Nick the Quick дојава во Аламо
Има ли боље место за некој кого го викаат Nick the Quick од Аламо, престолнината на револверашите од времето на Вајат Ерп, Бафало Бил итд. Ако го прашате Ник Ван Ексел, а и управата на Спарси, нема, затоа што од вчера ветеранот е нов член на шампионот. Ник во приказната за револверашите се вклопува одлично и од еден друг аспект, а тоа е податокот дека тој е втор на листата на активни играчи според бројот на постигнати тројки во кариерата (прв е Реј Ален). Токму тоа беше една од главните прични поради кои Поп се одлучи за него, затоа што ако нешто му фали на шампионот тоа е квалитетна измена за мr.Ева Лонгорија и шут за три. Од Ник ќе се бара да одигра некои 15-20 минути и во тој период да ги искористи удвојувањата на Тим или Ману и да погоди чиста тројка, што тој и тоа како го може. Каква ли промена за Ван Ексел кој од ситуација во која пред само шест месеци изјавуваше дека летово планира да се пензионира, стигна во редовите на шампионот и повторно главниот фаворит за титула. Ова е уште еден одличен потег на управата на Спарси, која искрено не можам да се сетам кога последен пат направила грешка во ангажманот или трампањето на некој играч. Уште поголеми честитки заслужува менаџментот ако се знае дека парите кои му се понудени на Ник не се тие кои се планирани за Финли, за кого Спарси се уште остануваат во игра.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home