Wednesday, August 31, 2005

Паметниот момак Јао
Имам една лоша и една (мејби) добра вест за сите навивачи на Лејкерси. Лошата е тоа дека више нема никакви, ама баш никакви шанси Јао Минг да заигра за вас и да стане следниот голем центар во историјата на Лејкерси, а добрата е тоа што со отпаѓањето од игра на Јао, Бас, Купчак и Фил можат да почнат да сонуваат за некои други млади ѕвезди кои ускоро ќе треба да потпишат нови договори (Амаре-2006, Леброн-2007), иако веројатноста да дојдат до нив е минимална, сепак, надежта умира последни, нели? Јао нема да го наследи Шек од едноставна причина што утре (или денеска, ако ова го читате во четврток) ќе биде објавено дека Кинезот потпишал нов договор со Рокетси кој во Хјустон ќе го задржи до 2011 год. Наместо како и секоја ѕвезда да почека дури не се здобие со статусот на ограничен слободен агент, па да си седи дома и да ги разгледува понудите кои сигурно ќе ги имаше едно купче, тој се одлучи уште сега да им покаже верност на "ракетите". Наместо новинарите секој ден да го поврзуваат со друг клуб, да го ставаат во комбинација со друга ѕвезда, да го "облекуваат" во нова 11, тој уште сега докажа дека смета дека заедно со Ти-Мек можат во Хјустон да ги вратат деновите на Хаким. Наместо следното лето да одолговлекува и така да си набива цена, да се замишља бог и да бара се што ќе посака, Минг се одлучи да ги ослободи Рокетси од 226 цм. голема главоболка. Сите овие потези се нетипични за една НБА ѕвезда, но Јао никогаш не ни бил типичен. Тој едноставно не е таков, на работите не гледа како на 99% од НБА играчите. Тој е благодарен на клубот кој веруваше во него и тоа сакаше уште сега да им го докаже. Плус, со ова самиот си ја тргна мувата од капата и го избриша своето име од страниците посветени на шпекулации. Со ова Јао покажа дека е уникатна појава и дека е доволно паметен да сфати дека у Хјустон му е поубаво, и дека со Рокетси у иднина има поголеми шанси да стигне до тронот.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home