Friday, August 26, 2005

Сите чекаат на Финли
Како што секогаш по бурата следи мирно време, така и во НБА по фуриозното отварање на трансфер пазарот со најголемата трампа во историјата, неочекуваното заминување на Џо Џонсон во Атланта и целата сапуница која настана меѓу девете газди на Хоукси, Vegas Baby 2007, , откажувањето на Нетси од Риф и неговиот ангажман кај Кингси, девете прсти на Грин и 18 амнестирани у пет до 12, работите се смирија до тоа ниво да вест на денот стигна да биде трејдот на Џејмс Џонс од Индијана во Феникс во размена за пик од 2.рунда на драфтот 2008. Дека нешто не е во ред покажува и фактот дека главно име на пазарот е Мајкл Финли, кој по клоцата од Далас мирно, во својата соба во еден хотел во Чикаго ги разгледува понудите кои лично досега лично му ги доставија Рајли и Стен Ван Ганди (Мајами), Амаре Стадемаер, Мерион, Џери Коланџело и Д’Антони (Феникс), Попович (Сан Антонио) и Гарнет, Мекхејл, Кејси (Минесота). На пат за Чикаго следната недела се спремаат и некои важни фаци од Детроит и Денвер. Јас лично мислам дека најдобре решение за Финли е Мајами, каде тој ќе биде дел од првите пет (иако нема да игра на својата природна “двојка”, него на “тројка”), ќе биде дел од една од најдобрите екипи на Истокот и во лигата И ќе игра покрај најдоминантниот играч во историјата. Точно дека на Флорида кетово се преселија доста нови играчи и на сите нив ќе им биде потребно време да се уиграат, но и тоа е ипак боље него да мора пак патот до Финалето да го поминува преку Сан Антонио. Што не носи кај Шампионот, кој реално е најпростото решение за Мајк. Но, таму тој нема да биде стартер и заедно со “Bones” Бери ќе мора да ги одмара Ману и Боувен. Велам нема да биде у првите пет, затоа што нема појма од играње одбрана, што е специлајност на Брус и е еден од клучевите на успехот на Спарси. Друга опција за останување на Западот е неговиот прв НБА клуб, Феникс, каде се уште е еден од омилените играчи, каде се уште има куќа, каде пак би играл со Неш и каде би влетал на местата ослободени од Ричардсон и Џонсон. Но, и патот на Санси води преку Данкан и компанија, што и не е баш нешто позитивно, ипак е боље во другата конференција. Што пак не враќа на Истокот, но овој пат кај ланскиот финалист Детроит, кој би сакал да го види Финли како замена за РИП и Принс, но Мајк би сакал да биде стартер, иако Пистонси звучат интересно. Денвер е исто така на списокот, но е последен, затоа што Финли мисли дека со нив нема шанси да се бори за титула (плус, пак е на Западот). Како еден од одлучувачките фактори може да биде и сега екс-газдата Марк Кјубан, кој јавно изјави дека нема да брза со исплаќањето на 51 милиони кои по амнестирањето му ги дужи на Мајк ако овој остане на Западот и му се приклучи на тим кој ќе му биде директен конкурент на Далас. За да биде појасно, газдите на клубовите кои амнестираа играчи немаат обврска веднаш да почнат да им ги исплаќаат сумите кои им остануваат во договорот, тие тоа можат да го одложат и на година-две ако сакаат. - Нешто што ми прави ќејф летово, а не сум го спомнал до сега е тоа што ни еден клуб не го сака Латрел Спривел, барем не за парите кои он мисли дека ги заслужува. Знаете зашто ми е ќејф? Затоа што кога лани Вулфси му понудија тригодишен договор тежок 21 милиони, Спри навреден ја одби понудата јавно изјавувајќи како со тие пари тој нема да може ни семејството да си го одржува велејќи “Како јас со тие пари ќе си ги нахранам децата?” Е, баш да го видам сега како ќе преживее со 7-8 милиони за две години. Кретенот веројатно ќе заврши меѓу Пистонси или Нагетси, зависи од Финли, иако тој би сакал меѓу Лејкерси. - Друг ветеран кој се спомнува у комбинација за Денвер е Ник Ван Ексел, за кој наводно се заинтересирани и Мајами и Спарси, но пак, се зависи од Мајк. - Ете, немајќи за што да се пишува и ја се изнапишав за Финли, кој несакајќи и во немање права ѕвезда на пазарот, стана една од топ-темите ова лето.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home