Thursday, August 25, 2005

А девет, а десет...
Пред да го напишам текстчево имав еден куп наслови во глава кои вриеа од црн хумор ("Грин на прсти знае да брои до девет"...), но од почит кон тинејџерот (тука негде е генерација со Шепард:) решив да не се зезам, со вака озбилна работа. Уствари, тој и покрај ова успеа да стигне каде што е сега, така да заслужува само почит... Ви текнуе како пред задњиов драфт скоро секој го најавуваше средношколецот Џералд Грин како сигурен топ 10 (некој и топ 5) пик и како едно од најголемите изненадувања на драфтот беше неговиот избор дури како 18.? Е па, цели два месеци покасно полека станува јасно зашто Грин доживеа таков пад во очите на НБА скаутите. Иако не ми се веруваше од прва (а ни од втора, ни трета…), момакот има ДЕВЕТ прсти, да, да, не десет, него девет. Као и ја, сигурно и вие се прашувате како може некој кој му фали прст од десната рака да биде НБА играч, и тоа не било каков, него момак кој е најавуван како новиот Мекгрејди, но ако е за веруваше на сите кои го виделе како игра (добар доказ се неговите партии на летната лига), тоа што му фали прст уопште не влијае на неговата игра. Предност е тоа што повеќе ја користи левата рака, а прстот кој му фале и онака не му врши многу работа на помошната десна рака при шутот. Ипак, уште не ми е јасно како без проблеми води топка и куца со десната рака. Според повеќе извори, Грин прстот го загубил на крајно бизарен начин, уште пред неколку години при едно куцање, кога несреќниот фингер му се закачил во мрежата, по што му горната половина му се одвоила и подоцна не можела да му биде зашиена. Јајкс. Овде имате уште некоја фотка каде може да се види дека нешто му фале на Грин. Ѕирнете ги убаво, зашто и мене не ми се веруваше (и уште не му се верува).

8 Comments:

Blogger zare said...

E ova ne sum go znael deka Green ima 9 prsti..A inace maliot e mnogu dobar i mnogu dobro kuca ..Ja go gledav na natprevar u kucanje za sredni skola i Green parce gi napravi..
Eve edno kucanje od letna liga..

http://gorillamask.net/greendunk.shtml

8/25/2005 12:17:00 pm  
Blogger Karakash said...

9 и пол најточно. И јас мислам дека би требало да го биде, а клипот ми е познат, од летната лига у Лас Вегас.

8/25/2005 02:18:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Интересно! Баш да видиме шо ќе испадне ос него. Ако малце се покаже ова Америве сигурно ќе му дадат име нешто попут "9 finger Hero" или слично.

8/26/2005 10:55:00 am  
Blogger zare said...

eve nov klip od green..
http://s10.yousendit.com/d.aspx?id=0AG55NP...7F121CAQRRPMH2D

8/26/2005 12:45:00 pm  
Blogger Shepard said...

zare man,dobra rabota so ova klipovite.. welcome to our place.

the Boss :D

8/26/2005 01:38:00 pm  
Blogger Shepard said...

vtoriov klip ti e invalid..

kopiraj ja tochnata adresa.

pozdrav

8/26/2005 01:39:00 pm  
Blogger zare said...

eve go istoto video od green samo so nov link..Koj saka da go simnuva treba da pobrza zasto posle nekolku simnuvanja (mislam25)
linkot stanuva invalid..

http://s30.yousendit.com/d.aspx?id=3HWHPM4KNV9RP1WWEMLPQ92WJD

Inace mnogu dobar clip..Green na revijalna utakmica na MJ..Green pravi Windmill dunk a posle kuca otkako ja protnuva kroz noze..

8/27/2005 12:15:00 pm  
Blogger Karakash said...

Ne mnogu dobar, nego odlicen klip. Toa vtoroto kucanje go cekam u Hjuston na Ol-Star u finale so Josh Smith.

8/27/2005 10:17:00 pm  

Post a Comment

<< Home