Friday, August 19, 2005

Ѓаволот ја напушти Атланта
Бруката во Атланта конечно го дочека својот крај , откако Стив “the devil” Белкин се согласи да се повлече од местото во клубот откако останатите осум газди ќе го откупат неговиот дел од тимот. Ова е музика за сите навивачи (ретки) на Хоукси, затоа што не само што се откачивме од типот кој сакаше да го води клубот како што тоа го прави цинцарот Доналд Стерлинг со Клиперси, него по некое време конечно добивме играч кој во комбинација со талентот со кој располагаат Хоукси би требал да донесе подобри времиња во Џорџија. Како што беше најавено и порано, Џо во Атланта ќе игра плеј, негова омилена позиција, но по потреба ќе се префрла и на “двојка” и на “тројка”. Едвај чекам да ја видам петорката со Џо на плеј, ланските дебитанти имењаците Џош, Чилдрес и Смит на два и три, Ал Херингтон на “четворка” и Заза (кој беше лани кај нас у Парк) на центар. Тачно дека нема да имаат ич клупа и дека вријат од неискуство, но тачно е и дека доколку тренерот Мајк Вудсон им ја продаде својата филозофија тие ќе бидат еден од позабавните тимови за гледање и ќе ствараат мисмеч проблеми на противникот на скоро секоја позиција (освен 4 и 5). Како и да е, доаѓаат подобри времиња во Атланта. (полоши од лани не може).

0 Comments:

Post a Comment

<< Home