Friday, August 12, 2005

ФОСИЛИ ДА ТИ ИМАЛО И У АМЕРИКА
by E.Karakash Најозбилно, ама најозбилно, не сакав да ве запознавам со чичко Чарли, но последниов негов текст стварно ме натера на таков чекор , зашто не ми се верува дека и таму, "преко баре" има новинарски метузалеми какви што има и кај нас. Мислев дека Костовски, Михајловски, типот кој у МТВ дојде од Сараево и што појма немаше од ништо освен шах, Сидоровски, се локални феномени, но изгледа се заебав. Како и нашиве "легенди", и чичко Чарли со години е зрел за во пензија, но затоа што една веќе не толку силна куќа како FOX се уште верува во него, тој и понатаму труе. Паралелата со нашите медиуми е поширока затоа што покрај МТВ има неколку куќи кои ги хранат овие метузалеми, а предњачи Канал5, каде ни младиве момци не се ништо бољи, (што е разбирливо кога ќе видиш кои им се учители). Разликата меќу Розен и нашиве "легенди" е у тоа што него веќе никој во САД не го сфаќа озбилно (иако признавам дека еден во 100 текстови знае да му биде ОК), додека нашиве уништуваат цели идни генерации спортски фанови со нивното "познавање" на модерниот спорт. (Исто како и нашиве фосили, така и чичко Розен бил некад дел од спортската сцена, но за жал (повише наша, него негова), тој денес едноставно не знае што и зашто се дешава у модерниот спорт. Но, благодарение на луѓето во FOX се уште има медиум преку кој ќе ќе ја презентира својата као-стручност.За среќа на луѓето у Америка, таму има и тоа каков ред и традиција у спортското новинарство и голем број како од младите така и од поискусните новинари само се подсмеваат со името на Розен. Во својот последен бисер, чичко Чарли пишува за најпреценетите играчи во историјата на НБА и потенцира имиња како Јуинг, Баркли, Робинсон, Мелоун, Пит Маравич, Џорџ Гервин, Елвин Хејс, Пејтон. Но, ако донекаде се согласуваме за Пејтон, никако не може да се оспори трагата која останативе легенди ја оставиле зад себе. Да биде јасно, ни јас никогаш не сум бил некој голем фан на Патрик, на Адмиралот или на Поштарот, но тоа не значи дека не смеам да им одадам почит за тоа што го направиле во своите кариери, а тоа не значи само бројки, туку и цели градови во кои ја разбудиле кошарката и едно чудо деца кои заради нив почнале да ја играат најубавата игра на светот. Истото се однесува и на Пистол Пит, Хејс и Гервин кои истото го правеле во свое време и кое биле идоли на едно чудо идни НБА ѕвезди кои се појавија во 80-те и почетокот на 90-те. По се изгледа уште тогаш овие легенди го препознале правиот чичко Розен и не му мавале рецка (можам да го замислам Баркли у таа улога:)), па сега Розен сака на некој начин да им се одмазди. Но, не сфаќа дека вака само го потврдува она што повеќето го мислат за него како новинарски метузалем на кого одамна не му е местото во медиумите.

2 Comments:

Blogger Shepard said...

samo oshtro..

nego vidi be, kjor pijan i stomna napushen,na germanska tastatura na polski jazik uspeav da go sredam templejtot!!! praeshe frka u IE zatoa.. ajde da idam eeeeee

8/13/2005 12:37:00 am  
Blogger Karakash said...

Оштро, оштро, него шта. Со баварско пиво, бечка шницла и џамајка ганџа:) иди, ееееееее

8/13/2005 02:04:00 pm  

Post a Comment

<< Home