Friday, August 05, 2005

Чекална за Шариф и Џо
Иако беа најавени како веќе готова работа, трампите на Шариф во Њу Џерси, т.е. на Џо Џонсон во Атланта се уште чекаат на одобрение на газдите на нивните можни нови клубови. Но, ако причината поради која Нетси не се сигурни за Риф е сасвим логична (проблеми со повреда), тоа што се случува кај Хоукси е права комедија , или за нас малкуте фанови на тимот, траги-комедија. Што тачно се дешава у Џорџија? За да бидат појасни работите, Хоукси не се во сопственост на само еден газда, туку на група газди кои заеднички управуваат со клубот, а петорица од нив имаат и директно влијание врз тоа кој ќе дојде, а кој не. Според извештајите од Атланта, еден од таа петорка , Скот Белкин, не е баш сигурен дека е паметно Хоукси да го потпишат Џо за 70 милиони за пет години, аргументирајќи го тоа како премногу пари за таков играч, плус Борис Дио и два идни пика од 1.рунда. Ова не само што лошо влијае на овој дил, туку и на сите идни во кои ќе се најдат Хоукси кога станува збор за слободни играчи, затоа што ретко кој играч би сакал да си има работа со пет газди, меѓу кои ќе има некој кој не го сака во клубот. Сепак, малку надеж даваат изјавите на другите четворица кои ги убедуваат луѓето во Атланта дека станува збор само за административен проблем кој не би требал да го спречи преминот на Џо меѓу “јастребите”. Ај баш да видам. Што се однесува до Абдур-Рахим, на задолжителниот лекарски пред секој дил докторите откриле незалечена повреда за која не знаеле во Њу Џерси. Веројатно станува збор за десниот лакт кој лани го седан Риф на 22 средби. Нетси сега имаат десет дена да ја завршат трампата, или пак да се свртат кон ново решение на "четворка", како алтернативе веќе се спомињаат Радмановиќ, Сонгаила и Хантер. - Од каде ли им е информацијата на типчињата во "Вест" дека Катино Мобли е "тројка", баш би сакал да знам. Idiotas!

0 Comments:

Post a Comment

<< Home