Wednesday, August 10, 2005

ОШТЕТЕНА РОБА
Ме немаше некој ден од едноставна причина – ништо интересно не се случуваше низ лигата. Освен промоцијата на распоредот за новата сезона, со кој Штерн и другарчињата упорно сакаат да ни наметнат некое ривалство Лejкерс – Маjaми, ставајќи ги пак да играат на Крисмас т.е. 25.12.(заедно со реприза на финалето Детроит-Сан Антонио), немаше некој момент вреден за забележување.. Досадата ја разбија Нетси, кои се понесоа "професионално" и се откажаа од трејдот за Абдур-Рахим . Како и што пишавме минатата недела, дилот беше ставен он холд откако Риф не го поминал лекарскиот во Њу Џерси, нешто што ги изненадило и двете страни. По недела дена чекање, Род Торн, претседателот на Нетси излезе во јавност со веста дека неговиот клуб се повлекува од трампата за Шариф, која веќе беше договорена со Портланд. Па што кој *** чекавте недела дена за да го откачите човекот, зошто одма кога не ви го поминал прегледот не му кажавте дека не сакате да го ангажирате? Вака му нанесовте штета да се намали бројот на тимови заинтересирани за него, а дефинитивно му ја скративте шансата да се бори за титула, затоа што пред да се умешате, Мајами беше силно загреан за Риф (Рајли свесен дека нема да дојде до Абдур-Рахим договори трејд со Бостон за Вокер). Но, не е само ова штетата која му е нанесена на Риф, многу поголема е тоа што сега низ лигата на него ќе се гледа како на "ОШТЕТЕНА РОБА", ќе има интерес (Kings?), но никој нема веќе да му понуди договор каков што ќе го имаше во Џерси, договор каков што заслужува. Сепак, ако се погледне малку подобро, оние што губат у моментов всушност се Нетси. Во Шариф тие ќе го добиеа делот кој им фалеше во првите пет, "четворка" која секоја вечер ќе биде околу дабл-дабл од некои 20 поени и десет скокови. Вака им остана дупката на високо крило за која тешко дека сега ќе најдат закрпа. Со Риф, Кид, Картер, Џеферсон и Крстиќ ќе имаа петорка која ќе беше една од најдобрите во НБА, вака остануваат далеку зад Индијана, Мајами и Детроит. Освен пропаѓањето на дилот меѓу Риф и Нетси, она што веќе недела дена ја дрма лигата е хаосот кој се дешава во Атланта. За ова најискрено не ни сакам нешто многу да пишувам,, затоа што како еден од ретките фанови на Хоукси ова многу ме нервира. Баш кога твојот тим е на раб по неколку сушни години да доведе играч кој сака да игра за Атланта и кој за да игра за нив (и за нешто плус кеш) се откажува од тимот со ланскиот најдобар скор во лигата, се јавува еден морон кој сето тоа сака да го фрли во вода само со цел своето име да го гледа секој ден по весниците. Како што објаснив и порано, на чело на Атланта не стои еден газда, него дури девет типчиња, кои се дел од три посебни фирми кои пред две години се здружија да го купат клубот од АОL/Тime Warner. Еден од тие девет, Стив Белкин упорно одбива да даде свој аманет за трејдот, а тоа што баш тој идиот е НБА гувернер ја кочи работата. (Секој тим има по еден гувернер кој е задолжен за ставање потпис на секој дил). Целиот случај дури стигна на суд, преку што останатите осум газди сакаа да се откачат од Белкин и без негово одобрение да ја реализираат трампата за Џо Џонсон. Но, судијата како да му е другарче на Белкин, па денес одлучи дека уствари баш Белкин е во право, а другите осум, плус генералниот менаџер на Хоукси Били Најт, легендата и претседател на тимот Доминик Вилкинс, милиони жители на Атланта и сите нивни фанови не се во право. Сега другите газди спремија нова стратегија да се откачат од Белкин, а тоа е директно да му се пожалат на чичко Дејвид Штерн (како ова не им текна одма, не знам) , кој барем јас мислам така ќе направи се да го дистанцира Белкин од НБА затоа што такви квази-газди само му наштетуваат на имиџот на продуктот кој тој го продава низ цел свет. Од сево ова не губи само Атланта, него и самиот Џо, кој ни крив ни дужен заглави во глупостите на милионери кои се караат за ситни пари. Разврската за целиов хаос би требала да уследи во следниве неколку дена, а до тогаш не ги чепкам Џо и Хоукси (и се молам Белкин да си се врати во пеколот и више никад да не го видиме). "Малку е касно за тоа пријателе" - Белкин му пружа рака на Најт PHOTO UPDATE The real Stiv Belkin...by SLAM

3 Comments:

Anonymous k.g said...

Nego slusnavte li deka Kings go potpisaa Rif?

8/13/2005 12:15:00 pm  
Blogger Karakash said...

А, дали го виде тоа Кингс у заграда? Уживај, ќе има и текстче деновиве.

8/13/2005 02:01:00 pm  
Anonymous k.g said...

Ne e samo toa nego i MIN i LAC gi razmenija Cassell i Jaric.
E sega koj dobiva tuka a koj gubi e prasanje, mada ja mislam deka e tuka negde.
MIN dobiva PG koj moze da bide i SG po potreba (mada ne tolku uspesen), a gubi igrac koj mozese i da prevzeme odgovornost i da go rastereti Garnett vo napad, mada u odbrana mislam deka samo Bibby e polos od nego.
LAC go dobi Cassell, koj najverovatno ke bide zamena za Livingston, kogo ke go forsiraat ovaa godina i koj bese edna od pricinite Jaric da trazi drug tim, bidejki na kraj na sezonata se pocesto bese guran na PG.

8/13/2005 04:19:00 pm  

Post a Comment

<< Home