Saturday, August 06, 2005

Вива Лас Вегас
by E.Karakash Неколкугодишната акција на главните фаци во Лас Вегас (како и дел од газдите, пред се браќата Малуф и Кјубан) вродија со плод и “Градот на коцката” 2007 год. ќе ги угости најголемите НБА ѕвезди,што е првпат во историјата на овој натпревар тој да биде одржан во град кој нема свој НБА клуб. Сево ова е голем чекор напред од ставот кој Штерн и другарите упорно го потенцираа последниве неколку години дека Вегас никако не може да се поврзе со НБА како продукт и дека коцкањето (кладењето) се пречката која градот веројатно ќе го чини свој клуб. Но, парите и потенцијалот на Вегас по се изгледа го омекнаа и овој став, затоа што сепак Штерн е бизнисмен, а ретко кој бизнисмен може да си дозволи да не биде дел од еден од најголемите пазари во САД, во што Вегас израсна изминативе десет години. За малку да замачка очи, комесарот изјави дека во игра бил и Њу Орлеанс, но тој сакал лигата да им ја приближи и кон не-НБА градовите, велејќи дека во игра за 2008 или 2009 би можел да се најде и Парис (Штерн додаде и дека за време на Ол-Старот сите казина ќе го блокираат кладењето на овој меч . Иначе, казиното Palms hotel кое е во сопственост на Малуф брадерс, кои се газди на Сакраменто, и онака не прима облози на НБА средби. Но, ова е несомнено чекор кон она што во иднина би требало да уследи, а тоа е НБА клуб со седиште во главниот град на Невада. Како главен проблем за такво нешто се уште е кладењето, кое за разлика од кај нас, во цивилизираниот свет не се прави по кладилници, него по казина или оn-linе. Ниту еден од градовите кои имаат свои клубови не смее во своите казина да прима облози на НБА средби, но ако им е за верување на повеќето сопственици на казина во Вегас, тие за цена на основање франшиза во својот град се подготвени да се откажат од кладењето на НБА. Ова е логично, затоа што се свесни за финансискиот дел кој можат како туристички центар да го ќарат со глобално прифатениот продукт каков што е НБА. Но, ова може да биде меч со две оштрици, како за газдите на евентуално новиот клуб, така и за тие на казината. Прашање е колку од викендашите кои го преплавуваат Вегас во тој период ќе сакаат да се откажат од задоволството на кое што чекале цела недела, или пак колку од пензионерите (ви текнуе као по филмовите, оние кои спијат по апарати) ќе станат од своето коњак место за да отидат на некоја си таму НБА утакмица. Исто така, прашање е колку казината би можеле да загубат од своите муштерии ако тие се одлучат наместо вечерта да ја минат во нивните казина, тоа да го направат на НБА меч. Собирот на "Сите ѕвезди" 2007 е вистинскиот тест за оваа идеја и тој најдобро ќе покаже колку Sin City е подготвен за свој НБА клуб. Идеја зад која веќе застана една баскет легенда, која со се срце би сакала да биде една од газдите на таквиот клуб. Не, не е Мајкл, кој е голем љубител на коцкањето, туку Меџик, кој верува дека на тој начин повторно би се вратил меѓу оние чив збор нешто значи во НБА. Судејќи според сликава, тој веќе почнал да се спрема за таа улога.

1 Comments:

Anonymous offcharo said...

lepi te chitam i od tuka :)

pozdravi od bech

8/10/2005 01:22:00 pm  

Post a Comment

<< Home