Friday, August 05, 2005

Почна амнестирањето
Само еден ден по започнувањето на преодниот рок тимовите почнаа да го користат ново правило во тазе колективниот договор според кое тие можат да отпуштат некој од своите добро платени играчи, со обврска и понатаму да му ја исплаќаат платата, која пак нема да им се рачуна во селари-капот. Но, првите "амнестирани" не беа Финли, Хјустон, Вебер итд. туку Даг Кристи, кој доби клоца од Орландо и Дерек Андерсон кој беше ногиран од Портланд. Маgic со овој потег за следната сезона ќе заштеди 8.2 мил. кои ќе требаше да ги плаќа како данок на луксуз, а слична е сумата и која ќе ја заштедат и Блејзерси. Овој потег на Орландо става крај на и онака краткиот престој на 35-годишниот Даг на Флорида, каде дојде во текот на ланската сезона од Кингси во трејд за Катино Мобли. Кристи во ниту еден момент не се вклопи во тимот и бргу се отуѓи од своите соиграчи, а недолго потоа и го загуби местото у првите пет, по што како прав професионалец го напушти тимот без да каже на никого каде оди. Но, овие "професионални" квалитети не му ја уништија кариерата и се шушка дека Далас би сакал да го види у своите редови. Местото на Даг, Орландо го попуни со Кион Дулинг. Дерек Андерсон ќе остане запишан во историјата на НБА како првиот играч врз коју било искористено ова ново правило. Но, тоа не би требало да го загрижува 31-годишниот бек затоа што веднаш по веста за негово отпуштање еден куп тимови го контактираа неговиот менаџер. Како плус на тоа, тој и така ќе си ги добие 18.8мил. кои Портланд му ги должи за идната сезона, а главен кандидат за негов потпис се Лејкерси. Веднаш зад тимот од Ел-Еј се Мајами, Минесота и Хјустон. Овој последниов е загреан и за вториот ветеран шутнат од Портланд оваа недела, Ник Ван Ексел. Надежта на Рокетси ја подгрева и изјавата на Ник дека би сакал да живее во Тексас. Но, тука се и Мавси за кои тој беше одличен пред три години и каде се уште е еден од милениците на публиката.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home