Thursday, August 04, 2005

Гужва у Кинеској четврти
И Кина има свој Обурн Хилс. Ај прво ѕирнете ги фоткиве: Поише имате тука. Изгледа познато, нели? Ова се дешаваше минатиов викенд на турнир во Кина за време на мечот меѓу домаќинот и Порторико. Во извештајот по средбата стои дека тепачката траела три-четири минути, јужноамериканците биле залевани со вода и сокови од пластични шишиња, а не си отишле а да не пробаат и пуканки, у фаца. Сето тоа било зачинето со пцовки на сметка на Порториканците кои ги скандирала публиката. Тепачката наводно почнала кога Ји отишол на положување (јасно е дека Ји не е Порториканец, нели?) при што бил грубо фаулиран од центарот Мануел Нарварез Евентс. Одма потоа Ли и Мо (као у некој стрип) ја напуштиле клупата на домаќините по што настанал невиден хаос у кој не се знаело кој кого мава.Сето ова траело неколку минути по што латино фраерите спасувале жива глава бегајќи во соблекувалните. Баш ме интересира кој колкава казна ќе попие, кој ќе биде кинескиот Рон Артест – Ли, Мо или Ји. …Ако некого интересира мечот го добила Кина со 91-80 цели два часа по масовната тепачка.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home