Wednesday, August 03, 2005

Ајде сите во Мајами
by Karakash Знам дека реков недела дена без постови, но лудницата која настана на НБА пазарот откако тимовите и официјално можеа да прават трампи, да потпишуваат нови играчи или да си ги задржуваат своите слободни агенти ме разбуди од летниов сон (ако може така да се нарече лежење на +40). Ова е прв пост во пост Shepard ерата , кој којзнае што прави сеа mit Ostereich madchen:). У само 24 часа од отварањето на пазарот се случија едно чудо работи, некои од нив ви ги најавивме уште пред месец дена (Stro, Shareef, Wells, Haslem), но имаше и некои дилови кои беа договорени само неколку часа пред 00:00 меѓу вчера и денес. Најголем бум направи Мајами кој за само неколку часа, преку најголем трејд у историја , во кој учествуваа 13 играчи, се засили со Ентоан Вокер, Џејсон Вилијамс и Џејмс Поузи (или како што у Мак.Спорт го пишуваа Пуси), а за да ги добијат нив се откажаа само од Еди Џонс и уште по некој иден пик. Во ова трио Heat добија осигурување на неколку критични позиции. Тачно дека Еди на почеток ќе им недостига, но Поузи би требал да се уклопи и без проблеми да ја врши задачата за која е најдобар, а тоа е чувањето на противничките најдобри стрелци. Општо познато е дека The White Chocolate не е баш момак кој знае што значи зборот контрола, но во тим во кој се знае кој е газда и во кој ќе има многу повеќе процтор за игра неговиот голем талент би требал да дојде до полн израз. И на крај Вокер. Некогашниот Ол-Стар досега и самиот сфати дека не е тип на играч кој може да биде лидер и прва опција, но токму оваа негова мана го прави совршен за во Мајами. З’ш? Затоа што никој од него нема да очекува по 20 поени секоја вечер, затоа што со своето меко шутче ќе му олесни многу на Шек и ќе ги замисли сите противнички тренери пред да се решат да го удвојуваат Дизелот. "We traded a lot, but we got back three quality players. Antoine Walker is one of the very best multi-faceted, versatile players in this game. ... He is able to handle the ball, pass it, make plays, shoot 3's and rebound the ball. There isn't anyone in this league better at doing that." - изјави Рајли Но, Пет заврши одлична работа не само во засилувањето на својот тим, туку и во олеснувањето на селари-капот. Не смее да се заборави најважниот дил на Рајли, а тоа е потпишувањето на Шек на нов петгодишен договор тежок само 100 милиони. Зашто само? Па затоа што до пред само неколку дена се веруваше дека Дизелот нема да прифати сума помала од 125 мил., но свесен дека со тоа само ќе ги намали средствата за нови имиња, Шек направи голем гест прифаќајќи драстично помалку пари. - Покрај Мајами и најголемата трампа во историјата на НБА, и Њу Џерси со неколку потези стана сериозен кандидат да се врати на местото на кое се наоѓаше пред три-четири години. Нетси преку потпис-трејд дојдоа до Шариф Абдур-Рахим, за кој скоро и да не се откажаа од ништо (иден пик од 1.рунда плус некое милионче). Покрај Риф, Нетси си го задржаа и чичко Клиф Робинсон и им го лапнаа на Кавси Џеф Мекинис кој ќе треба да го одмара Кид, а и да игра по малце и на "двојка". Абдур-Рахим и Мекинис ќе му се приклучат на темелот составен од Џејсон, Картер, Џеферсон И Крстиќ и со право ќе им конкурираат на Мајами, Детроит и Индијана за врвот на Истокот. - Не можам да ви опишам колку сакам Џо Џонсон да заврши у Атланта. Како што стојат работите работата е скоро готова, а за Феникс да не остане со празни раце газдите на Санси се согласија на потпис-трејд од кој ќе го добијат Французинот Борис Диа, плус иден пик од 1.рунда (заштитен) и уште некои 4.9 милиончиња. Моментално има застој у дилот, кој изгледа е само од административна природа (се надевам). Што друго се случи у овие 24 часа : - Како и што беше најавено, Кливленд се засили со Лери Хјуз и Донјел Маршал плус си го задржа Зззззззз. - Сан Антонио потпиша нов договор Роберт Хори, а и му донесоа друштво на Ману во аргентинскиот центар Фабрицио Оберто. - Стро е нова "ракета" - Њу Орлеанс очигледно сака Европјани пошто Хорнетси не само што си го задржаа Боштјан Нахбар, него и го прибраа литванскиот шутер Арвидас Мацијаускас. - Њујорк им го лапна Џером Џејмс на Соникси. - Во Филаделфија си останаа Семи Далемберт и Ештон Корвер. - Вашингтон им го лапна Антонио Дениелс на Соникси. - Шарлот го прати плејот Џејсон Харт во Сакраменто за будучи пик од 2.рунда, па тој пик го пратија во Феникс за центарот Џејк Воскул. - Новиот "крал" Бонзи . - Бостон си го најде својот лепракон во Брајан Скалабрини од Нетси, уште да го облечат како еден и да го стават да им држи среќа позади клупа (и онака нема да им користи многу на теренот). -Мајами си го задржа и Јудонис Хаслем.

7 Comments:

Anonymous offcharo said...

jebao te offchar iz becha, jebao te..

post shepard era pfffff

da ne beshe 4 eur za 40 min u internet kafe kje videshe ubavo ;)

ovie zheshkive se stvarno zheshki, koa vidov trampata srce me mavna..

jwill,pussy,toine,haslem,shaq.. a da, wade :)))))))) znachi jwill,flash,pussy,toine,shaq.. kje ebavaat mamata

tuka österreichische madchen nema nesho posebni, bashka mnogu mi se ladni. se prefrliv na nubian bitches from afrique :)

luv nigga

8/04/2005 12:32:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Уфф, кој ќе чека до Ноември. Нај-кејф ми е за Нетси...Ќе буде интересантно...................ај почнааа вести.....Латас....забавен е нема шо........

8/04/2005 06:00:00 pm  
Blogger Karakash said...

:)))) my nigga

produzi samo so nubian bitches:)
gleas, se solidarizirav so tebe, pa pisam na latinica.
Trampava bi trebala da im upali na Heat, ne se otkazaa od mnogu, a lapnaa solidno trio, koga ke pomislis deka mozat da se zasilat uste so Finli i B.Grent, eeejjjj...
Vejd go zaboravi za malce, a? Ni Vunata ne e toa shto beshe:)

8/04/2005 06:05:00 pm  
Blogger Karakash said...

Латас, a?:)
Нетси дефинитивно ќе бидат меѓу подобрите на Исток, btw. како у Охрид?:)

8/04/2005 06:10:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Катанга, гунгула...Нема зборови да се опише.Ама топла вода, нема што. Се жалат охриѓани горешчина било.Тие се луди, незнаат што е горешчина.

8/04/2005 09:30:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

A be sve ubavo toa so Miami ama ke im trebaat povise topki.

8/05/2005 05:13:00 pm  
Blogger Karakash said...

Па затао е тука супер ЕГОТО на Шек. Познато е дека секој играч станува подобра и го вади својот максимум покрај Дизелот, ти текнува лани на Дејмон Џонс и Кион Дулинг?

8/05/2005 05:23:00 pm  

Post a Comment

<< Home