Tuesday, August 16, 2005

18-те АМНЕСТИРАНИ + ФИНЛИ, БИРАЈ КАЈ САКАШ
Поговорката “Тоа што можеш да сработиш денес, не оставај за утре” никако не се однесува на НБА тимовите. Тие тоа го потврдија и со чекањето буквално до последен час да “амнестираат” некое од своите преплатени имиња, иако тоа можеа да го прават уште од први август. Пред синоќа во 00:00 да истече рокот за “амнестирање”, вкупно 18 тима и официјално се ослободија од по еден од своите играчи за кои мислеа дека не вредат парите кои се фрлаат на нив. Сепак, истите играчи ќе продолжат да си ги зимаат парите од клубовите кои ги откачија, затоа што целата финта во ова ново правило е тоа што таа сума нема веќе да им се рачуна во селари-капот, но ќе мораат и даље да ја плаќаат. Меѓу “амнестираните имаше и некои играчи кои одамна не се дел од клубовите кои се ослободија од нив, како Бејкер, Морнинг, Колмен... кои се уште имаа активни договори со своите екс-тимови. Од сите имиња кои се сега слободни во потрагата по нов клуб најактуелен е Мајкл Финли, кој си го потроши кредитот во Далас (доста дебел кредит од кој му остануваат 51 мил. за следните три години). Со оглед на тоа дека и онака ќе си ги земе парите од Мавси, се очекува во изборот на нова средина Мајкл да не се раководи од финансиски аспект, него од желбата за титула. Ако се земе ова во предвид онда не е тешко да се претпостави кој се наоѓа на неговата листа – Мајами, Сан Антонио, Феникс, Детроит и со помали шанси, Денвер. Како најверојатни дестинации се издвојуваат Флорида и Аризона и тоа поради неколку причини. Можноста Финли да се пресели кај Шек се потврдува со тоа што тренер ќе му биде Стен Ван Ганди, кој таа улога ја имаше и кога Финли играше за универзитетот Висконсин, плус тој и Двејн Вејд имаат ист менаџер. Мајкл би можел и во Феникс затоа што таму пак би играл покрај својот голем пријател Неш, во првите пет би го заменил Џо Џонсон, кој е на пат за Атланта (се надевам), а воедно би се вратил во градот каде и ја започна кариерата. За која и опција да се одлучи, Финли ќе биде на чекор до шампионскиот прстен, мада мислам дека со Санси би бил најдалеку од остварувањето на таа желба. - Кога сме кај Феникс, Санси брзо си најдoa замена за Стивен Хантер кој потпиша со Сиксерси. Ново "сонце" е амнестираниот од Лејкерси, Брајант Грент. Но, Санси изгледа не мислат да застанат на Грент, и покрај Финли се загреани и за Гери Пејтон?!? - Меѓу ослободените се најде и Реџи , кој уште од зимоска изјави дека ланската му беше задња НБА сезона. Пејсерси мораа да го направат ова за да не им се смета во селари-капот и последната година од договорот на ветеранот, пари кои тој и онака ќе си ги стави во џеб. Еве ја комплетната листа од сите 18 тимови кои решија да го искористат “екс-Алан Хјустон правилото” и милиончињата кои со тој свој потег ги заштедија. Далас: $51.8 мил. - Финли Лејкерс: $29.7 мил. - Брајан Грент Њујорк: $23.1 мил. - Џером Вилијамс Филаделфија: $19.5 мил. - Арон МекКи Портланд: $18.8 мил. - Дерек Андерсон Милвоки: $13.2 мил. - Калвин Бут Феникс: $8.4 мил. - Хауард Ајсли Орландо: $8.2 мил. - Даг Кристи Торонто: $8.1 мил. - Алонзо Морнинг Хјустон: $6.35 мил. - Кларенс Ветерспун Индијана: $6 мил. - Реџи Милер Чикаго: $5.4 мил. Еди Робинсон Бостон: $5.2 мил. - Вин Бејкер Детроит: $2 мил. - Дерик Колмен Њу Џерси: $1.8 мил. - Рон Мерсер Минесота: $1.8 мил. - Фред Хојберг Мајами: $1.8 мил. - Весли Персон Мемфис: $1.5 мил. - Трој Бел - R.I.P Александар Гомељски. . Иако припаѓаше на некое друго време, легендата на советската кошарка остави голем траг како на некогашната, така и на сегашната европска кошарка. Има некој меѓу вас кој се сеќава на него?

6 Comments:

Anonymous Anonymous said...

Eeeeeej....vakov blog nema ni tuka vo London:)) Ali ima Master: Politics of NBA:))

8/16/2005 11:53:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Како е НБА пријателче? Иде, а? Ама не ми се исполни желбата, Шариф не отиде у Чикаго! Али Кингси му се стварно добра опција. Паметно момче, нема што!

Добро сега, има ли некакво логично објаснување зошто Никс не го отпуштија Хјустон?

Имаш ли некоја информација за Џеј Вилјамс?

8/17/2005 11:04:00 am  
Blogger kokan said...

ej decki..vie sto go pravite sajtot...alal da vi e...se iznenadiv kolku ste dobri i brzi...moze li da doznaam nesto poveke koj go pravi sajtov??

8/17/2005 11:50:00 am  
Anonymous k.g said...

Sto e do Houston ima dve verzii sto ne e otpusten.
Prvata i deka ke se penzionira pred pocetok na sezonata i deka parite ke gi mu gi isplati osiguruvanjeto.
Vtorata i poneverojatna e deka go spasi prijatelstvoto so gazdata na Niksi Dolan i so trenerot Brown.

8/17/2005 11:59:00 am  
Blogger Karakash said...

Aнонимен - RESPECT.

Канализација - Ти сакаше Шариф да заврши у Чикаго или у Њу Џерси? Како и да е, паметен си е момакот, не идеше по пари, кои и онака си ги има доволно (100 мил. досега), него по победничка ситуација.
Не би требал да бараш логични објаснувања кога се во прашање Никси. Нормално дека нема логика задржувањето на Хјустон, но којзнае, можеби Ајзеа направил пакт со ѓаволот за нови колена за Алан:)
Што се тиче Џеј Вилијамс, дечкото напорно тренира цело лето, односно од пред два месеци лекарите му дозволија да тренира со пуна пареа. До пред некое време се збореше дека сигурно ќе игра сезонава (Мајами, Атланта, Шарлот), но у задње време работата се стиша. Изгледа ипак му треба уште време да се врати у натпреварувачка форма.
Моја прогноза - камбек у декември, јануари.

Кокан, не можев да ти го отворам блогот, имаш наши мејлови најдоле, па фри контактирај.

8/17/2005 03:18:00 pm  
Anonymous offcharo said...

kokan, ja sum PIMP, a karakash pishue :)))))

kidding.. karakash e zvezdata, a ja sum vtora opcija.. ama ne pomalku vazhen :D

8/18/2005 02:01:00 pm  

Post a Comment

<< Home