Monday, July 11, 2005

REALITY BITES
By Enes Karakash
"What now?" „If your talking about scoring 30-35 points a night, i could do that for you. Now, if your talking about winning rings on my own? I can't do that for for you. Who can? Nobody has...If your talking about rings, nah, i won't even touch that. I need the Big Fella“ – Kobe Bryant, октомври 2002. Пред некој ден, листајќи низ еден од последните броеви на SLAM, налетав на оваа изјава на Коби, која и немаше да ме изненади толку да на крајот не го видов датумот кога ова излегло од негова уста - пред стартот на сезоната 2002-03. Период во кој Лејкерси беа тазе закитени со третиот по ред Лери О'Браен трофеј. Читајки ги овие зборови сега некако ме тера да си помислам дека самиот Коби уште тогаш, а и минатото лето бил свесен дека без Најдоминантниот не може ни да ја помириса титулата. Мора да бил свесен, зашто ако не бил и лани стварно мислел дека сам може да застане на тронот, тогаш тој е осамен во својата препотентност. Особено по минатата сезона во која тој имаше одлични бројки кои не им значеа апсолутно ништо на Лејкерси. Мора да знаел, мислам, прочитајте ја повторно неговата изјава. Само знаејќи дека се му е дозволено во LA land, тој свесен дека е невозможно да направи ништо без Дизелот, си го тераше ќејфот. Што сега, особено по камбекот на клупата на Фил со кого исто така Коби не се слагаше најдобро. Дали минатата сезона беше доволна конечно да созрее или пак ке тера по свое. Мислам дека Коби е доволно паметен да сфати каде згрешил и да почне да го слуша Зенот. Или пак ке си го слуша гласчето во главата, гласчето кое замалку тотално не ги уништи Лејкерси (и неговиот имиџ). Што сега Коби?

5 Comments:

Blogger Shepard said...

Ми чепкаш у срж :-)

7/11/2005 11:14:00 pm  
Blogger Ико said...

Леле и мене!

Јас мислам дека Фил Џексон сигурно не би се впуштил во авантура од типот ’Лери Браун - Алан Ајверсон’. Фил секако дека не би сакал да си го наруши имиџот и угледот што го има и да дојде во Лејкерс со цел тој да зборува а Коби да не го слуша. Па не за џабе имаа милион состаноци. Сигурно се договориле и се помириле. Јасно е дека Џексон доаѓа во Ел Еј за да создаде игра за Коби Брајант, колку ќе бидат силни, времето ќе покаже.

7/12/2005 01:34:00 am  
Blogger Владо Апостолов said...

Силувач, силувач! Силувач, силувач! На, на, на,на, нааааааааааа.

7/13/2005 07:41:00 pm  
Blogger Karakash said...

А сакаш да видиш слика од девојката која Коби "као" ја силувал?

7/13/2005 09:07:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Aха!

7/13/2005 09:24:00 pm  

Post a Comment

<< Home