Tuesday, July 19, 2005

Чао Лери. Флип, на тебе је ред

Да, да...овој у сред е Лери Браун како младич, но кои се овие околу него, а? -кој погоди частам пиво:) Заврши љубовта меѓу Лери Браун и Детроит. Оваа вест и не ми е некое изненадување ако се земе во предвид дека разни гласини уште за време на плеј-офот го поврзуваа Лери со претседателското место во Кливленд, за да по разигрувањето самиот Браун признае дека здравјето може да го спречи да седи на клупата на Пистонси и догодина. Тука беше и константната шпекулација дека искусниот тренер ќе биде нов кормилар на Никси. Поради тоа што има уште три години од договорот со Детроит, Лери најверојатно нема да биде тренер никаде следнава сезона, а доколку Њујорк е толку очаен за неговите услуги тогаш Ајзеа ќе мора да седне и да се договори со својот поранешен соиграч и десна рака на теренот, Џо Думарс. Како што сега стојат работите, денеска (19.07.) Пистонси и официјално би требале да објават дека Браун веќе не им е тренер, а недолго потоа и дека негов наследник е Флип Сандерс. Уште сега некои фаци окилу тимот се сомневаат дека играчите ќе реагираат позитивно на Флип и сметаат дека ќе има огромен притисок врз Сандерс да го повтори успехот на Браун. Но, работите би требале да се развијат сосема спротивно, зашто не гледам причина “клиповите” следната сезона да не бидат еден од најмотивираните тимови во лигата, особено затоа што најголеми заслуги за нивната ланска титула му се даваа баш на Лери.

6 Comments:

Blogger Владо Апостолов said...

This comment has been removed by a blog administrator.

7/20/2005 01:31:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

А бе тие двајцата не ги знам . Ама тој доле десно шо зјапа у нив многу ми личи на Бучко.

7/20/2005 01:46:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Абе во името на сликата ги пишува. Џорџ Микан и тој другиот некој си Бери.

Пиво!

7/20/2005 01:50:00 pm  
Blogger Karakash said...

Браво мајсторе, ти текна...али кога више пише Бери, кажи кој Бери?
Ќе ти помогнам - татко им на Брент, Џон, Скутер и Дру.

7/20/2005 03:31:00 pm  
Blogger Shepard said...

Рик Бери е тоа. Ја знаев одамна ама тек сеа видов дека сте разврзале муабет,

7/22/2005 01:36:00 am  
Blogger Karakash said...

Имаш Скопско

7/22/2005 04:12:00 pm  

Post a Comment

<< Home