Monday, July 18, 2005

Још мало па нестало
by Enes Karakash Уште пред да смеат официјално да ги задржуваат своите слободни играчи како и да потпишуваат нови играчи, голем број НБА клубови веќе се договори или со своите ѕвезди или со играчи кои беа слободни во изборот на својата средина (unrestricted). Така Реј Ален си остана во Сиетл, Мајкл Ред во Милвоки, Зззззз Илгаускас во Кливленд каде ќе му се приклучи Лери Хјуз кој ги откачи Визардси само за да заигра покрај Леброн. Нови тимови си најдоа и ланскиот MIP, Боби Симонс, а како негова замена во Клиперси влета Катино Мобли. Ајзеа Томас конечно си најде центар, кој на општо изнеадување не е преплатен (барем не многу) во Џером Џејмс, а Фил Џексон ќе проба да направи човек од некогашниот 1.пик Квами Браун кој Лејкерси го добија за Карон Батлер и Чаки Еткинс. Но, и покрај сиве овие потписи останаа еден куп солидни играчи кои би можеле да помогнат на доста тимови кои сакаат да го направат пресудниот исчекор нанапред. Ова е најдоброто што остана на пазарот: --------------------------------------------------------------------------------------------------------- Шариф Абдур-Рахим За него најзагреани се Нетси, но ако неговата преселба во “мочуриштето” изгледаше како готова работа пред две недели, работите не се така розови за Кид, Картер и комп. сега. Главниот проблем го прават Блејзерси кои иако Риф е слободен сакаат да направат потпис-трејд за што би добиле нешто за возврат. А пошто Нетси немаат што да им понудат (се збори дека Портланд го бара младиот центар Миле Илич кого Нетси го избраа на задњиов драфт) во игра влегоа еден куп други тимови кои во свои редови би сакале класа “четворка”. Така сега како можни дестинации на Риф се спомнуваат Сакраменто, Орландо, Кливленд, Мајами и Чикаго. Џо Џонсон Иако до пред само недела дена се чинеше дека Феникс нема шанси да го пушти Џо да ја напушти Аризона и дека ше ја изедначи секоја понуда до нивниот ограничен слободен играч, откако стана јавно познато дека Атланта му понудила петгодишен договор вреден цели 70 мил. работите у Феникс некако се стишаа. Се збори дека понудата на Санси е максимални 60 мил., што секако дека не му се свиѓа на Џо. Да е до генералниот менаџер на Феникс, Коланџело тие уште сега би го задржале својот бек, но новиот газда на клубот не сака баш да се расфрла со пари и да плаќа данок на луксуз. Посебно затоа што Неш веќе има дебел договор, а следното лето ќе мора да му понуди максимум на Амаре. Еди Кари Уште еден играч кој лесно би можел да се пресели во Атланта, која го импресионирала при неговата посета минатата недела. И да го потпиешат Џо за 70 мил. на Хоукси им остануваат некои 12мил. годишно кои секако се доста за Кари (плус уште еден евтин ветеран). Главна загатка е проблемот со срцето поради кој Еди го пропушти задњиов плеј-оф поради кој може да му падне цената и поради кој Чикаго може да се одлучи да не ја изедначи понудата на Атланта. Ја лично не би сакал Хоукси да фрлаат пари на Еди, но…
Ентоан Вокер Со секој нов ден станува се појасно дека Бостон не го сака Вокер во тимот за следната сезона. Тоан можеби лани им помогна на Селтикси да се пласираат во плеј-офот, но неговото неконтролирано шутирање трици, како и тоа дека не е некое позитивно влијание врз младите играчи не го прав ат омилен у Бостон. Но, затоа тука се Сакраменто, Сиетл, донекаде Индијана и увек кога станува збор за Вокер – Њујорк. Стромајл Свифт,Тајсон Чендлер,Семјуел Далембер Тајсон и Стро одат заедно затоа што и двајцата се сличен тип на играчи, кои во лигата влегоа како големи потенцијали на “четворка” и “петка”, но кои покажаа дека освен некои 12-13 поени и 9-10 скокови у просек (и понекое лудо закуцавање) не можат да постигнат нешто повеќе. Чикаго планира да го задржи Чендлер, но ако се деси да ги напушти Булси тоа ќе биде еден тим меѓу Атланта, Сиетл и со помали шанси Далас и Минесота. И за Стро се загреани Соникси и Хоукси, плус Нетси и Кавси. И Семи според потенцијалот се вклопува со овие двајца само што тој во лигата влезе како анонимус.Истите тимови кои се загреани за Стро и Чендлер го сакаат и Семи, но неговите Сиксерси упорно изјавуваат дека ќе направат се да го задржат.
Дејмон Стадемаер, Ерл Вотсон, Антонио Дениелс Трио плејмејкери со слични карактеристики. Малку подзаборавениот Дејмон е слободен во изборот на нов клуб, а повеќе клуба меѓу кои Орландо, Кливленд и Мајами би сакале за мали пари да го видат кај себе. Вотсон и Дениелс во моментов се побарани од “Мајти Маус”, исто така Мајами се спомнува како кандидат за нивен ангажман, а тука е исто така Кливленд. За Ерл сериозен интерес покажаа и Хоукси, додека ништо чудно Дениелс да отиде по Мекмилан во Портланд. Владимир Радманович Влад си ставил во глава дека мора да биде стартер и да има гарантирана минутажа, што би можел да биде проблем за негов премин во друг клуб. Сиетл кој веќе ги загуби Џејмс, Дениелс и тренерот Мекмилан по се изгледа ќе направи се за да го задржи Србинот, за кого владееше поголем интерес додека не почна да се занесува со своите барања.

3 Comments:

Blogger Владо Апостолов said...

Сакам Шариф да дојде у Чикаго. Чендлер нека скрши глава, а Кари да остане!

7/18/2005 08:38:00 pm  
Blogger Karakash said...

Знаеш ти што сакаш:) Мада ја мислам дека би било боље да го фатат Риф, а да го задржат Чендлер. Момакот ем помалце ќе ги кошта и ќе им останат нешто пари фира за трошење, ем е поголем работник, дефанзивец и скокач од Еди.

А, само јас не ги гледам сликите од Дејмон и Стро или...?

7/18/2005 09:10:00 pm  
Blogger Shepard said...

Абе се заеба тоа со сликите и ја изгубив живци.. извини.

7/18/2005 10:56:00 pm  

Post a Comment

<< Home