Friday, July 15, 2005

Бура во Мајами?
Ова некако го очекував, очекував типот кој трошеше по кило брилијантин, секогаш носеше ново Армани одело и живееше да биде пред камерите, да посака да се врати во центарот на вниманието. Да се разбереме, Пет Рајли нема да го замени Рон Џереми на клупата на Мајами, барем не за сега (надеж на Стен му дава тоа што први кои ја пробија оваа вест беа новинарите од ESPN, кои се ретко точни за вакви работи). Но, самата идеја за враќање на Пет може да ја заниша позицијата на Стен како меѓу играчите така и меѓу медиумите. Ако стварно не се враќа, најпаметно што Пет може да направи е уште сега да изрази целосна доверба во Ван Ганди, но тоа некако го нема деновиве. Не ме изненадува доколку Рајли стварно посака канцеларијата на Heat да ја замени со нивната клупа. Кој не би посакал да го води тим во кој го има шек, а покрај него и феноменален млад играч како Вејд? Нормално, во таква ситуација притисокот врз Пет би бил огромен и се освен титула би бил неуспех. Башка, и самиот Пет уште од заминувањето од Лејкерси пред цели 14 години се обидува да докаже дека може и со друг тим да освои нешто, а Мајами сега би бил одлична можност. Но, не смее да се заборави што се направи Стен за Мајами откако самиот Пет му го отстапи местото пред самиот почеток на сезоната 2003-04. Иако таа сезона Heat ја почнаа лошо (0-7), тој ги дигна на нозе Одом, Батлер и рукито Вејд и на крај не само што ги однесе у плеј-оф, туку и благодарение на шутот за победа на Двејн преку Берон и болницата која владееше меѓу Хорнетси стигнаа до 2.коло. За ланската сезона нема што многу да се збори, откако го освоија 1.место на Истокот само повредата на Вејд ги спречи да играа со Спарси у големото финале, а што ќе се десеше таму не знае никој. Знам дека работите кои се случуваат во професионалниот спорт се ретко фер, но не би било фер спрема Рон Џереми да добие отказ по две одлични сезони само поради големото его на неговиот шеф. Но, така беше и со Рик Карлајл пред две години во Детроит, кого и покрај двете сезони по ред со по 50 победи на изненадување на сите Џо Думарс го замени со поискусниот Лери Браун. Но, тоа се покажа како прав потег и Лери стана шампион со Пистонси. Дали истово се повторува во Мајами?

0 Comments:

Post a Comment

<< Home