Friday, July 08, 2005

Леброн доби другарче

Ха-Ха, ако му е за верување на менаџерот на Лери Хјуз, неговиот клиент од следната сезона веќе нема да го носи дресот на Вашингтон туку ќе се пресели во – Кливленд. Се претпоставува дека станува збор за петгодишен договор вреден меѓу 65-70 милиони доларчиња, што е нешто повеќе од 65 мил. за шест год. кои му ги понудија Визардси. Да почнеме од Кавси и како ова влијае на нив. Она “Ха-Ха” горе е затоа што откако не успеаа да дојдат до играчите кои стварно им требаа (Ред, Ален), Кавси се задоволија со Хјуз кој е далеку од она што им треба, а тоа е квалитетн шутер за три. Не дека Лери нема да се вклопи во Кливленд, тој е сепак универзалец, одличен додавач за “двојка” и лански најдобар крадец на топки, но тие веќе имаат еден таков играч во ЛЕБРОН. Кавси сега ќе се свртат кон задржувањето на Зззззз, а се збори дека се ептен загреани и за неговиот земљак Шшшшш. Мислам, се ова е фино, но покрај шутот однадвор на Кливленд најголем проблем е немањето плеј, а тоа не го решија со потписот на Хјуз, по кој ќе немаат пари за квалитетен “кец”. Можеби мислат дека Леброн еден ден ќе се разбуди и ќе посака да биде Меџик, кој знае. Што се тиче Ваш. тука последиците се доста поголеми, затоа што Лери беше клучен дел од големото трио Аренас, Хјуз, Џејмисон. Сега тие наместо барањето добра “четворка” ќе мора парите да ги трошат на бек-шутер, какви што нема више многу квалитетни на пазарот (мобли, Симонс и Спривел) . За да се средат ќе мора да најдат партнер за потпис-трејд во кој би се откачиле од Квами Браун, но не знам кој би се откажал од добра “двојка” за пилиштарот Браун. Опција останува Џо Џонсон, но најавите од Феникс велат дека Санси се спремни да ја изедначат секоја понуда за нивниот ограничен слободен играч. Како поголем играч за Џо се збори дека се моите Хоукси кои спремаат макси понуда за него. Доколку дојде до тоа прашање е колку Феникс ќе биде спремен да го одврзе ќесето, зашто треба да мисли на новиот договор на Амаре (сигурно макси.) кој ќе треба да го потпиешат догодина. Хеј Џо, те молам, дојди во Атланта.

3 Comments:

Blogger Zgresen said...

This comment has been removed by a blog administrator.

7/09/2005 06:27:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Момци, дали уште сте заинтересирани за веб магазинот, а?

7/09/2005 06:30:00 pm  
Blogger Shepard said...

Сме бе па и ти.

ПИШИ МЕЈЛ!!!

7/09/2005 09:16:00 pm  

Post a Comment

<< Home